Автор: Press Online

Од крајот на јуни 2025 година, локалните жители и еко-активисти започнаа долготрајна граѓанска блокада на патот кон Кожуф и реката Дошница, спречувајќи градежни машини да пристигнат до локацијата на планираните две мали хидроцентрали. Според нив, одлуката за изградба на хидроцентралите е направена без транспарентност и со концесии доделени во сомнителни околности. “Нема да ви дозволиме да ги исечете вените на Кожуф,” е еден од слоганите на протестите, со кој граѓаните симболично укажуваат на штетноста од интервенциите врз природата. Граѓаните се жалат дека не биле информирани за проектот сè до дека не стигнале багерите. Активистите предупредуваат дека проектот ќе ја деградира реката Дошница…

Read More

Светската програма за храна на Обединетите нации (ВФП) денеска соопшти дека во Појасот Газа влегува само околу 50 отсто од бараната хуманитарна помош, и покрај најавите за секојдневни хуманитарни паузи во борбите. – Откако во неделата почнаа хуманитарните паузи, во Газа влегува приближно половина од помошта што ја бараме, изјави Рос Смит, претставник на ВФП. Според проценките на ВФП, речиси 470.000 луѓе се наоѓаат во услови слични на глад, меѓу кои 90.000 жени и деца на кои им е потребна специјализирана исхрана. Интегрирана класификација на фазата на безбедност на храната (ИПЦ) денеска предупреди дека во Газа се развива најлошото можно…

Read More

19 Долната облека што се пере на температури пониски од 60 степени може да биде полна со бактерии на деловите што доаѓаат во директен контакт со интимните делови од телото, а експертите објаснуваат како правилно да се пере оваа долна облека. Како што вели д-р Лиза Акерли, многу луѓе забораваат дека машината за перење алишта не е стерилизатор. „На пониски температури, многу штетни бактерии преживуваат и можат да се пренесат од еден дел од облеката на друг“, вели д-р Акерли. Ова е особено загрижувачко кога долната облека се пере заедно со кујнски крпи и пешкири, бидејќи се јавува контаминација, каде…

Read More

Вкупно 58 европратеници испратија писмо до лидерите на ЕУ со барање за „значајни акции“ против Израел, како одговор на необврзувачката резолуција усвоена во израелскиот Кнесет со која се бара анексија на Западниот Брег. Во писмото адресирано до претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, се отфрла идејата за „наметнување израелски суверенитет над окупираните палестински територии“, со оценка дека тоа би претставувало кршење на меѓународното право. – Иако не е обврзувачка, резолуцијата претставува опасна ескалација и е дел од поширока стратегија…

Read More

Десетмесечно бебе вчера било донесено во Општата болница Куманово со симптоми на труење со лекови, потврдија од СВР Куманово. – Вчера во 11:40 часот во СВР Куманово, од Општата болница Куманово било пријавено дека кај нив било донесено десетмесечно бебе од Куманово, кое било затруено со лекови. Извршен бил службен разговор со лекарот и родителите и за настанот бил запознаен јавен обвинител, соопшти СВР Куманово. Од болницата за МИА потврдуваат дека бебето е во добра здравствена состојба. СВР Куманово работи на расчистување на случајот, кој е втор за неполни две недели. На 22 јули годинава имаше сличен случај кога едногодишно…

Read More

24 Сезоната на одмори е во тек и многу од луѓе се подготвуваат да патуваат со сопствен автомобил. Покрај тоа што ве советуваме да ја проверите техничката состојба на автомобилот пред патувањето, ве советуваме и да побарате помош на патот за да патувате побезгрижно. Она што е исто така многу важно за безгрижно патување се честите паузи и одмор од возење. Исто така, бидете свесни за сообраќајните прописи и паркирањето во Грција за да не мора да плаќате никакви казни и да избегнете непријатности и дополнителни трошоци Сообраќајни прописи во Грција и на пат кон Грција Тука ќе се информирате…

