Автор: Press Online

Канадската тенисерка Ежени Бушар се пласира во второто коло од ВТА-турнирот во Монтреал. Домашната претставничка ноќеска ја совлада Емилијана Аранго со 6:4, 2:6 и 6:2. Триесет и едногодишната Бушар го доби својот прв меч на ВТА натпревар од септември 2023 година. Таа го игра својот последен турнир во Монтреал. Следна противничка  на Бушар ќе биде Белинда Бенчиќ.

Read More

Најмалку 30 лица загинаа во Пекинг по обилните поројни дождови, објавија кинеските медиуми, повикувајќи се на општинската канцеларија за контрола на поплави. Бројот на жртви е до полноќ по локално време. Во последните денови, областа Мијун и другите делови на Пекинг се соочуваат со екстремни и тешки временски услови, предизвикани од топол и влажен воздух од крајот на суптропскиот антициклон. Вчера во 20 часот, Општинската канцеларија за контрола на поплави во Пекинг го активираше највисокото ниво на механизмот за итна реакција на поплави низ целиот град. За време на циклусот на „континуирани екстремни дождови“ во кинеската престолнина, врнежите достигнаа 543,4…

Read More

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) го доби решението за репрезентативност и на утрешната седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС) ќе го отвори прашањето за 500 евра минимална плата и за 6 000 денари дополнително зголемување на сите останати плати. – Утре е добра можност Владата да покаже дека се грижи за работниците, а пратениците пред распишување на локалните избори да донесат брзи законски измени и да утврдат минимална плата од 500 евра, порача претседателот на ССМ Слободан Трендафилов. Како што рече Трендафилов, синдикалната минимална кошничка што ја пресметува ССМ лани е зголемена за 6 500 денари, а оваа година само…

Read More

На 31 јули ќе заврши 15-дневниот рок за електронско пријавување за сместување во државните и приватните студентски домови низ државава за академската 2025/2026 година за студентите од втора и повисоките години на додипломски студии и за апсолвенти. Рокот за пријавување за прием во студентските домови за студентите од прва година ќе почне по завршувањето на уписниот рок на факултетите во август, и ќе трае од 10 до 17 септември 2025. Студентите кои ќе аплицираат за легло во некој од студентските домови треба да пополнат електронска пријава и да ја прикачат соодветната документација на интернет-порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk Студентите може да конкурираат за…

Read More

16 Формула 1 ги има 20-те најдобри возачи во светот, 10 најдобри тимови, најдобри инженери, техничари, механичари, стратези, најголемиот можен луксуз… Но, Формула 1 (веќе) не се трка на дожд! На + 50 во пустина, во пекол, кога возачите се онесвестуваат и повраќаат во кацигите… тоа е можно. Но, дожд… Да повториме по милионити пат – „“Пирели има гуми за дожд. Тие постојат и ФИА ги препознава како гуми за „дизајнирани за силен дожд и патеки со многу вода“. Значи, за временските услови што беа на патеката Спа во недела? Па, во што е проблемот тогаш? Врнеше дожд во Белгија,…

Read More

4 Том Круз веќе со децении е една од најголемите холивудски ѕвезди, икона на акциските филмови познат по изведување на сопствените опасни акробации. Сепак, многу обожаватели сега откриваат дека името по кое целиот свет го познава всушност не е неговото вистинско име. Актерот е роден во 1962 година како Томас Круз Мапотер IV. Негови родители биле електроинженерот Томас Круз Мапотер III и наставничката Мери Ли Пфајфер. Израснал со три сестри во, како што се наведува, сиромаштија и строго католичко опкружување. На 18 години решил да го напушти сето тоа и да се пресели во Њујорк за да започне актерска кариера,…

Read More

Активни се седум пожари на отворен простор од евидентирани 27 на територијата на државава во изминатото деноноќие, под контрола се три, а 17 се изгаснати. Во справувањето со пожарите денеска треба да пристигне помош од Чешка, која испраќа хеликоптер, и од Словенија, тим од 50 пожарникари со специјализирана опрема. Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК),  активни се пожарите во планина Голем Готен и Малешевските Планини, каде гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација,  во прилепското село Бешиште, кај местото викано Бешишки Рид, со крак кон село Градешница во Новаци и крак кон границата со Грција, зафатена…

Read More

На видеолотариските терминали во Македонски Брод, Мице Анѓелкоски го освои Милионер џекпотот во износ од 1.475.310 денари! Мице Анѓелкоски е најновиот милионер на Видеолотарија. Заедно со својот брат, ја посети Видеолотарија Касинос Австрија и ја сподели својата среќна ВЛТ приказна. „Не очекував, ама се случи! Парите ќе ги поделам со брат ми – верувам дека ќе ни донесат среќа,” ни раскажа Мице. Од срце му честитаме! Нека оваа добивка му донесе уште повеќе радост, исполнети соништа и многу убави моменти со семејството! Добивката вредна 1.475.310 денари е освоена на видеолотариските терминали во Спортлајф Трејд во Македонски Брод на 27.07.2025 Во периодот од 21 до 27 јули, играчите освоија…

Read More

📽 Зоран Настески, половина Македонец, половина Србин, е мажот што вешто и брзо го совлада терористот во авионот во Велика Британија – Локално

Read More

18 Силно  невреме ја зафати Хрватска. Денеска низ цела територија  ќе биде умерено до претежно облачно, а на места ќе има врнежи од дожд со грмежи прогнозира Државниот хидрометеоролошки завод. Најголем дел од врнежите и бурите се очекуваат попладне и навечер. Врнежите ќе бидат почести и пообилни на Јадранското Море и областите во негова близина, а можни се и локални грмежи. Слаб до умерен ветер од север и североисток, на исток и северозапад. На Јадранското Море ќе дува умерен до силен ветер,а во централните и јужните делови, од северозападен и слаб до умерен јужен правец. И во Македонија денеска ќе…

Read More

6 Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, изјави денес дека обидот на американски претседател Доналд Трамп да постави ултиматум до Русија претставува закана што може да доведе не до ескалација на конфликтот со Украина, туку до директен конфликт со САД. „Трамп си игра со ултиматуми со Русија: 50 дена или 10. Треба да запомни две работи: Русија не е Израел, па дури ни Иран. Секој нов ултиматум е закана и чекор кон војна. Не меѓу Русија и Украина, туку со неговата сопствена земја. Не одете по патот на Поспаниот Џо!“, објави Медведев на платформата X, коментирајќи ја…

Read More

6 Џоел Ембиид, МВП за 2023 година, наскоро би можел да се пензионира. Центарот на Филаделфија, кој беше драфтуван во 2014 година, одигра само 58 натпревари во последните две години, има хронични проблеми со коленото, а според Кит Помпеј, Ембиид наскоро би можел да се пензионира. Веројатноста на оваа информација се докажува и со фактот дека Помпеј главно ги следи Филаделфија 76ерс. „Мислам дека Џоел Ембиид можеби знае дека крајот е близу… И ова е само мое мислење. Само се обидувам да им објаснам на луѓето низ што поминува – ретко имате играч кој ви кажува колку боли и колку…

Read More