Автор: Press Online

22 Сообраќајот на Штаерскиот автопат (Љубљана – Марибор) во Словенија е во прекин, поради тешката сообраќајна несреќа кога комби со странски државјани се забило во застанат шлепер. Загинале пет лица. Несреќата се случила кај одмориштето Тепање, во релативна близина на градот Велење. Околу 10.30 часот, во близина на излезот за Словенске Коњице, во правец кон Љубљана, комбито удрило во шлеперот што стоел поради застој. Првичните информации беа за четиримина загинати, но потоа словенечката полиција соопшти дека пет лица подлегнале на повредите во судирот, а еден е повреден.

Read More

Во Косово се поднесени кривични пријави против четири сведоци за лажни изјави и соработка со сторители по извршено дело во случајот Бањска, јавуваат косовските медиуми.Судот во Хаг прифатија документи како доказни материјали, од Службата за државна безбедност на Србија, српското МВР и други државни структури, пренесуваат косовските медиуми.Во продолжение се поместени содржините од редакцискиот избор на ЦивилМедиа од албанските медиуми во регионот.КОСОВОЗери: Кривични пријави против четворица сведоци во случајот „Бањска“ за лажни изјави и други кривични делаЗастапникот на повредениот полицаец во случајот „Бањска“, Албан Рашити, адвокатот Наим Рудари, објави дека поднел кривична пријава против четворица сведоци во овој случај, под…

Read More

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави царина од 25% за Индија почнувајќи од 1 август, критикувајќи го Њу Делхи за нејзиното купување на руска енергија и оружје за време на војната во Украина, пренесува Кијив Индипендент.Критикувајќи ја Индија за нејзините „трговски бариери“, Трамп исто така рече дека земјата „отсекогаш купувала огромно мнозинство од својата воена опрема од Русија и е најголемиот купувач на енергија од Русија, заедно со Кина, во време кога сите сакаат Русија да ги запре убиствата во Украина“.„Затоа Индија ќе плаќа царина од 25%, плус казна за горенаведеното, почнувајќи од 1 август“, рече Трамп на својата платформа Truth…

Read More

2 Претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Бакер Калибаф, остро ги осуди, како што рече, израелските воени злосторства против иранскиот народ и Палестинците во Газа, велејќи дека „нацистите од 21 век мора да бидат запрени“. „Газа не е само точка на картата, туку тест за човечката совест. Не смееме да бидеме минувачи на геноцидот во Газа. Мора да ги запреме нацистите од 21 век пред да биде предоцна“, рече Калибаф на Шестата светска конференција на претседатели на парламенти во Женева. Тој оцени дека идеалот за мултилатерализам, мир и правда е „намерно поткопан“, додека во исто време „кредибилитетот на меѓународните институции се…

Read More

Поставена спомен-плоча кај мостот на Бит Пазар, во чест на четворицата жртви и преживеаните од трагичниот настан на Бит Пазар од ноември 1992 година – момент со особена тежина во историската меморија на нашиот град.„На овој комеморативен чин имав чест да бидам заедно со Првиот заменик претседател на Владата, г. Изет Меџити, институционални претставници, семејства на жртвите и граѓани, кои со своето присуство ја претворија оваа пригода во симболичен повик за достоинство и сеќавање“, објави градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.По церемонијата, одржаа симболичен марш кон Албанскиот театар, каде што беа претставени документарни фотографии од настанот, како дел од пошироката заложба…

Read More

Францускиот претседател Емануел Макрон го критикуваше трговскиот договор што го постигнаа Европската унија и САД.– За да бидете слободни, мора да се уплашите. Не се плашевме доволно, изјавил тој пред министри, пренесуваат француски дипломати.Иако договорот нуди поголема „видливост“ за француските компании, Макрон рече дека тоа е само прв чекор и оти преговорите за него ќе продолжат.– Сега е поважно од кога било да се забрза европската агенда за суверенитет и конкурентност, изјави Макрон.

