Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

САД извршија нови напади врз Иран

26 јуни 2026

(ВИДЕО) Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа на патот Прилеп – Градско, кај Плетвар

26 јуни 2026

Галетановски до Левица: Не ги фолирајте граѓаните, Скопјани памтат што направивме во ЗОО

26 јуни 2026

Воените „јастреби“ бараат од Путин да ги прекине разговорите со САД и да употреби нуклеарно оружје во Украина

26 јуни 2026

Запалени двете возила на адвокатот Асмир Алиспахиќ

26 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Меџити од Арачиново: Инвестираме таму каде што со години се чекало

Press OnlineBy Press Online28 јули 2025 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска го посети Арачиново по повод финализирањето на проектот за „Регулација на дел од ободен канал во Арачиново“. Проектот е целосно финансиран од буџетот на Министерството за животна средина и просторно планирање во вредност од 63,9 милиони денари.

Со оваа стратешка интервенција, како што информира Министерството за животна средина и просторно планирање,  се подобрува одводот на атмосферски води за над 12.600 жители, се зголемува безбедноста на населените места и ги штити земјоделските површини од поплавување – не само во Арачиново, туку и во соседните општини.

– Дојдов тука не само да го означам завршувањето на еден проект, туку да потврдам дека Арачиново останува во фокусот на нашите политики. Ќе продолжиме со уште повеќе инвестиции што значат подобри услови за живот за сите жители на оваа општина која со години чекаше вакви капитални проекти, изјави министерот Меџити.

Регулираниот дел на ободниот канал, во должина од 295 метри, ја враќа неговата природна функција. Каналот, кој досега беше обраснат со вегетација и затнат со отпад, доби нова пропусна моќ со што се минимизираше опасноста од сезонски поплави.

– Покрај овој проект, Министерството за животна средина и просторно планирање само во изминатите месеци инвестираше уште дополнителни 93 милиони денари во речиси 20-тина проекти за водоснабдување, канализација и заштита од поплави во Арачиново, вклучувајќи и изградба на атмосферска и фекална канализација во повеќе краци од селото, регулација на речното корито во Мојанци, Грушино и Орланце, како и пешачки патеки, тротоари и уредување на јавен простор, стои во соопштението.

Меџити нагласил дека исто така тука се реализираат и значајни инфраструктурни зафати преку Министерството за транспорт и само во текот на последниот период реконструирани се локални улици и патишта во вредност од над 53 милиони денари со што се потврдува посветеноста на Владата кон Арачиново.

– Ние како Министерство за животна средина и просторно планирање ќе продолжиме да вложуваме таму каде што е најпотребно – за секоја општина да биде место со квалитетни услови за достоинствен живот. Развојот не смее да познава географски разлики – секој граѓанин заслужува поддршка, инвестиции и чиста животна средина, изјавил Меџити во Арачиново.

Поврзани содржини

(ВИДЕО) Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа на патот Прилеп – Градско, кај Плетвар

26 јуни 2026

Галетановски до Левица: Не ги фолирајте граѓаните, Скопјани памтат што направивме во ЗОО

26 јуни 2026

Запалени двете возила на адвокатот Асмир Алиспахиќ

26 јуни 2026
НАЈНОВО

САД извршија нови напади врз Иран

26 јуни 2026

(ВИДЕО) Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа на патот Прилеп – Градско, кај Плетвар

26 јуни 2026

Галетановски до Левица: Не ги фолирајте граѓаните, Скопјани памтат што направивме во ЗОО

26 јуни 2026

Воените „јастреби“ бараат од Путин да ги прекине разговорите со САД и да употреби нуклеарно оружје во Украина

26 јуни 2026

Запалени двете возила на адвокатот Асмир Алиспахиќ

26 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.