Автор: Press Online

Согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во земјава, месец јули 2025 година се карактеризира како екстремно топол и многу сушен во споредба со многугодишните просечни вредности (1991/20), соопшти УХМР.Средномесечната температура се движеше од 18,5°С во Лазарополе до 28,5°С во Гевгелија. Споредено со просечните јулски средномесечни температури, за триесетгодишен период (1991-2020), овогодишната температура беше натпросечна за 2,3 степени на ниво на држава. Средномесечната температура во Скопје Зајчев Рид изнесуваше 27,6 и беше 2,9 степени повисока од просекот.Највисоката максимална температура во државата, беше измерена на 26-ти јули во Скопје Гази Баба и изнесуваше 43,7 степени. Притоа, во Скопската котлина беше надмината…

Read More

16 Одењето на заслужен одмор честопати носи едно од најнезгодните прашања за сите љубители на растенија, кој ќе ги полева додека не нема? Редовната грижа и навременото полевање се клучни за здравјето и свежината на растенијата, но кога патуваме повеќе од неколку дена, тоа може да стане сериозен проблем. Ако немате на кого да му ја доверите оваа задача, не грижете се – природата и малку досетливост можат да им помогнат на вашите растенија да ги преживеат тие жешки летни денови без никој да мора да ги полева. Подолу ви претставуваме четири едноставни и практични трикови со кои ќе им…

Read More

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска поднесе обвинителен акт против шест лица, за кои постои основано сомнение дека како злосторничка група, организирана од првоосомничениот, сториле кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството. На пет лица им се става на товар кривичното дело „фалсификување пари“, додека првообвинетиот и уште едно лице се обвинети и за кривично дело – „правење, набавување или отуѓување средства за фалсификување“, соопштија попладнево од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.– Од крајот на 2023 година до февруари 2025 година, првообвинетиот на територија на македонска и српска…

Read More

Пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ Мишко Ралев, професорот демек, откако не ја доби поддршката од СДСМ за кандидат за градоначалник на Скопје, реши да прелета таму каде што до вчера – барем декларативно – не му мирисаше ни на професионализам, ни на визија. Се откорна кутри Ралев да го анатемиса вмровското дело Скопје 2014, се откорна да биде главен батко градоначаник и кога не му се даде, фати штрафта и ни помалку ни повеќе туку директ во вмровска закрила, кај Орце кај Мицко. Сега, како што вели Орце, Рамев ќе му бил “силна поддршка. Ало бре, заменик на Орце? На Орце! Ми…

Read More

Хрватска ја организираше својата воена парада по повод 30 години од операцијата „Бура“(„Олуја“) вчера, 31 јули, а Белград, од друга страна, ја подготвува својата парада за 20 септември,пишува во статија на Дојче Веле на српски јазик.Воена парада по воена парада – ова е само продолжение на сега веќе повеќегодишната трка во вооружување меѓу Србија и Хрватска. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, речиси секое стекнување оружје го стави во контекст на Хрватска и нејзиното оружје и честопати ја прогласуваше Србија за „најсилна воена сила во регионот“, пишува ДВ.Но, додека се чекаше воената парада во Белград, како еден вид прелудиум, промоцијата на млади офицери, која…

Read More

5 Бројот на загинати во рускиот напад на Киев, кој се случи во ноќта меѓу среда и четврток, се искачи на 31 лице, додека 159 лица се повредени, соопшти началникот на киевската воена управа, Тимур Ткаченко. „Во текот на целата ноќ, а и сè уште, продолжуваат операциите за потрага и спасување. Во Свјатошинскиот округ и понатаму се извлекуваат телата на настраданите. Спасувачите штотуку извлекоа уште три лица,“ објави Ткаченко на Телеграм, пренесува Укринформ. Според него, досега е потврдено дека 31 лице го загубило животот, додека, според податоците на Државната служба за вонредни ситуации на Украина, повредени се 159 лица. Во…