Read More

3 Поминаа две години откако Брони Џејмс доживеа срцев удар што ја загрижи целата американска јавност, и како што младиот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс сега вели ретроспективно, тој сè уште ги чувствува последиците од тој несреќен настан. Покрај фактот дека срцевите проблеми до одреден степен влијаат на неговата физичка подготвеност, според синот на познатиот НБА кошаркар, кој беше избран како 54-ти избор на драфтот минатата година, срцевиот удар најмногу влијаел на неговиот имунолошки систем. „Сега полесно се разболувам“, изјави Брони за ESPN и додаде: „Чудно е, но мислам дека целата оваа ситуација влијаеше на тоа мојот имунолошки систем да…

Read More

Со посветеност на Владата сите вработени кои подолго време работат со договор на дело во болниците во земјава ќе добијат договори за неопределено време веднаш по изборите, а најдоцна до крајот на годинава, најави директорот на Фондот за здравство Сашо Клековски при денешната посета на ЈЗУ Општа болница Велес заедно со својот заменик  Бранко Аџигогов како и со заменик министерот за здравство Јовица Андовски, одговарајќи на новинарско прашање.– Прашање е колку брзо можат административно да се постигнат тие процеси, затоа што треба да се координираат повеќе институции, но сепак по изборите до крајот на годината имаме целсно посветеност сите што…

Read More

15 Полициската управа Целје попладнево соопшти дека сите пет загинати во тешката сообраќајка што се случила претполаднево, кога комби удрило во застанат шлепер, биле патници во комбито, во кое се претпоставува дека имало седум лица. Возачот на комбито, украински државјанин е тешко повреден. Причината за несреќата е неприлагодена брзина, појасни инспекторка од ПУ Целје, но напомена дека увидот уште трае. Несреќата се случила кај одмориштето Тепање во близина на градот Велење. Пред 10 часот 10.30 часот, на автопатот Љубљана – Марибор во близина на излезот за Словенске Коњице, во правец кон Љубљана, комбито удрило во шлеперот што стоел поради застој.…

Read More

Ирска отсекогаш била силен поддржувач на проширувањето на ЕУ засновано на заслуги, порача денеска од Скопје ирскиот министер за европски прашања и одбрана, Томас Бирн на заедничката прес-конференција со министерот за европски прашања, Орхан Муртезани.Бирн, чија земја го презема претседавањето со Советот на ЕУ во втората половина на следната година, нагласи дека членството во ЕУ ја трансформирало Ирска на економски и социјален план и и донело просперитет. Тој додаде дека за време на претседавањето на Ирска со ЕУ проширувањето ќе биде навистина мошне битен приоритет.-Членството на ЕУ го зацврсти местото на Ирска на светската сцена и би рекол дека нашиот…

Read More

 Сопственикот на Сандерленд, Кирил Луис-Драјфус, лично го убедил Гранит Џака да се пресели од Баер во англискиот клуб, објавува „Блик“.Триесет и двегодишниот Швајцарец ќе добива плата од 75 илјади фунти неделно во англискиот клуб, а воедно ќе биде и нов капитен на тимот.Претходно, инсајдерот Фабрицио Романо објави дека Сандерленд ќе плати 20 милиони евра за Џака, и покрај фактот дека главниот тренер на Баер, Ерик тен Хаг, е против заминувањето на играчот.Во сезоната 2024/25, Џака одигра 49 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи два гола и седум асистенции.

Read More

0 Американската актерка и пејачка Кејти Пери и канадскиот политичар Џастин Трудо биле видени заедно на вечера во ресторанот „Le Violon“ во Монтреал. Имено, нивното заедничко излегување привлече големо внимание во јавноста, особено затоа што се случило само еден месец по раскинувањето на Пери со нејзиниот долгогодишен партнер Орландо Блум. TMZ releases photo of Katy Perry & Justin Trudeau having a drink on terrace. pic.twitter.com/GZTYgLDBKj — Pop Crave (@PopCrave) July 29, 2025 Според странските медиуми, Пери и Трудо седеле еден спроти друг до прозорец, уживајќи во опуштена атмосфера, коктели и разновидни јадења. За време на вечерата, шефот на кујната наводно…

Read More