НАЈНОВО
Автор: Press Online
Дел од патот Градско – Прилеп целосно ќе биде затворен за сообраќај од 3 август, информираат денеска од Јавното претпријатие „Македонијапат“.– Поради изведување градежни активности на Вијадукт на Сарачки дол кој се наоѓа на државниот пат А1 Градско – Прилеп, обиколница на градот Прилеп, државниот пат – од раскрсница кај бензинска станица „Лукоил“ до клучка кај бензинска станица „Салида“, ќе биде целосно затворен за сообраќај од 3 август, недела, од седум часот до 6 август, среда, се наведува во соопштението.Како што се појаснува, сообраќајот ќе биде пренасочен низ градот Прилеп.
Во пресрет на денешната седница на Економско-социјалниот совет, претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов ги повика пратениците пред локалните избори по брза постапка да изгласаат вонредно зголемување на минималната плата.– Денес е добра можност Владата да покаже дека се грижи за работниците, а пратениците пред распишување на локалните избори да донесат брзи законски измени и да утврдат минимална плата од 500 евра, ако не …, напиша Трендафилов на Фејсбук.Сојузот на синдикати, како што изјави Трендафилов на последната прес-конференција, ќе го покрене прашањето за зголемување на минималната плата на 500 евра и на сите останати плати за 6.000…
12 Навивачите на српскиот фудбалски клуб „Црвена Ѕвезда“ познати како „Делије“ (Делии) се судрија со полицијата во пресрет на реванш мечот на белградскиот тим со „Линкониа“ од Гибралтар. Novi snimci nereda koje su zabeležili naši reporteri, pratite događaje na sajtu Sport kluba! „Pucaju topovski udari, Delije skandiraju: ‘Bijete narod za male pare, štitite lopove’. Jako je tenzično, bez obzira na jake policijske snage navijači se i dalje ‘zaleću’ na njih“,… https://t.co/212vIacXk2 pic.twitter.com/DhQIJX2VAF — Sport Klub (@sportklub) July 29, 2025 Првиот меч заврши со 1:0 за белграѓани. Двата клуба играа во вториот круг на квалификациите за Лигата на шампионите. “Velika tuča…
Францускиот напаѓач на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, ќе го носи дресот со број 10 од следната сезона, објави денеска шпанскиот клуб.Во својата дебитантска сезона во Реал, Мбапе лани го носеше дресот со бројот 9.Од 2017 година, дресот со бројот 10 во Реал го носеше хрватскиот играч од средниот ред Лука Модриќ, кој го напушти тимот на крајот од минатата сезона.Со текот на годините, дресот на Реал Мадрид со број 10 го носеле освојувачот на Златната топка во 1958 година, Рејмон Копа, олимпискиот шампион во 1952 година Ференц Пушкаш, петкратниот шпански шампион и трикратен освојувач на Лигата на шампионите, Фернандо Иеро,…
Активни се три пожари на отворен простор од евидентирани 28 на територијата на државава во изминатото деноноќие, под контрола се пет, а 20 се изгаснати.Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во општините Василево, Радовиш и Берово, поточно во село Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските Планини, во прилепското село Бешиште, на место викано Бешишки Рид, друг крак кон село Градешница во општина Новаци и трет крак кон границата со Грција.Од ЦУК велат дека не се интервенира поради детонации. Активен пожар има и во селата Царевиќ, Смолани, Радобил и Дрен во општина Прилеп, како…
Премиерот на Велика Британија Сер Кир Стармер изјави во вторникот дека неговата земја ќе признае палестинска држава на состанокот на Обединетите нации во септември, освен ако Израел не исполни одредени услови, пренесува Би-би-си.Сер Кир рече дека планот ќе продолжи освен ако израелската влада не преземе „суштински чекори за да се стави крај на ужасната ситуација во Газа“, вклучително и прекин на огнот и посветеност на долгорочен мировен процес што ќе обезбеди решение за две држави.Околу 140 земји формално ја признаваат палестинската држава, а минатата недела Франција вети дека ќе го стори тоа на истиот состанок на ОН.Дописникот на Би-Би-Си, Том Бејтман,…