Read More

7 Вооружениот маж со психички проблеми кој во понеделникот уби четиримина луѓе во деловна зграда во Менхетен, а потоа изврши самоубиство, се обидувал да го нападне седиштето на Националната фудбалска лига (НФЛ), но се качил во погрешен лифт, соопштија њујоршките власти. Истражителите веруваат дека Шејн Тамура, 27-годишен вработен во казино во Лас Вегас, се обидувал да стигне до канцелариите на НФЛ во зградата на Парк Авенија број 345. Тој застрелал фатално три лица во фоајето, по што се качил со лифтот на 33-от кат, таму убил уште еден човек и ставил крај на сопствениот живот откако видел дека е на…

Read More

Професорот на Архитектонскиот факултет, Мишко Ралев, кој до неодамна важеше за еден од најсериозните кандидати за градоначалник на Скопје од редовите на СДСМ, откако не ја доби поддршката, одлучи да му се приклучи на тимот на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.Информацијата ја потврди самиот Ѓорѓиевски преку објава на Фејсбук, изразувајќи благодарност и задоволство од приклучувањето на професорот Ралев.„Голема чест и искрена благодарност до професорот Мишко Ралев што се приклучува во мојот тим за поубаво Скопје,“ напиша Ѓорѓиевски.Тој додаде дека Ралев, со своето искуство и интегритет, претставува значајна поддршка за тимот.„Со своето богато искуство, визија и интегритет, тој претставува силна поддршка…

Read More

Скопје викендов ќе пулсира во ритамот на џудото. Спортската центар „Јане Сандански“, ќе биде домаќин на Европскиот куп за јуниори во џудо – престижен меѓународен турнир во организација на Џудо федерацијата на Македонија. Турнирот се бодува за светската ранг листа.Повеќе од 300 млади џудисти од повеќе од 25 земји ќе се борат за бодови, а целта е да се избори пласман европските и светските првенства. По одличната организација на Европското првенство за кадети ова е уште еден значаен натпревар што и е доверен на Џудо федерацијата на Македонија.Натпреварите почнуваат во сабота и во недела во 10 часот, додека свеченото отворање…

Read More

Американскиот претседател Доналд Трамп испрати писма до извршните директори на 17 големи фармацевтски компании во кои ги повикува да преземат итни мерки за намалување на цените на лековите за Американците, соопшти Белата куќа.Писмата беа испратени до врвни раководители на компании, вклучувајќи ги Ели Лили, Санофи, Риџенерон, Мерк и Ко, Џонсон и Џонсон, АстраЗенека и други. Копии од писмата беа објавени на профилот на Трамп на социјалната мрежа Truth Social.Претседателот бара компаниите да понудат најниски меѓународни цени (т.н. „најповластена нација“) за Медикејд, да гарантираат такви цени за нови лекови и да им го вратат на американските даончни обврзници и пациенти вишокот…

Read More

Специјалниот пратеник на претседателот Доналд Трамп за Блискиот Исток, Стив Виткоф, пристигна на местото за дистрибуција на помош во Рафа во јужна Газа, изјави за Си-ен-ен директорот на компанија што работи со дистрибутерот на помош, Хуманитарната фондација Газа.Вчера, Белата куќа го објави патувањето во Газа на Виткоф и амбасадорот на САД во Израел, Мајк Хакаби.„Утре, специјалниот пратеник Виткоф и амбасадорот Хакаби ќе патуваат во Газа за да ги проверат тековните места за дистрибуција и да обезбедат план за испорака на повеќе храна и да се сретнат со локалните жители на Газа за да слушнат од прва рака за оваа тешка ситуација на…

Read More

Словенија воведе ембарго за извоз, увоз и транзит на оружје во Израел, две недели откако прогласи двајца израелски министри за персона нон грата, објавија словенечките медиуми повикувајќи се на владино соопштение во Љубљана.Мерката ја објави премиерот Роберт Голоб по состанокот на словенечката влада. Голоб рече дека Словенија е првата европска земја што презела таков чекор.Словенија ја призна палестинската држава во јуни минатата година и оттогаш постојано повикува на прекин на огнот во Појасот Газа и зголемување на испораките на помош до енклавата.Израел ги осуди изјавите од минатата недела на Франција, Велика Британија и Канада дека можеби ќе признаат палестинска држава,…

Read More