НАЈНОВО
Автор: Press Online
5 Британскиот возач на Мекларен, Ландо Норис, ја освои пол-позицијата за Големата награда на Белгија во Формула 1, откако беше најбрз во денешната квалификациска сесија (1:40.562 минути). Австралиецот и негов колега Оскар Пјастри, кој е водечки во генералниот пласман, го освои второто место, 85 илјадити секунди зад него. Зад нив се најде Шарл Леклер со Ферари, додека победникот во спринтот – Макс Верстапен (Ред Бул), го освои четвртото место.
14 Забоболката, позната и како одонталгија, е една од најчестите и непријатни болки што речиси секој ја доживува барем еднаш во животот. Може да биде резултат на кариес, воспаление на забниот нерв, оштетување на непцата или дури и стрес, а интензитетот на болката често го отежнува нормалното функционирање. Иако стоматолошкиот преглед е најдобриот и најбезбедниот избор, многу луѓе се свртуваат кон природни методи додека чекаат закажан преглед, а еден од нив е цвеклото. Цвеклото е зеленчук богат со корисни соединенија кои имаат антиинфламаторни ефекти и ја намалуваат болката. Благодарение на високите концентрации на нитрати, антиоксиданси и флавоноиди, цвеклото може да…
6 Државниот секретар на САД, Марко Рубио, за време на состанокот со семејствата на израелските заложници изјави дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп мора да ја преиспита својата стратегија во врска со решавањето на војната во Газа, откако не успеа да го заврши конфликтот откако ја презеде функцијата во јануари, објави израелскиот Канал 12, повикувајќи се на два неименувани извори кои присуствувале на состанокот. Според изворот, Рубио рекол дека е „неопходно“ да му се презентираат на Трамп „нови опции во воената стратегија“. Тој не даде детали за тоа кои би можеле да бидат тие опции.
Парламентарците во Собранието на Косово не успеаја да формираат комисија за избор на претседател на Парламентот, со што заврши 53-тиот обид за конституирање на тоа тело, а продолжението на седницата на собранието е закажано за вечерва во 22:00 часот. Претставниците на Демократската партија на Косово (ДПК), Демократскиот сојуз на Косово (ДСК) и Алијансата за иднината на Косово не предложија членови на изборната комисија за тајното гласање. Тие побараа од претседателот, Авни Дехари, да ја врати постапката на јавно гласање и да ја почитува одлуката на Уставниот суд на Косово. Дехари ги прекина сите во говорите со исклучување на микрофонот. Од…
13 Портокалов метео-аларм за жешко време издаде Националниот институт за метеорологија и хидрологија на Бугарија. Алармот важи за целата земја, каде максималните температури се очекува да се движат од 35° до 40° Целзиусови. Мало освежување се очекува за попладне на некои места, каде се очекува краткоткраен дожд со грмотевици. Инаку, како и другите земји на Балканот, каде подолго време владее жешко и суво време, и во Бугарија има многу шумски пожари. Во текот на вчерашното деноноќие биле регистрирани и локализирани или изгаснати дури 200 пожари, соопшти директорот на Пожарна безбедност и заштита на населението. Состојбата е утрово сериозна кај Костинброд…
Во источниот дел на областа Атика, поширокиот регоион на Атина; во северна Грција; на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, попладнево се активни големи пожари, а од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки до жителите на зафатените области, јави дописничката на МИА од Атина. Во пожарот во централна Евија, изгореа две противпожарни возило, а четворица пожарникари со полесни повреди на рацете и очите и со респираторни проблеми биле префрлени во болница. Интервенираат 115 пожарникари со шест пешадиски тима, 24 возила, седум хеликоптери и шест авиони. Над 100 пожарникари, како и пет воздушни…
