Автор: Press Online

11 Британската актерка Хелен Мирен, која денес полни 80 години, за списанието OK! изјави дека не старее „грациозно“, туку „со забава и посветеност“. „Воопшто не стареам грациозно! Го мразам тој термин – звучи како да мора да бидете елегантни и прифатливи, а јас не сум. Стареам со забава, со посветеност, но не и грациозно. Кого го интересира грациозноста“, рече актерката. Таа забележа дека го смета за навредливо кога луѓето ѝ велат дека изгледа добро за нејзините години, бидејќи таквите коментари честопати ги смета за „покровителски“.

Read More

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 48-годишник осомничен за кривично дело – Посредување при вршење проституција од член 191 став 2 од Кривичниот законик. Како што соопшти ЈОРСМ, осомничениот делото го вршел во неколку наврати во последните два месеци, обезбедувајќи клиенти за 23-годишна косовска државјанка сместена во неговиот мотел. Таа сексуалните услуги ги наплаќала, а поголемиот дел од заработката му го давала на осомничениот. По предлог на јавниот обвинител на осомничениот му е определена мерка притвор, додека жртвата е сместена во транзитен центар за странци до завршување на постапката.

Read More

13 Минатата година беше рекордна година во привлекувањето на странски директни инвестиции (СДИ) во Србија, но, според податоците објавени во стручниот билтен „Макроекономски анализи и трендови“ (МАТ), нето-приливот во првите четири месеци од оваа година изнесуваше само 385,4 милиони евра. Ова е, како што е наведено, дури 76,7 проценти помалку отколку во истиот период минатата година, пишува Политика. Експертите објаснуваат дека таков огромен пад се случил поради двоен негативен ефект, бидејќи приливот на нерезидентни СДИ во Србија во периодот од јануари до април 2025 година се намалил за речиси 50 проценти (49,8 проценти помалку) и изнесувал 948,7 милиони евра. Во…

Read More

Велика Британија ќе се приклучи на меѓународните напори за доставување хуманитарна помош во Појасот Газа по воздушен пат, соопшти премиерот Кир Стармер, откако Израел дозволи ваков начин на испорака во услови на влошена хуманитарна состојба. Стармер рече дека Лондон „итно ги забрзува напорите“ за евакуација на деца со итни медицински потреби, кои би биле третирани во британски болници. Најавата доаѓа во време кога повеќе од 220 пратеници, вклучително и повеќе од половина од лабуристичките, побараа од владата да ја признае палестинската држава, сметајќи дека тоа е важен чекор кон конечно решение на израелско-палестинскиот конфликт. Британија и претходно учествуваше во воздушна…

Read More

5 Полскиот премиер Доналд Туск денес изјави дека, според НАТО и САД, Русија и Кина би можеле да бидат подготвени за отворен конфликт со Западот веќе во 2027 година. Тој рече дека добил потврда за овие проценки за време на неодамнешниот состанок со Врховниот командант на сојузничките сили за Европа, Алексус Гринкевич. „Американците сериозно се подготвуваат за ситуација која не претставува директна воена закана. Ова не се трагични предвидувања, но и Вашингтон и мојот гостин, генерал Гринкевич, се убедени дека глобалните противници на Западот, а во случајот на Полска, пред сè Русија, ќе бидат подготвени за конфронтација во 2027 година“,…

Read More

3 Еден од најдобрите возачи на сите времиња, Луис Хамилтон, повторно го крена гласот против она што го прави израелската армија во Појасот Газа и рече дека светот не може да молчи за сето ова. Израелската армија спроведува невиден терор врз Палестинците во Газа, а нивните напади одзедоа бројни животи, а Хамилтон рече дека мора да има прекин на огнот. Само во првата недела од овој месец, повеќе од 100 деца беа убиени во Газа, а Хамилтон јавно го сподели својот гнев што светот молчеливо го гледа сето ова. „Тешко е да се најдат зборови за да се опише апсолутниот…

Read More

На подрачјето на градот Скопје денска и утре во раните утрински часови ќе се врши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци, соопшти Град Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, се додава во соопштението, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.

Read More

Скопје денеска ја одбележува 62. годишнина од катастрофалниот земјотрес што се случи на 26 јули 1963 година, кога животот го загубија 1.070 лица, а 3.000 беа повредени. Во знак на почит и сеќавање на жртвите во катастрофалниот земјотрес, денеска во 10 часот делегации од Собранието и од Градот Скопје ќе положат цвеќе пред Споменикот на загинатите во земјотресот на градските гробишта Бутел. Во Музејот на град Скопје, вечер во 20 часот, ќе биде отворена изложбата „Скопје за време на земјотресот и потоа”. Поставката ќе биде од траен карактер достапна за секој посетител во музејот. Градот како и секоја претходна година…

Read More

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сака да останат ограничувањата за американските и руските стратешки нуклеарни сили утврдени со договорот „Нов СТАРТ“ од 2010 година. – Ова не е договор кој сакаш да го оставиш да истече. Почнуваме да работиме на тоа, изјави Трамп пред новинарите пред Белата куќа, непосредно пред да замине за петдневната посета во Шкотска. Договорот „Нов СТАРТ“, кој го ограничува бројот на распоредени стратешки нуклеарни боеви глави и носачи на оружје, истекува на 5 февруари следната година. Ова е првпат Трамп да се изјасни јавно за судбината на договорот откако повторно ја презеде функцијата на 20…

Read More

Со завршување на тригодишната меѓународна иницијатива за следење на движењето на Јадранската микроплоча – AdriaArray, на почетокот на 2026-та државава ќе остане без мрежата од 13 сеизмолошки станици со кои се следи сеизмичката активност односно просторно-временската застапеност на земјотресите. Во рамки на тој проект на организацијата ORFEUS (Observatories and Research Facilities for European Seismology), чија мисија е да ја промовира сеизмологијата во Европско-медитеранската област, од 2023 се инсталирани 13 привремени сеизмолошки станици преку кои континуирано се следи сеизмичката активност на територијата на државава и во пограничните региони, како и сеизмичноста на целата планета. Тие 13 станици во моментов ја сочинуваат…

Read More

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека заедно во група извршиле кривично дело – Насилство предвидено во член 386 став 6 во врска  со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. Осомничените, на возраст од 39 и 31 година, на 24 јули во скопското село Орешани извршиле грубо насилство и ја загрозиле сигурноста на едно лице, за кое сметале дека украл лубеници од нивата на првоосомничениот. Со товарно возило го следеле оштетениот додека тој со автомобилот се движел од Петровец кон селото Таор, се…

Read More

Најмалку 652 деца починале од неухранетост во нигерискиот северен сојузен регион Кацина во првата половина од 2025 година, соопшти организацијата „Лекари без граници“. Организацијата предупредува дека намалувањето на меѓународното финансирање, особено од страна на САД, Велика Британија и Европската Унија, има сериозни последици врз третманот на неухранети деца во регионот. „Сведоци сме на масовни буџетски кратења, што директно влијае на нашата способност да спасуваме животи“, се наведува во соопштението. Ситуацијата дополнително се влошува поради несигурноста и насилството од страна на бандитски групи, кои принудуваат многу жители да ги напуштат своите домови и земјоделските површини. Официјалните податоци на „Лекари без граници“…

Read More