Read More

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџит денеска истакна дека најверојатно тој ќе биде кандидат за градоначалник на Чаир на ВРЕДИ на престојните локални избори. Меџити денеска на потпишување на договор за набавка на опрема за управување со отпад за 18 општини од Југозападниот и Пелагонискиот регион, одговарајќи на новинарско прашање дали тој ќе биде кандидат на ВРЕДИ за Чаир кусо одговори: „Најверојатно да“. Тој истакна дека при крај се консултациите и се чекаат резултатите од анкетите и додаде дека верува оти до крајот на неделата ќе излезат со листа на кандидати од Струга до…

Read More

7 Еден од најбараните напаѓачи во Премиер лигата, Александар Исак (25), наводно ги договорил личните услови со Ливерпул, објави „Скај Спорт“. Трансферот на шведскиот напаѓач би можел да стане рекорден за британскиот пазар, а се шпекулира дека се во прашање дури 140 милиони евра, а Њукасл бара цели 170 милиони евра. Исак сака да ги напушти „страчките“ ова лето, а наводно веќе постигнал договор со „црвените“ за петгодишен договор. Тој моментално заработува околу 150.000 евра неделно во Њукасл, а неговиот тим веќе некое време инсистира на зголемување на неговата плата на дури 350.000 евра неделно, што Ливерпул е подготвен да…

Read More

Во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи постапката против Сулејман Јамалари, обвинет за грубо насилство врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Откако обвинетиот се изјасни дека не се чувствува виновен, започна доказната постапка со сведочењето на оштетената, која ја опиша атмосферата на настанот како агресивна и опасна. Арсовска пред судот посочи дека на местото на инцидентот се чувствувала загрозено, несигурно и исплашено – не само за себе, туку и за присутните. Таа детално ги опиша заканите што ги добивала, кои продолжиле и откако обвинетиот бил задржан од полицијата. -Сите кои бевме присутни се чувствувавме небезбедно. Заканите кои беа изречени, лично…

Read More

Музичката програма на годинешното 65. издание на Фестивалот „Охридско лето“ продолжува со вечерашниот концерт на Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски – Ѓумар“. Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија постои 38 години и е основан како прв сегмент на Летниот музички камп на МММ во Охрид во 1986 година. Повеќе од 400 млади музичари биле дел од овој уникатен состав, а диригенти и уметнички раководители на оркестарот биле: Ф. Муратовски, Г. Коруновски, С. Николовски-Ѓумар, В. Николовски-Ѓумар, М. Спасов, Б. Цанев, А. Ремерајт, Б. Чадловска, О. Кондратенко, Миша Кац, Џанлука Мартиненги и Елена Митревска. Како признание за…

Read More

„Лекари без граници“ (MSF) ја осудија употребата на воздушни дотурки за доставување на очајно потребната помош во Газа, нарекувајќи го пристапот „залуден“ и „циничен“, пренесе Гардијан. Жан Ги Вато, координатор за итни случаи на „Лекари без граници“ во Газа, го повика Израел да овозможи целосен пристап до хуманитарната помош за која вели дека е подготвена да се достави преку границата по пат. Тој предупреди дека воздушните дотурки се „озлогласено неефикасни и опасни“ бидејќи не можат да носат многу помош и можат да повредат (или дури и да убијат) луѓе кога ќе се дотурат. Во објава на X, Вато напиша: „Користењето воздушни…

Read More

22 Напрегнатост се создава на пристаништето на островот Родос, каде од страна на локалните жители се подготвува голем протест против израелските воени акции во Појасот Газа, односно изгладнувањето на цивилите. На грчкиот остров треба да пристигне израелски туристички брод со гости од Израел. Како што јавуваат грчките медиуми, месните жители велат дека не сакаат израелски туристи да го посетуваат островот додека не се прекине војната во Газа. На пристаништето се поставени плакати „Сопрете ја војната во Газа!“ и палестински знамиња. Регионалниот управител ги предупреди жителите на Родос дека нивните дејствија ја компромитираат Грција како туристичка и демократска држава. Михалис Хрисохоидис,…

Read More