Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

АфД држи конгрес во Ерфурт, градот е под опсада на демонстранти

4 јули 2026

Пет земји ја блокираат Србија на нејзиниот пат кон ЕУ

4 јули 2026

Зеленски: Освојувањето на Костјантинивка е блеф

4 јули 2026

Фон дер Лајен призна дека има „технички проблеми“ со новите гранични проверки во ЕУ

4 јули 2026

Два случаи на Западнонилска треска потврдени на Инфективната клиника: Пациентите се хоспитализирани

4 јули 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Два случаи на Западнонилска треска потврдени на Инфективната клиника: Пациентите се хоспитализирани

Press OnlineBy Press Online4 јули 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email



На Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби се лабораториски потврдени два случаи на Западнонилска треска. Двајцата пациенти се хоспитализирани, под континуиран медицински надзор и се лекуваат согласно современите медицински препораки. Нивната здравствена состојба внимателно се следи, информира директорот на Инфективна д-р Фадил Цана.

Тој додава дека западнонилската треска е вирусно заболување кое се пренесува преку убод од инфициран комарец. Најголем дел од инфицираните лица немаат симптоми или имаат лесна клиничка слика, додека кај мал број пациенти, особено кај повозрасни лица и лица со ослабен имунитет, може да се развијат потешки невролошки компликации.

Апелираме до граѓаните доследно да ги почитуваат мерките за лична заштита од убоди од комарци: користење репеленти, носење облека со долги ракави и ногавици при престој на отворено, поставување заштитни мрежи на прозорците и отстранување на застојаната вода во околината, каде што комарците се размножуваат. Во моментов нема причина за паника, но постои потреба од зголемена претпазливост, особено во летниот период кога активноста на комарците е најголема. Граѓаните кои по убод од комарец ќе развијат висока температура, силна главоболка, вкочанетост на вратот, нарушена свест или други невролошки симптоми треба веднаш да побараат медицинска помош. Клиниката останува во постојана координација со надлежните здравствени институции и внимателно ја следи епидемиолошката состојба. Според последните достапни европски извештаи, оваа сезона веќе се регистрирани случаи на Западнонилска треска во регионот, што ја нагласува важноста од навремена дијагностика, надзор и превентивни мерки, додава директорот Фадил Цана.



Поврзани содржини

Зајкова: По 11 дена, случај со седум убоди со нож доби пријава само за „насилство врз дете“

4 јули 2026

(ВИДЕО) Фрчковски: Мицкоски го унапреди условно осудениот бизнис партнер Димовски во ресор „добро владеење”

4 јули 2026

Загина 28 годишник од Крива Паланка – со возилото удри во бетонски ѕид

4 јули 2026
НАЈНОВО

АфД држи конгрес во Ерфурт, градот е под опсада на демонстранти

4 јули 2026

Пет земји ја блокираат Србија на нејзиниот пат кон ЕУ

4 јули 2026

Зеленски: Освојувањето на Костјантинивка е блеф

4 јули 2026

Фон дер Лајен призна дека има „технички проблеми“ со новите гранични проверки во ЕУ

4 јули 2026

Два случаи на Западнонилска треска потврдени на Инфективната клиника: Пациентите се хоспитализирани

4 јули 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.