Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Лукровски дигнал раце од општината, јавна тајна е дека веќе два пати поднесувал оставка, велат од ГРОМ

11 мај 2026

ЕУ ќе воведува санкции врз израелските доселеници – насилници

11 мај 2026

Позната е имотната состојба на грчките политичари: Мицотакис има 26 недвижнини

11 мај 2026

Ана Дангова Хуг нов предлог за судија во Стразбур

11 мај 2026

Грчкиот митрополит забрани и литургија на бугарски јазик

11 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
понеделник, мај 11
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Републиканците го критикуваат Трамп за отпуштањето на шефицата на Бирото за статистика на трудот – не му се допаднале податоците за забавување на работните места

Press OnlineBy Press Online3 август 2025 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Високите републикански пратеници ја осудуваат одлуката на нивниот партиски лидер, Доналд Трамп, да го отпушти водечкиот статистичар на пазарот на трудот во САД по извештајот што покажа дека националната економија додаде само 73.000 работни места, далеку помалку од очекуваното, во јули.

Разочарувачките бројки, заедно со намалената ревизија на претходните два месеци што изнесува 258.000 работни места помалку и податоците што покажуваат дека економското производство и потрошувачката се забавиле во првата половина од годината, укажуваат на целокупно економско влошување во САД, според Гардијан

Трамп бранејќи ја својата одлука да ја отпушти комесарката на Бирото за статистика на трудот на САД (BLS), Ерика Мекентарфер, без да изнесе докази што ги поткрепуваат неговите тврдења, напиша на социјалните медиуми дека бројките биле „НАМЕСТЕНИ за да изгледаат лошо републиканците, а и јас,“ и дека американската економија, всушност, „БУМИНГИРА“ за време на неговиот мандат.

Но, отпуштањето на Мекентарфер, која беше потврдена на нејзината улога во јануари 2024 година за време на претседателствувањето на Џо Бајден, ги вознемири членовите на сопствената партија на Трамп.

„Ако претседателот го отпушта статистичарот затоа што не му се допаѓаат бројките, но тие се точни, тогаш тоа е проблем“, рече републиканската сенаторка од Вајоминг, Синтија Ламис. „Не е вина на статистичарот ако бројките се точни и дека не се она што претседателот го посакувал“.

Ламис додаде дека ако бројките се несигурни, јавноста треба да биде информирана – но отпуштањето на Мекентарфер беше „некако импулсивно“.

„Ако таа беше отпуштена само затоа што претседателот или кој било друг одлучил да ја отпушти директорката само… затоа што не им се допаѓале бројките, тие треба да пораснат“, изјави републиканскиот сенатор од Северна Каролина, Том Тилис.

Друг републиканец, сенаторот од Кентаки, Ранд Пол, праша дали отпуштањето на Мекентарфер е ефикасен начин за подобрување на бројките.

„Мораме некаде да бараме објективна статистика“, рече тој. „Кога луѓето што ги даваат статистичките податоци се отпуштени, многу е потешко да се донесат проценки, знаете дека статистиката нема да биде политизирана.“

Според NBC News, Пол рекол дека неговиот „прв впечаток“ бил дека „навистина не можете да ги направите бројките различни или подобри со отпуштање на луѓето што го вршат броењето“.

Тилис и Пол биле противници на неодамнешниот пакет економски законодавни мерки на Трамп, кој претседателот го нарече „голем, прекрасен закон“.

Но, сенаторката од Алјаска, Лиза Мурковски, републиканка која го поддржа законодавството откако доби значителна економска поддршка за нејзината држава, забележала дека на бројките за работни места не може да се верува – и „тоа е проблемот“.

„И кога отпуштате луѓе, тогаш луѓето им веруваат уште помалку“, рече таа.

Вилијам Бич, поранешен комесар на BLS назначен од Трамп во неговото прво претседателство, објави на X дека отпуштањето на Мекентарфер било „тотално неосновано“. Тој додаде дека отпуштањето поставило опасен преседан и ја поткопало статистичката мисија на BLS.

Бич, исто така, беше копотписник на писмо од „Пријателите на Бирото за статистика на трудот“ кое отиде подалеку, обвинувајќи го Трамп дека се обидува да обвини некого за лошите вести и нарекувајќи го образложението за отпуштањето на Мекентарфер „без основа“.

Во писмото се тврди дека отпуштањето „го поткопува кредибилитетот на федералната економска статистика, која е камен-темелник на интелигентното економско донесување одлуки од страна на бизнисите, семејствата и креаторите на политиките“.

Во писмото се истакнува дека процесот на табелирање на работните места „е децентрализиран по дизајн за да се избегнат можности за мешање“, додавајќи дека официјалната статистика на САД „е златен стандард на глобално ниво“.

„Кога лидерите на другите нации ги политизираат економските податоци, тоа ја уништува јавната доверба во сите официјални статистики и во владината наука“, се вели во писмото.

Демократите, исто така, ја критикуваа одлуката на Трамп. Сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс, ја опиша како „знак на авторитарен тип“ и рече дека одлуката ќе им отежни на американскиот народ „да верува во информациите што доаѓаат од владата“.

Пол Шредер, извршен директор на Советот на професионални здруженија за федерална статистика, го опиша обвинувањето на претседателот против Мекентарфер како „многу штетно и скандалозно“.

„Не само што го поткопува интегритетот на федералната економска статистика, туку и ги политизира податоците кои треба да останат независни и доверливи. Оваа акција е сериозна грешка од страна на администрацијата и таква што ќе има последици во годините што доаѓаат,“ истакна Шредер.

Д. Мишев / Цивил Медиа

Поврзани содржини

Лукровски дигнал раце од општината, јавна тајна е дека веќе два пати поднесувал оставка, велат од ГРОМ

11 мај 2026

Ана Дангова Хуг нов предлог за судија во Стразбур

11 мај 2026

Жалбена расправа за убиствата на Вања и Панче – Палевски тврди дека првостепената пресуда содржи сериозни пропусти

11 мај 2026
НАЈНОВО

Лукровски дигнал раце од општината, јавна тајна е дека веќе два пати поднесувал оставка, велат од ГРОМ

11 мај 2026

ЕУ ќе воведува санкции врз израелските доселеници – насилници

11 мај 2026

Позната е имотната состојба на грчките политичари: Мицотакис има 26 недвижнини

11 мај 2026

Ана Дангова Хуг нов предлог за судија во Стразбур

11 мај 2026

Грчкиот митрополит забрани и литургија на бугарски јазик

11 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.