Автор: Press Online

5 Литванија ќе издвои 30 милиони евра за купување на американски ракетни системи „Патриот“ за Украина, изјави литванскиот министер за одбрана Довиле Шакалене по состанокот на министрите за одбрана на балтичките земји со нивниот американски колега Пит Хегсет. „Литванија го објави својот став и информираше дека ќе се придружи на купувањето американско оружје, поточно на системот „Патриот“, издвојувајќи околу 30 милиони евра“, објави руската агенција ТАСС. Како што додаде таа, Литванија испраќа стратешка порака дека целосно ја поддржува одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп.

Read More

Кинескиот премиер Ли Ќијанг денеска предложи создавање меѓународна организација за соработка во областа на вештачката интелигенција (ВИ). Говорејќи на отворањето на годишната Меѓународна конференција за ВИ во Шангај, Ли истакна дека технологијата станува нов двигател на економскиот раст, но предупреди дека развојот е разединет и недоволно координиран. – Потребна ни е глобално прифатена рамка за развој и безбедност на вештачката интелигенција, рече Ли, посочувајќи дека сегашниот развој е фрагментиран и ограничен од недостиг на чипови и експертиза. Конференцијата се одржува во време на сè поизразена технолошка конкуренција меѓу Кина и САД, а ВИ станува стратешко поле на глобално надмудрување. САД…

Read More

19 Двојно убиство се случило во раните утрински часови во близина на бар на плажата Словенска во Будва. Татко и син се убиени, а за убиството е осомничен нивни роднина, кој набрзо е уапсен. Како што неофицијално потврдија за порталот Cdm.me полициски извори, осомничен за злосторството е С.С. (65), чичко и брат на убиениот. Тој е уапсен кратко откако истрелите биле пријавени во полицијата. „Дежурната служба на Одделот за безбедност во Будва добила пријава за употреба на огнено оружје на улицата Словенска Обала околу 8 часот утрово. Полициските службеници веднаш реагирале, го пронашле осомничениот С.С. на лице место, го пронашле…

Read More

4 Аргентинскиот играч од средниот ред Родриго Де Пол повеќе не е член на Атлетико Мадрид и ќе ја продолжи кариерата во Интер Мајами, потврди шпанскиот клуб. На тој начин Де Пол ќе му се придружи на сонародникот и најдобар пријател Лионел Меси, со кого ја освои Копа Америка и Светското првенство во 2022 година. „Родриго Де Пол се збогува со Атлетико Мадрид и ќе ја продолжи својата фудбалска приказна во Интер Мајами“, се вели во соопштението на Атлетико, а Интер исто така го потврди трансферот. 31-годишниот Де Пол помина четири сезони под водство на тренерот Диего Симеоне, играјќи речиси…

Read More

САД означија група поврзана со венецуелскиот претседател Николас Мадуро како поддржувач на странски терористички организации. Станува збор за групата „Картел де лос Солес“, во која, според Вашингтон, членуваат високи венецуелски функционери, меѓу кои и самиот Мадуро. Американската влада ги поврзува овие структури со криминалната банда „Трен де Арагуа“ и мексиканскиот наркокартел „Синалоа“, обете веќе класифицирани како странски терористички организации. Во 2020 година, американските власти веќе поднесоа обвиненија против Мадуро и негови соработници за шверц на дрога. Министерството за комуникации на Венецуела сè уште не дало официјален одговор на најновата класификација.

