Автор: Press Online

8 Седум лица беа осудени во Грција за измамите со земјоделските субвенции, јавија грчките медиуми. Вкупно седуммина Грци што беа обвинети за фалсификување документи со кои незаконски зеле земјоделски субвенции од ЕУ се прогласени за виновни, но конечните пресуди уште не се изречени. Обвинетите ја признаа вината и ги вратија на државниот буџет незаконски земените евра, во обид да се изборат за пониска казна. За случајот познат и како „Бананите на Олимп“, се дискутира и во грчкиот парламент. Според досега утврденото, подолго време се одвивала систематска злоупотреба на субвенциите, во што учествувале и поранешни министри за земјоделство од редовите на…

Read More

11 Американскиот претседател Доналд Трамп денес објави дека ќе воведе царини за Русија за 10 дена ако Кремљ не се согласи да ја заврши војната дотогаш, според аудио-снимка објавена од Белата куќа. Се очекува царините што ги спомена Трамп да бидат секундарни санкции за земјите што купуваат руска нафта, гас и други производи, како што се Кина и Индија. „За 10 дена од сега. Потоа ќе воведеме царини и слични работи. Не знам дали тоа ќе влијае на Русија, бидејќи тој (рускиот претседател Владимир Путин) очигледно сака да ја продолжи војната, но ние ќе воведеме царини и слични работи“, рече…

Read More

8 Напаѓачот на Реал Мадрид не сака да слушне за понуда од англиската престолнина, иако Тотенхем се распрашува за него. Бразилскиот фудбалер би можел да ги напушти „Лос Бланкосите“ ова лето, а гласините за неговото заминување од стадионот „Сантијаго Бернабеу“ се се погласни. Се чини дека тој нема ништо против промена на средината и поважна улога во тимот, но јасно ги постави своите стандарди. Актуелниот освојувач на Лигата на Европа сакаше да ја искористи можноста и да доведе големо засилување пред да се врати во Лигата на шампионите по три години, меѓутоа, веднаш е јасно дека ништо нема да произлезе…

Read More

9 Босна и Херцеговина изгуби повеќе од 620.000 жители од последниот попис во 2013 година, што е последица на масовната емиграција и намалениот природен прираст во земјата која има бројни политички и економски проблеми, беше објавено денес во Сараево. Збирката трудови „Демографски промени во Босна и Херцеговина од 2013 до 2024 година“ ја презентираше Академијата на науките и уметностите на БиХ и во неа се наведува дека трендот на масовно иселување, особено на младите луѓе, е особено загрижувачки. БиХ го спроведе својот единствен повоен попис во 2013 годинаПовеќе од половина од граѓаните по потекло од БиХ денес живеат во странство.…

Read More

За филмот Interstellar, Кристофер Нолан засадил над 200 хектари пченка само за потребите на филмот, бидејќи не сакал да користи CGI (Computer-generated imagery) за фармата. По снимањето, ја продал пченката и направил профит, со што повратил дел од буџетот на филмот.

Read More

7 Цариниците забележале жена која изгледала нервозно и вознемирено, и иако тврдела дека нема што да пријави, властите се сомневале во нејзините зборови. Спакувани во чорапи По претресот, нивните сомневања биле потврдени, бидејќи младенчиња питони од загрозен вид биле пронајдени во градникот на жената! Објавеното видео ги прикажува змиите како се спакувани во чорапи, потоа во градник, а службениците ги ослободиле и ги ставиле на маса, објавува „Метро“. Жената била однесена на испрашување, каде наводно признала дека имала намера да ги продаде змиите во Кина. Влекачите биле конфискувани, а истрагата продолжува. Заштитен вид Поседувањето на овој вид питон како домашно…