5 Првиот бран на цунами ја погоди крајбрежната зона на Русија, откако во текот на ноќта полуостровот Камчатка беше погоден од разорен земјотрес со јачина од 8,7 степени според Рихтеровата скала. Во објава на Валериј Лимаренко се наведува дека првиот бран на цунами удрил во крајбрежната зона на Северо-Курилск. „Жителите на населеното место се наоѓаат на безбедни возвишенија и ќе останат таму сè додека целосно не биде укината заканата од нови бранови“, се вели во објавата на гувернерот. Според податоците на Министерството за вонредни состојби на Русија, поради невремето биле поплавени самиот град и фабриката за преработка на риба „Алаид“.…
Пронајдено е телото на 16-годишното девојче кое на 24 јули исчезна во водите на реката Вардар во општина Градско.Од Министерството за внатрешни работи информираа дека телото на девојчето е најдено вчера во 12:10 часот во водите на Вардар во близина на Старо Градско.Извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.Во потрагата за девојчето беа вклучени припадници на МВР и на специјалната единица „Волци“ на Армијата.Исчезнувањето на девојчето беше пријавено од страна на нејзината сестра на бројот за итни повици. Покрај девојчето, беше пријавено дека во водите на Вардар е изчезната и 26-годишна жена, но…
15 Визијата звучи привлечно – се качувате на воз во Њујорк и слегувате 54 минути подоцна во Лондон, откако ќе поминете низ тунел под Атлантскиот Океан. Такво патување е опишано во некои неодамнешни предлози. Но, дали трансатлантски тунел е навистина можен, или е само научна фантастика? Краткиот одговор е – веројатно не е можно со сегашната технологија. Во моментов, најдолгиот подводен тунел во светот e тунелот под Ла Манш, кој има подводен дел од 37,9 километри и ги поврзува Англија и Франција. Неговата изградба траела шест години, вклучувала 13.000 работници и чинела 4,65 милијарди фунти (16 милијарди долари) во 1994…
14 Според сервисот „Severe Weather Europe“, североисточна Романија, северот на Молдавија и југозападот на Украина се под најголема опасност од силни невремиња денеска, со органски ветришта, многу силни дождови и поројни поплави. Невреме рано утрово го зафати и северното крајбрежје на Хрватска, а се очекува во текот на денот да се спушта сѐ до јужна Далмација. Невреме во Хрватска: 2.500 громови за два часа, поројни дождови, поплави и силен ветер долж брегот Големиот бран заладување на Балканот со невремиња на многу места се должи на судирот на многу топлиот и влажен воздух од Средоземното Море со огромната студена воздушна маса…
8 Менаџерот на Њукасл, Еди Хау, повторно се изјасни за иднината на Александар Исак. Шведскиот напаѓач беше изоставен од предсезонската турнеја на тимот откако изрази желба да се пресели. Ливерпул е заинтересиран за неговиот потпис, но според Хау, немало формална понуда за Исак на „Сент Џејмс Парк“. Менаџерот нагласи дека Њукасл има одредена контрола врз иднината на напаѓачот бидејќи има договор со клубот, но потоа призна дека иако самиот сака Исак да остане во клубот, тоа не зависи од него. „Тој е сè уште наш играч и има договор со нас. До одреден степен ние контролираме што ќе му се…
11 Новинари од неколку британски медиуми објавија дека Израел им забранил да ја снимаат Газа од авионот што доставувал воздушна помош на гладното население. Треба да се истакне дека помошта од воздух е недоволна и дека повеќе личи на маркетиншка кампања отколку на намера за помош. Репортерката на „Скај њуз“, Сали Локвуд, која била на лет на Кралските јордански воздухопловни сили, опишала дека видела километри и километри сиви урнатини. „Ни е кажано дека израелската страна предупредила дека секое снимање од воздух на Газа може да резултира со откажување на овие летови за помош. Но, цврстата контрола на Израел не го…