Најмалку осум лица – петмина цивили и тројца напаѓачи – загинаа денеска во терористички напад на судска зграда во југоисточен Иран, соопшти локалното правосудство. „Непознати вооружени лица нападнаа судски центар во Захедан“, наведоа правосудните власти, додавајќи дека во нападот загинале пет лица, а 13 се ранети. Според државната новинска агенција ИРНА, убиени се и тројца од напаѓачите. Градот Захедан е главен град на провинцијата Систан и Белуџистан, регион што се граничи со Пакистан и Авганистан. Во меѓувреме, сунитската екстремистичка група Џаиш ал-Адл ја презеде одговорноста за нападот. Систан-Балуџистан, провинција во југоисточен Иран која граничи со Пакистан и Авганистан, е населена…
Секој трет жител на Појасот Газа со денови не добива храна, предупреди Светската програма за храна (WFP) на Обединетите нации. Во последното соопштение се наведува дека 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција поради тешка неухранетост. Според Министерството за здравство во Газа, само вчера починале уште девет лица од глад, со што бројот на жртви од неухранетост од почетокот на конфликтот достигна 122. Израел, кој го контролира влезот на сите залихи во Газа, повторува дека не постои блокада и ја обвинува Хамас за лошата распределба на ресурсите. Меѓународната заедница, вклучувајќи ги Германија, Франција и Велика Британија, побара…
Турската Дирекција за управување со вонредни ситуации (АФАД) евакуираше 2.619 лица откако оваа недела Турција се соочи со серија интензивни шумски пожари во повеќе провинции, јави весникот „Дејли сабах“. Пожарите, поттикнати од екстремно високи температури, силен ветер и сушно време, мобилизираа илјадници спасувачи и доброволци кои учествуваат во гаснењето на огнот. Екипите се активни од воздух и копно, а според АФАД, ангажирани се 4.231 лице, 45 летала и 1.236 копнени возила. Најтрагичниот инцидент се случи во средата, во руралниот дел на провинцијата Ескишехир, каде животот го загубија десет лица – пет шумски работници и пет припадници на организацијата АКУТ за…
6 Виктор Ѓекереш конечно потпиша за Арсенал и сагата официјално заврши. Шведскиот напаѓач се приклучува на лондонскиот клуб од Спортинг и е нивното најголемо засилување за летото. Се зборуваше многу за неговиот трансфер во Арсенал, и конечно сè беше договорено и потпишано. Ѓекереш исто така многу сакаше да оди во Премиер лигата, неговиот сон се оствари. Трансферот беше завршен, а Арсенал му плати на Спортинг 73,5 милиони евра. Имаше многу преговори, одбиени понуди од Арсенал, па дури и борба помеѓу раководството на португалскиот клуб и самиот играч, но на крајот сè беше решено. Ѓекереш ќе го носи легендарниот број 14…
Во 2023 година, светот доживеа рекордни температури во океаните низ целиот свет, кога морската вода беше значително потопла од просекот, покажуваат резултатите од новата студија објавена во научното списание „Science“.Во неа се наведува дека дури 96 проценти од морињата и океаните низ целиот свет биле погодени од тој екстремен временски феномен, а брановите на топлотни шокови траеле во просек четирипати подолго од историски евидентираните. Зголемените температури на површинските слоеви на океанската вода имаат значително влијание врз глобалната клима и временските услови, како и пошироки последици за морските екосистеми. Како и на копно, топлотните бранови се случуваат во океаните секоја година,…
15 Голем пожар избувна вчера на грчкиот полуостров Пелопонез, поради што беа евакуирани 6 села и голем број туристи во областа Коринт. Селото Фенео, со 70 жители, е пеплосано. Борбата со пожарот во планинскиот предел продолжи утрово. Приведени се две лица за предизвикување на пожарот. Се смета работеле со шмишајбна и заварувале во близина на избивањето на пожарот. Освен од земја до вчеравечер се гаснеше и со 15 авиони и 11 хеликоптери. На земја дејствуваа 200 пожарникари. Од утрово, кога противпожарните летала повторно можеа да летаат, борбата со раширениот пожар, продолжува, и на повеќе места во планинскиот регион, тој е…
