Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Бројот жртви во земјотресите во Венецуела достигна 4490 загинати

14 јули 2026

Пловидбата низ Ормуз на ниво најниско во последните пет седмици

14 јули 2026

Американската армија првпат употреби поморски дронови за напад врз база во Иран

14 јули 2026

Радикален план на Трамп: САД ќе го чуваат Ормускиот теснец и ќе наплаќаат 20 отсто од секој брод за „услугата“

13 јули 2026

Голем пожар кај познатото албанското одморалиште Химара

13 јули 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Пловидбата низ Ормуз на ниво најниско во последните пет седмици

Press OnlineBy Press Online14 јули 2026 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Бројот бродови што вчера поминале низ Ормуската Теснина опаднал на ниво најниско во последните неколку недели, покажуваат податоците за поморскиот сообраќај, во мигови кога новите напади меѓу САД и Иран и инцидентите со бродови во регионот ја зголемуваат загриженоста за безбедноста на тој стратешки пловен коридор.

Според податоците од службите за следење на пловидбата, низ теснината вчера поминале само шест бродови, што е најмал број во последните пет седмици.

Меѓу танкерите кои го напуштиле Ормус е супертанкерот „Хјуманити“, натоварен со околу два милиони барели иранска нафта, како и танкерот „Капетан Андреас“ што превезувал околу 500 илјади барели нафтени деривати од Кувајт.

Три празни танкери влегле во Персискиот Залив за да натоварат нафта, а повеќето танкери ги исклучиле транспондерите за следење додека минувале низ теснината.

Податоците покажуваат дека танкер под контрола на компанијата „Abu Dhabi National Oil Co“ ноќта од 11 на 12 јули ја напуштил теснината и се упатил кон индиското пристаниште Дахеџ.

Намалувањето на поморскиот сообраќај се случува во услови на зголемена тензија во регионот. Американските сили извршија нови напади врз Иран, при што, според Централната команда на САД, биле погодени десетици цели.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека Ормускиот Теснец е отворен за трговски сообраќај, и покрај претходните тврдења од Иран дека е затворен по инцидент кога бил отворен оган врз брод што пловел по недозволена рута.

Иранската Исламска револуционерна гарда соопшти дека нејзината морнарица во текот на изминатата ноќ запрела два брода во Ормуската Теснина без да ги објави имињата на пловилата.

Поврзани содржини

Бројот жртви во земјотресите во Венецуела достигна 4490 загинати

14 јули 2026

Американската армија првпат употреби поморски дронови за напад врз база во Иран

14 јули 2026

Радикален план на Трамп: САД ќе го чуваат Ормускиот теснец и ќе наплаќаат 20 отсто од секој брод за „услугата“

13 јули 2026
НАЈНОВО

Бројот жртви во земјотресите во Венецуела достигна 4490 загинати

14 јули 2026

Пловидбата низ Ормуз на ниво најниско во последните пет седмици

14 јули 2026

Американската армија првпат употреби поморски дронови за напад врз база во Иран

14 јули 2026

Радикален план на Трамп: САД ќе го чуваат Ормускиот теснец и ќе наплаќаат 20 отсто од секој брод за „услугата“

13 јули 2026

Голем пожар кај познатото албанското одморалиште Химара

13 јули 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.