Автор: Press Online
4 Американскиот претседател Доналд Трамп постигна трговски договор со Европската Унија во неделата на состанокот со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во Шкотска, објавија агенциите. Според првите објавени информации, договорот вклучува воведување царински давачки во износ од 15 проценти за стоки увезени од ЕУ во САД. Трамп рече дека договорот ќе биде „одличен за автомобилите“ и дека ќе се почувствува силно во областа на земјоделството. Тој додаде и дека „ЕУ ќе купи енергија во вредност од 750 милијарди долари од САД, ќе инвестира уште 600 милијарди долари и ќе „купи американско оружје“. – Мислам дека ова е…
8 Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, победи на денешната трка за Големата награда на Белгија во Формула 1. Раководството на Формула 1 претходно го одложи почетокот на трката за еден час и 20 минути поради дождот што врнеше на патеката Спа Франкоршамп. Пјастри ја освои својата шеста победа во сезоната и осма во кариерата. Ландо Норис од Мекларен беше втор, и покрај тоа што имаше пол-позиција пред почетокот на трката, додека возачот на Ферари, Шарл Леклер, заврши трет.
11 Во текот на летото, многумина се стремат кон здрав, рамномерен тен. И додека кремите за сончање се основна заштита, начинот на кој се храните може многу да придонесе за поубав и подолготраен тен. Храната богата со витамини А, Б, Ц и Е не само што ја подобрува способноста на кожата да апсорбира сончева светлина, туку и ја штити од нивното штетно дејство. Наместо да се потпираме исклучиво на надворешна заштита, време е да обрнеме дополнително внимание на тоа што внесуваме во организмот. Во продолжение ви ги претставуваме намирниците кои можат да придонесат за поубав тен и поздрава кожа во…
49 Неколку часа откако преживеал една авионска несреќа, пилот на мал авион во Романија загинал во друг. Падот на малиот авион ICP Savannah S се случил вчера околу 19 часот во општина Јуриловца, на брегот на Црно Море, кратко по полетувањето. Загинатиот 54-годишен пилот имал повеќе од 200 часа налет, а само неколку часа претходно преживеал пад на сличен авион, во кој летал со 18-годишниот син. Нивниот авион тогаш се превртел при слетувањето, но за среќа обајцата минале без повреди. Потоа повикале други пилоти да ги превезат од местото на несреќата, и заминале во две одвоени летала, од кои едното,…
0 Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес го повика израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да обезбеди итна помош за гладното цивилно население во Појасот Газа, соопшти канцеларијата на канцеларот Мерц. За време на телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери денес, германскиот канцелар изрази „длабока загриженост за катастрофалната хуманитарна ситуација“ во окупираната палестинска енклава, според соопштението на германската влада, објави „Тајмс оф Израел“. „Канцеларот го повика премиерот (Бенјамин) Нетанјаху да направи сè што е во негова моќ за да постигне итен прекин на огнот. Тој исто така го повика веднаш да обезбеди итно потребна хуманитарна помош за гладното цивилно население во Појасот Газа. Оваа…
22 Силни бури беснееа вчера во Словенија, обилни дождови, бурен ветер и град. Илјадници корисници на „Електро Љубљана“ останаа без електрична енергија. Агенцијата за животна средина издаде портокалово предупредување за поголемиот дел од земјата. Западниот дел од Словенија, по должината на границата со Италија, вчера беше погоден од силна бура. Краток пороен дожд со силен ветер го погоди главниот град Љубљана за време на невремето, ветерот кршеше гранки и оштети некои комерцијални згради.
3 Португалскиот напаѓач Жоао Феликс повторно ќе го смени центарот, со оглед на тоа што Челси се обидува да се ослободи од него, како и од Атлетико Мадрид, каде што претходно играше. Иако беше поврзуван со Бенфика, клубот од кој пристигна во Атлетико пред шест години во трансфер за кој Бенфика инкасираше 125 милиони евра, Португалецот ќе ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија. Според информациите што ги сподели Фабрицио Романо, Ал Наср постигна договор со Челси за доведување на Жоао Феликс. Играчот добил дозвола од лондонскиот клуб да лета на медицински прегледи и да се приклучи на Ал Наср, почетната…
Човекот што се фалеше дека е ДНК на СДСМ последнава година упорно работи против партијата со која стана и премиер и претседател на државата. Откако лани отворено работеше за Максим Димитриевски и за “своите деца” во ЗНАМ, годинава ветил дека ќе даде поддршка и на ВМРО-ДПМНЕ во обидот да му обезбедат втор мандат на Кирил Пецаков во Охрид. Според наши извори, службената кола на Пецаков годинава во најмалку два наврати е забележана паркирана пред семејната куќа на Црвенковски во Слатино. На тие средби е договорено, преку измени во ДУП-от, Пецаков да им овозможи на локални бизнисмени, блиски до Црвенковски, да…
13 Холандија за прв пат го вклучи Израел на својата листа на странски држави кои претставуваат закана за земјата, според нов извештај објавен од главната агенција за борба против тероризмот на Холандија, Националниот координатор за безбедност и борба против тероризмот (NCTV). Документот, насловен како Проценка на заканите од страна на државните актери, ги истакнува напорите на Израел да манипулира со холандското јавно мислење и да влијае врз донесувањето политички одлуки преку дезинформациски кампањи. Еден од инцидентите наведени во извештајот се однесува на документ што едно израелско министерство неформално го дистрибуираше до холандските новинари и политичари минатата година. Во извештајот се…
Пишува: ЉУБОМИР КОСТОВСКИ По откажувањето на двете најголеми македонски партии од кандидирање на свои кандидати во многу општини во Западна Македонија, најчудна е ситуацијата во Струга. Засега, како што стојат работите двете големи коалиции од албанскиот блок ќе подржат еден кандидат. Навидум тој е независен, иако се говори дека тој бил кандидат на поранешниот градоначалник од Алијансата – Села, кој во мигот е во коалиција со ДУИ! Се чини оваа кандидатура е подготвувана како поширока стратегија која на некој начин ги надминува оние кај македонските партии, посебно кај ВМРО ДПМНЕ кои генерално не сакаат да му прават конкуренција на ВЛЕН?!…
21 Кетрин Хeјгл, ѕвездата на серијата „Вовед во анатомија“, сега отворено зборува за стандардите за убавина што се наметнуваат во индустријата, со посебен акцент на состојбата на умот од 90-тите. Можете ли да ги замислите чувствата на адолесцентките кои се „бомбардирани“ со критики за својот изглед? Токму за ова зборуваше актерката Кетрин Хeјгл, потсетувајќи се како ѝ било кажано дека е „премногу дебела“ кога имала 16 години. „Бизарно е. Холивуд е бизарен“, рекла актерката, потсетувајќи се како како тинејџерка-модел во 90-тите, а потоа и како ѕвезда во серијата „Вовед во анатомија“, постојано слушала критики што ѝ влегувале во глава и…
Најмалку 11 лица беа избодени синоќа со нож во Волмарт во Траверс Сити, Мичиген. Полицијата соопшти дека напаѓачот е приведен. Повредените се хоспитализирани. Шестмина од нив се во критична состојба, додека петмина други се во сериозна состојба. Траверс Сити е околу 410 км северозападно од Детроит. Шерифот на Траверс Сити, Мајкл Шеј, изјави дека оружјето употребено во нападот е нож. Се води истрага за мотивите за нападот.
