Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Велика Британија: Температурата во училниците повисока од 40 степени Целзиусови

11 јули 2026

Планинарските друштва предупредуваат: Мечка забележана на Водно

11 јули 2026

На Тајван поради тајфунот Бави евакуирани над 14.000 луѓе

11 јули 2026

Пожар во Валандовско – можно е да е подметнат

11 јули 2026

Куба повторно нема струја – Независен Весник

11 јули 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Пожар во Валандовско – можно е да е подметнат

Press OnlineBy Press Online11 јули 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Пожар денеска во 12:37 часот е пријавен на тешко достапен терен кај месноста Пирин Чешма во Општина Валандово. Веднаш по пријавата, на местото интервенираат екипи на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Валандово, кои и понатаму се на терен во обид целосно да го локализираат пожарот, информираат од ДЗС.

Според информациите од Општина Валандово, пожарот во моментов се држи под контрола, но неговото гаснење е отежнато поради непристапниот терен, каде што механизацијата тешко може да интервенира.

Од локалната самоуправа посочуваат дека, според првичните сознанија, не станува збор за случаен предизвикувач на пожар, туку за лице кое добро го познава теренот и избира локации каде што противпожарните екипи најтешко можат да интервенираат.

Паралелно со интервенцијата, ТППЕ Валандово повторно упати апел до граѓаните да не палат стрништа и други површини на отворен простор, потсетувајќи дека ваквите постапки се казниви согласно закон и претставуваат сериозна опасност за животот, имотот и животната средина.

„Против секое лице кое ќе биде затекнато или пријавено дека пали стрништа ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежните институции“, информираат од ТППЕ Валандово.

Од службата ги повикуваат граѓаните веднаш да пријават доколку забележат пожар на телефонските броеви 193 (Територијална противпожарна единица) или 112 (Единствен број за итни случаи).

Овој пожар доаѓа само неколку дена откако Општина Валандово најави засилени мерки за превенција од пожари. На состанокот на Локалниот совет за превенција беше договорена поинтензивна координација меѓу надлежните институции, како и засилени контроли и патроли на критичните локации, со идентификација на лица кои се движат во ризичните подрачја.

Воедно, од општината потсетуваат дека сè уште е во сила владината одлука за целосна забрана за движење во шумите, освен за лицата кои поседуваат соодветна дозвола издадена од ЈП „Национални шуми“.

Надлежните повторно апелираат до граѓаните на максимална внимателност и одговорно однесување, нагласувајќи дека превенцијата останува најдобрата заштита од пожари.

Поврзани содржини

Планинарските друштва предупредуваат: Мечка забележана на Водно

11 јули 2026

Ѓорѓиевски прави финални координации за брзиот автобуски превоз (БРТ), во меѓувреме се кубури со автобуси за ЈСП

11 јули 2026

Aero.rs: Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“

11 јули 2026
НАЈНОВО

Велика Британија: Температурата во училниците повисока од 40 степени Целзиусови

11 јули 2026

Планинарските друштва предупредуваат: Мечка забележана на Водно

11 јули 2026

На Тајван поради тајфунот Бави евакуирани над 14.000 луѓе

11 јули 2026

Пожар во Валандовско – можно е да е подметнат

11 јули 2026

Куба повторно нема струја – Независен Весник

11 јули 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.