Автор: Press Online

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) преку писмено соопштение упати остри критики до премиерот Христијан Мицкоски и јавниот обвинител Ненад Савески, обвинувајќи за директна политичка контрола врз правосудните органи. Од опозициската партија бараат државниот обвинител уште денеска да си поднесе оставка.Според СДСМ, премиерот Мицкоски постојано му диктира задачи и му дава насоки на Савески, користејќи ја дури и говорницата за време на државни празници. Ваквата реакција на опозицијата следи по последната изјава на премиерот во која тој јавно порача дека „трпението му е при крај“ во однос на испораката на правдата од страна на обвинителството.Мицкоски на свечената академија за Св. Кирил…

Read More

Голем пожар избувна во Радовиш, каде според информациите објавени од М-НЕТ, гори објект на поранешна фабрика. Засега нема официјални информации за причините за пожарот, ниту дали има повредени лица или поголема материјална штета. На социјалните мрежи веќе се споделуваат снимки од густ чад и пламен што се издига над објектот, додека се очекува повеќе детали да соопштат надлежните институции и противпожарните служби.  

Read More

  Полицијата употреби гумени куршуми и солзавец за да ги отстрани од седиштето на главната опозициска партија Нардона републиканска партија (ЦХП) поддржувачите на поранешниот претседател на партијата, Озгур Озел, кои се барикадираа во зградата неколку дена. Членовите на партијата ги блокираа влезовите на зградата спротивно на судската наредба издадена во четврток како дел од истрагата за ЦХП. На 21 мај, Апелациониот суд во Анкара пресуди да го поништи 38-от конгрес на партијата во 2023 година, а како последица на тоа, отстранувањето на Озел од функцијата и враќањето на претходниот лидер на ЦХП, Кемал Киличдароглу. Одлуката се базираше на фактот дека…

Read More

Американскиот претседател Доналд Трамп го уверил израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека секој конечен договор со Иран ќе го вклучи и иранското нуклеарно досие, соопшти израелски претставник. Според него, за време на синоќешниот телефонски разговор на Трамп со израелскиот премиер, американскиот претседател јасно посочил дека останува цврст во преговорите во однос на своето барање за долгорочен прекин на иранската нуклеарна програма и трансфер на збогатениот ирански ураниум надвор од територијата на Иран. Трамп нагласил пред Нетанјаху дека нема да потпише никаков конечен договор доколку во него не фигурираат овие услови, изјавил изворот. За време на разговорот, Нетанјаху изјавил дека неговата земја…

Read More

Заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов, информираше дека во тек е голема координирана акција во Арачиново за одземање крадени огревни дрва. Според неговата објава, во акцијата учествуваат Министерството за внатрешни работи, Шумската полиција – Скопје и Подружницата за шумско стопанство „Бабуна“ – Велес. „Имаме голема акција на МВР, Шумската полиција – Скопје и Подружница за шумско стопанство ‘Бабуна’ – Велес, во која се одземаат крадени огревни дрва од Арачиново“, напиша Михаилов. Засега нема дополнителни информации за количината на одземените дрва, ниту дали има приведени лица.

Read More

Моменти на паника и тензии беа регистрирани во Арачиново за време на полициска потера која заврши со пукање од огнено оружје среде населено место. Жителите велат дека настанот предизвикал страв кај граѓаните, а дел од нив завршиле и во тешка емоционална состојба, известува ПорталX. Според очевидци, полициската единица „Алфа“ бркала камион низ улиците на селото, по што се слушнале истрели од автоматско оружје. „Тука се случи случај, единицата Алфа го бркаше камионот. Пукаа со оружје и ги исплашија децата. Има и бремени жени. Еве, и брзата помош дојде“, изјави еден жител. Друг граѓанин вели дека членовите на неговото семејство доживеале…

Read More

 Еден маж загина при уривање на деветкатна зграда во изградба во градот Анхелес на Филипините. Најмалку 20 работници остануваат затрупани под урнатините, соопштија локалните власти. Во часовите пред инцидентот во областа имало силни врнежи од дожд. Според властите, сепак, сè уште не е јасно дали тоа го предизвикало уривањето на зградата, која била планирана да биде хотелски и станбен комплекс. – Сè уште е премногу рано да се шпекулира што го предизвикало уривањето на зградата – изјави Џеј Пелајо, портпарол на градот Анхелес. – Спасувачките операции сè уште се во тек – додаде тој. Досега се спасени осум работници со…

Read More

Очигледно, кога недостигаат аргументи – најлесно е да се создава магла. Наместо дебата со факти, дел од таканаречените „еко-активисти“ продолжуваат со кампања на страв, навреди и дискредитации кон секој што ќе се осмели да постави прашање дали Македонија треба да ги користи сопствените природни ресурси.   Па дури и кога прашањето на маса го става највисока научна институција во Македонија – МАНУ. Сега и на академците кои ја работеле Стратегијата за геолошки истражувања и минерални суровини им кажуваат дека не знаат што зборат, а на медиумите кои ги пренесуваат заклучоците на МАНУ дека не знаат што пишуваат. Храбро, но далеку…

Read More

Автобус и автомобил марка „сеат“ се судрија на булеварот „Јане Сандански“ во скопската населба Аеродром. Според поставеноста на возилата по несреќата, можно е автомобилот да влегол и да се движел во обратна насока, но официјална потврда за причините за судирот засега нема. Очевидци велат дека на местото на несреќата биле забележани оштетувања на двете возила, а засега нема информации за повредени лица. Повеќе детали за сообраќајната несреќа се очекуваат од Министерството за внатрешни работи.

Read More

Повеќе од 200 лица починаа во епидемијата на ебола во Демократска Република Конго, од вкупно 867 пријавени случаи на сомнителна зараза, соопшти синоќа Министерството за здравство на земјата. Според официјалните податоци, 204 смртни случаи во три провинции на оваа голема централноафриканска држава најверојатно се предизвикани од вирусот. Во претходниот извештај на Светската здравствена организација (СЗО), објавен во петокот, беа наведени 177 сомнителни смртни случаи од 750 заразени лица. ДР Конго на 15 мај прогласи епидемија на ебола предизвикана од сојот бундибугио, против кој не постои вакцина ниту специфичен третман, а стапката на смртност достигнува и до 50%. Во земјата во…

Read More

Полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграција денеска во тетовско сопреле автобус „мерцедес“ сопственост на туристичка агенција, кој сообраќал на релација Германија-Македонија. Според информациите од МВР, автобусот бил управуван од 37-годишниот Р.Ф. од тетовското село Доброште. При прегледот на автобусот, во приколката биле пронајдени повеќе канти за кои, како што соопшти полицијата, не постоела соодветна документација и дозволи за транспорт. Дополнително, при контрола кај еден од патниците – 20-годишниот Ф.И. од Теарце – биле пронајдени пет пликоа со различни апоени во вкупна вредност од 34.965 евра. Од МВР велат дека парите биле…

Read More

 Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, изјави дека иранскиот преговарачки тим нема да прави компромиси со честа и достоинството на Иран. Пезешкијан дополнително изјави дека Иран е подготвен да го смири светот дека Иранците не сакаат нуклеарно оружје. Истовремено, иранската агенција „Тасним“ соопшти дека сè уште останува да се решат една или две точки во текот на преговорите меѓу САД и Иран за да се стави крај на војната.

Read More