Read More

4 Бракот помеѓу американската актерка Дениз Ричардс и нејзиниот сопруг Арон Фајперс се соочува со сериозна криза откако во јавноста протекоа обвинувања за измама и злоупотреба. Фајперс тврди дека Ричардс имала шестмесечна афера со Руди Рејес, инструктор од реалното шоу „Специјални сили: Најтешкиот предизвик во светот“, во кое учествувала актерката. Во писмо што наводно го испратил до семејството и пријателите, Фајперс навел дека долго време се борел со вистината, но дека ја соочил сопругата со докази на почетокот на годината. Според него, иако Ричардс негирала сè и тврдела дека таа го сака, наскоро се појавиле нови докази кои, како што…

Read More

Димитар Апасиев, пратеник и претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, вчера поднел тужба до Управниот суд против Собранието и претседателот на парламентот, Африм Гаши. Повод за оваа тужба, како што се наведува во информацијата од Левица, е неделовничко и противзаконско поништување на уредно закажаната Надзорна расправа за трагедијата во Кочани, која требаше да се одржи на 8 јули годинава.

Read More

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека признавањето на палестинска држава пред нејзиното официјално формирање би било контрапродуктивно. – Јас силно поддржувам палестинска држава, но не верувам дека треба да се признае нешто што сè уште не постои, изјави Мелони во интервју за весникот „Република“. Таа додаде дека таков чекор може да создаде лажна перцепција дека проблемот е решен, иако реалноста е поинаква. Министерот за надворешни работи на Италија, Антонио Тајани, вчера рече дека Италија стои зад решението „две држави за два народа“, но дека признавањето на Палестина треба да се случи паралелно со признавањето на Израел од страна на Палестинците.…

Read More

26 Мече било снимено како движи во дворот на средно училиште во селото Несторио во грчкиот регион Касториа (Костур), најверојатно барајќи храна, известија грчките медиуми. Мечето шетало полека низ дворот, а кога првпат здогледало луѓе, почнало да трча низ дворот во страв, а потоа избегало. Некои луѓе на социјалните мрежи се шегуваат дека мечето „не знаело дека сега е распуст“, а некои велат и дека „тргнало да се запишува“. Како и да е, ова не е изолиран инцидент во западниот, претежно планински дел на Грција, каде честопати се забележуваат мечки до населените места, а некогаш тие влегуваат и до живеалиштата,…

Read More

19 Рано наутро на 4 јули, заѕвони телефонот на генералот Кит Келог. Од другата страна на линијата беше Радослав Сикорски, полскиот министер за надворешни работи, со порака што ќе се покаже како клучна во понатамошниот тек на руската инвазија на Украина, пишува „Телеграф“. Претходно во текот на ноќта, полскиот конзулат во Киев беше оштетен во жесток напад од руски ракети и беспилотни летала. „Путин се потсмева на вашите мировни напори“, му рече Сикорски на генералот Келог, пензиониран генерал-полковник и главен пратеник на Доналд Трамп за Украина. „Ве молам, обновете ги испораките на противвоздушна муниција за Украина“, додаде тој. Испораките на…

Read More

4 Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, изјави дека Мерцедес сè уште е во преговори со актуелниот шампион во Формула 1, Макс Верстапен, но се потсмеа на сугестиите дека „сребрените стрели“ ги откриле разговорите за да извршат притисок врз Ред Бул, нарекувајќи го тоа „сериозна теорија на заговор“. Расел ги поттикна шпекулациите дека Верстапен повторно ќе го напушти Ред Бул кога изјави за „Скај Спортс“ на Гран При на Австрија во јуни дека неговото продолжување на договорот се одложува поради интересот на Мерцедес за четирикратниот светски шампион. Шефот на тимот, Тото Волф, подоцна го потврди ова, велејќи дека разговорите се во…

Read More

11 Жешкиот бран во Грција продолжува и денеска а ќе трае уште неколку дена, со максимални дневни температури од 40 до 43° Целзиусови, прогнозираат грчките метеоролози. Денеска во најголемиот дел од Грција температурниот максимум ќе биде 43°, а на истокот на Егејско Море до 40°, благодарение на слабиот ветер што ќе дува од север и североисток. Археолошките локалитети на отворено, почнувајќи од славниот Акропол во главниот град Атина, веќе неколку дена се затворени за посета или целосно или во периодот од 12 до 17 часот. Во регионите околу Солун и на Халкидики, утрово има раздвиженост на улиците и на плажите,…

Read More