НАЈНОВО
Автор: Press Online
Двајца високи републикански сенатори открија план што ќе им овозможи на сојузниците на Вашингтон да финансираат снабдување со оружје за Украина во согласност со предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп, објави „Волстрит џурнал“ (WSJ) на 30 јули.Закон за мир, предложен од сенаторите Роџер Викер и Џим Риш – претседатели на комисиите за вооружени сили и надворешни работи – ќе воспостави фонд во Министерството за финансии на САД преку кој сојузниците од НАТО би можеле да придонесат пари, овозможувајќи му на Пентагон да го надополни оружјето испратено во Кијив.Предлогот следува по најавата на Трамп на 14 јули дека САД ќе продолжат…
Четириесет и четири лица загинаа, а девет се уште се водат како исчезнати во Пекинг по обилните дождови, изјави општински службеник на прес-конференција.Обилните дождови започнаа минатата среда во Пекинг и околината, а за една недела падна количината на дожд што нормално паѓа на годишно ниво.
Во 2024 година во ЕУ живееле 7,5 милиони лица помлади од 18 години кои немале државјанство на членката на Унијата во која престојуваат, што претставува 9,4 проценти од вкупниот број малолетници во блокот, соопшти денеска Европската статистичка агенција – Евростат.Меѓу малолетниците странски државјани, 27 отсто биле на возраст под пет години, 29,8 проценти од пет до девет години, 27,7 отсто од 10 до 14, а 15,6 проценти биле на возраст од 15 до 17 години.Највисока стапка на малолетници странци е регистрирана во Луксембург и тоа од 45,7 отсто, по што се следуваат Австрија и Малта каде 21,9, односно 19,3 проценти…
Основниот суд во Приштина во четврток го осуди Милош Плесковиќ на 15 години затвор, по обвинение за воени злосторства во Косово.Според обвинението, Плесковиќ, заедно со група вооружени Срби, уби тројца албански цивили и повреди неколку други во градот Призрен, објави„ Заклетва за правда “, косовски медиум специјализиран за известување од областа на правдата, пренесе РСЕ. Судијата Рахман Беќири во четврток изјави дека одлуката ќе биде извршена во рок од 15 дена од стапувањето во сила на пресудата. Плешковиќ веќе е во притвор.Според обвинението, Плесковиќ пукал од оружје од типот „Калашников“, при што од пукањето на местото на настанот биле убиени Р.Д., Б.Д.…
5 Загреб, главниот град на Хрватска, денеска ќе биде местото каде ќе се одбележат 30-години од големата воена операција „Бура“ со која хрватските безбедносни сили ги ослободија градот Книн и најголем дел од териториите што ги зазедоа српските сили. Одбележувањето не помина без контроверзи – една граѓанска организација порача дека не треба да се развива триумфализам, затоа што во оваа воена операција настрадале стотици цивили. Свечената парада на улицата Градот Вуковар ќе почне во 17 часот. Загреб од утрово е под специјален сообраќаен и безбедносен режим.
Израелската војска уби најмалку 30 Палестинци кои чекаа хуманитарна помош во северна Газа, според агенцијата за цивилна одбрана управувана од Хамас, пренесе Гардијан.Портпаролот на цивилната одбрана во Газа, Махмуд Басал, изјави дека најмалку 30 лица се убиени, а 300 се ранети.Израелската војска соопшти дека нема сознанија за жртви во инцидентот северно од градот Газа, бидејќи Обединетите нации соопштија дека паузите во израелската офанзива против Хамас не се доволни за да му помогнат на населението да се справи со продлабочената криза со глад, пишува Гардијан.Хуманитарната агенција на ОН, OCHA, соопшти дека четири дена по „тактичките паузи“ на Израел, луѓето сè уште умираат…
4 Прославениот ас на Манчестер Јунајтед, Антонио Валенсија, се соочи со непријатна ситуација по која стана херој во својот Еквадор. Тој спаси млад човек во главниот град Кито откако забележа дека сака да се самоубие. Откако ја заврши кариерата пред четири години, Валенсија (39) се врати во родниот Еквадор, каде што живее денес. Таму доживеа голема непријатност и драматични моменти, кои сепак завршија на најдобар можен начин. Поранешниот крилен играч на Манчестер Јунајтед од славната ера предводена од Алекс Фергусон, видел млад човек кој сакал да се самоубие. Додека минувал покрај мостот, видел што сака да направи младиот човек и…
Сè појасно станува дека прашањето за Јавниот обвинител станува клучен политички судир во државата: правници предупредуваат дека земјата има потреба од обвинител со кредибилитет, избран дури и со меѓународна поддршка, а од СДСМ директно го обвинуваат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека се обидува да постави обвинител под негова контрола.Ќенан АлиуПравникот Ќенан Алиу во изјава за Фронтлајн оцени дека успешната интерпелација за јавниот обвинител не значи автоматско разрешување, но претставува политичко делегитимирање од страна на Собранието – со или без основа.– Кај нас, секогаш кога се менува власта, се менува и јавниот обвинител. Сметам дека обвинителот треба и верувам дека…
2 Новак Ѓоковиќ сè уште ужива во одмор по поразот во полуфиналето на Вимблдон од Јаник Синер. Минатата недела беше во Црна Гора и Хрватска, а моментално престојува на грчкиот остров Миконос, во друштво на сопругата Јелена, децата Стефан и Тара, како и најмалиот брат Ѓорѓе со неговото семејство. Неколку дена откако ја напушти Корчула, се појави снимка на која Нолее во улога на – шеф на кујна. Во еден познат ресторан на Пељешац, кој претходно го посетил и Дејвид Бекам, најдобриот тенисер на сите времиња му помагаше на шефот Антонио Тони Бјеланчич – познат како шеф Бјелко – да…
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа објави дека неговата администрација постигнала договор со Пакистан според кој Вашингтон ќе соработува со Исламабад за развој на огромните нафтени резерви на оваа јужноазиска земја.-Тукушто потпишавме договор со Пакистан според кој Пакистан и САД ќе соработуваат за развој на огромните нафтени резерви на земјата, напиша Трамп на социјалните медиуми.„Моментално сме во процес на избор на нафтена компанија што ќе го води ова партнерство“, додаде тој.Минатата недела, пакистанскиот министер за надворешни работи Ишак Дар изјави дека САД и Пакистан се „многу блиску“ до трговски договор што би можел да се склучи во рок од неколку дена…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчера го прими Томас Бирн, државен министер за европски прашања и одбрана на Ирска со кого размениле мислења за севкупните билатерални односи, како и за процесот на пристапување кон Европската Унија.Како што се наведуав во соопштението од кабинетот на Претседателката, Сиљановска – Давкова оценила дека политичките односи се пријателски и без отворени прашања, но со скромна динамика и посочила на потребата од интензивирање на контактите на највисоко политичко ниво. Таа ја истакнала потребата за поголема економска соработка и трговска размена меѓу двете држави.-Сиљановска-Давкова се заблагодари за принципиелната и континуирана поддршка од Ирска за нашите аспирации за членство…
Без електрична енергија денеска ќе бидат делови од општините Сопиште, Аеродром и Студеничани.Во периодот од 07:00 до 16:00 часот, струја ќе немаат корисниците од последна автобуска станица 24-ка до маркетот „ДАВИДОВ“ во општина Сопиште, а од 13 до 15 часот корисниците од викендиците Дражилово, ХПП Патишка Река и Крас Јаболце.Од 08:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Ѓорѓи Капчев“ во општина Аеродром, а од 09:30 до 12:00 часот дел од корисниците на селото Морани во општина Студеничани.