Read More

 Собранието денеска со 71 гласа „за“ и без ниту еден „против“ и „воздржан“ ја прифати интерпелацијата за работата на Републичкиот Јавен обвинител Љупчо Коцевски, поднесена од Левица. Собранието изгласа и заклучок – Собранието констатира дека наводите во интерпелацијата за работата на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски се основани. Овој заклучок да се достави до Владата и до државниот јавен обвинител. Во интерпелацијата на Левица доставена до претседателот на Собранието Гаши, е наведено дека ја поднесуваат поради непочитување на уставните и законските обврски. -Интерпелацијата ја засноваме на следниве индиции, факти и правно-релативни наводи: селективни кривични истраги за трагедијата во Кочани, логистички…

Read More

1 Преседателот на Партијата за демократска акција (СДА) и поранешен член на Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ, ја коментираше ситуацијата во Газа, остро критикувајќи ги израелските лидери и нивниот став кон Палестинците. „Евреите се народ кој ги доживеал најтешките искушенија. Тие доживеале прогон и протерување, присилно преселување, затворање во гета низ цела Европа, затворање во концентрациони логори за време на нацистичката ера, најстрашниот геноцид наречен Холокауст тотално уништување“, рече Изетбеговиќ. „Нација која поминала низ сето тоа и која ја темели својата вера и поглед на светот на Десетте Божји заповеди, не требало да им дозволи на своите лидери да извршат…

Read More

Премиерот на Полска, Доналд Туск, денеска изјави дека земјата, според прелиминарните проценки, би можела да претрпи загуби од околу 2,16 милијарди долари поради новите американски царини на европските производи, но оцени дека договорот со Вашингтон е подобар од трговска војна. – Загубите ќе бидат значајни од двете страни на Атлантикот, но подобар е остар трговски договор отколку бесмислена царинска војна меѓу сојузниците, напиша Туск на X. САД завчера постигнаа рамковен трговски договор со Европската унија, воведувајќи увозна царина од 15 отсто на поголемиот дел од стоката од ЕУ, со што се спречи поголем трговски конфликт меѓу двата сојузника кои сочинуваат…

Read More

5 Судот на ОН за воени злосторства во вторник го отфрли барањето на поранешниот генерал на босанските Срби, Ратко Младиќ, кој отслужува доживотна казна затвор за неговата улога во војната во Босна и Херцеговина од 1992 до 1995 година, веднаш да биде пуштен во Србија од здравствени причини. Во одлуката објавена на веб-страницата на судот, судот наведува дека здравствената состојба на Младиќ, иако неизвесна, е стабилна и дека за него се води добра грижа во затворот во Хаг. Специфичните медицински состојби на 83-годишниот поранешен генерал, осуден за геноцид и злосторства против човештвото, се редигирани во судските документи, но е познато…

Read More

Влијанието на Кина не застанува на нејзините граници. Се протега преку медиумски партнерства, договори за развој и програми за културна размена што ги реплицираат или приспособуваат истите наративи што Кина ги промовира во внатрешноста, пишува Џабир Дерала во анализата „Кинеската не толку „мека моќ“: Тивкиот партнер во војната на Путин“, чиј контекст е во однос на начинот на претворувањето на „меката моќ“ во оружје на хибридната војна со помош на пропагандата и трговијата на Пекинг со Москва. „Во многу земји, особено оние со ниско ниво на медиумска слобода или авторитарни тенденции, локалните медиуми само ги повторуваат кинеските и руските дезинформации, прикажувајќи…

Read More

9 Играчот на Астон Вила, Оли Воткинс, и Бенџамин Сешко од РБ Лајпциг се на врвот на листата на желби на Манчестер Јунајтед доколку клубот одлучи да потпише напаѓач во летниот преоден рок. Постои консензус меѓу раководството на Јунајтед дека, доколку сакаат да доведат нов играч, клубот мора да ги ослободи оние на кои не сметаат, што можеби нема да се случи пред затворањето на преодниот рок на 1 септември, објави Би-Би-Си. Сешко и Воткинс се на врвот на листата, но управата нема да има лесна задача да ги доведе. Астон Вила не е заинтересирана за продажба на Воткинс и…

Read More