НАЈНОВО
Автор: Press Online
Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 40-годишен жител на Битола, поради основано сомнение дека сторил кривични дела телесна повреда и противправно лишување од 140 слобода. Според информациите од Обвинителството, инцидентот се случил на 23 мај во раните утрински часови, кога осомничениот противправно ја затворил, ја држел затворена и телесно ја повредил 18-годишната девојка со која биле во блиски лични односи. Настанот започнал кога осомничениот со својот автомобил ја пресретнал младата девојка додека таа се враќала од матурска прослава. По нејзиното влегување во возилото, тој започнал да вози, и го одзел мобилниот телефон и не и дозволувал да замине. „Оштетената…
Ништо друго не прави ама затоа врти-сучи Мицкоски постојано му диктира задачи на јавниот обвинител Ненад Ало Савески. Како што му диктираше насоки по телефон, како што му делеше задачи со чувства од собраниската говорница, од телевизија, сега нова наредба од Мицкоски до Ало Савески. На празник, стои во соопштението на СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Трпението му било на крај, вели Мицкоски, во последната скандалозна нарачка. Има ли некого во земјата повеќе што не му е јасно дека судството и обвинителството во Македонија се под целосна контрола на Мицкоски и неговата организирана криминална група? Нема. Сите знаат. Затоа…
Вооружен маж синоќа отвори оган кон контролен пункт во близина на Белата куќа во Вашингтон, по што бил смртно ранет од агенти на Тајната служба, кои возвратиле на нападот, соопштија американските власти. Според соопштението на Тајната служба, која е задолжена за обезбедување на американскиот претседател и потпретседател – напаѓачот пукал кон агентите, кои возвратиле со оган. Осомничениот бил ранет и „пренесен во локална болница, каде подоцна починал“, се наведува во соопштението. Во престрелката бил ранет и случаен минувач, соопшти Тајната служба, без да ја прецизира неговата состојба. Американскиот претседател Доналд Трамп, кој во изминатите две години беше мета на три…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска искажа став за протестите на студентите кои бараат да полагаат правосуден испит на албански јазик и нагласи дека, колку и да има политика и интереси во наметнувањето на темата со употреба на јазиците при полагање на правосудниот испит, тој е подготвен за разговор, но само ако се постават низ правилната призма. „Заинтересиран сум и подготвен сум да помогнам во секој процес кој ќе значи подобро и посилно образование. Немам никаква задршка да се разговара на темите кои денеска се актуелни и секоја заедница да го има правото да напредува и да го употребува својот јазик, сè…
На 24.05.2026 околу 04:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека три лица со употреба на сила влегле во продажен објект на ул.„Тале Христов“ во Скопје, при што предизвикале пожар и заминале од местото. Пожарот е изгаснат од полициски службеници со противпожарен апарат, при гаснење на пожарот дваја полициски службеници вдишале чад и биле пренесени во Клиниката за токсикологија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“,
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека „конечните детали“ од договорот се во фаза на преговори и дека договорот би можел наскоро да биде објавен. Axios, повикувајќи се на американски функционер запознаен со преговорите, пишува дека договорот е речиси завршен, но дека сè уште има разлики во формулацијата на одредени точки. „Договорот сè уште не е потврден“Според досега објавените информации, рамковниот договор предвидува продолжување на прекинот на огнот на 60 дена. Во овој период, Ормускиот теснец треба да биде повторно отворен за пловидба, а Иран би можел послободно да извезува нафта. Во исто време, би се воделе преговори за ограничување…
Борбата против корупцијата, Обвинителството, патот кон ЕУ, образованието, протестите на студентите Албанци да полагаат правосуден испит на албански јазик беа дел од темите во денешниот говор на премиерот Христијан Мицкоски на свечената академија „Од слово до вечност“ на одбележувањето на Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј , 24 Мај, во црквата „Света Софија“ во Охрид. Премиерот рече дека го разбира незадоволството и негодувањата кај луѓето кои сè повеќе губат трпение од испораката на правдата. „Морам да признаам дека и јас не сум до крај задоволен и сметам дека може многу, многу подобро и со многу побрзи резултати. Немојте…
Неколку стотици граѓани ги носеа слоганите „Ние сме Вучиќ“, „Куманово за Вучиќ“ и „Скопје за Вучиќ“, знамињата на Србија и Северна Македонија за време на протестот во саботата. Медиумите кои се симпатизери на властите во Србија известуваа за „прекрасни сцени“ и зборуваа за „геополитичката тежина“ на овој собир. Македонската опозициска партија, СДСМ, тврдеше дека владејачката партија, ВМРО-ДПМНЕ, стои зад настанот и дека собирот бил организиран минатата недела во Скопје, на состанок меѓу потпретседателот на Владата на Република Македонија, Иван Стоиљковиќ, и претседателот на Српската напредна партија, Милош Вучевиќ. ВМРО-ДПМНЕ негираше дека стои зад организацијата на собирот, објави Н1. Весна Николиќ…
Најавата на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, дека Америка е блиску до договор со Иран за завршување на војната го вознемири републиканскиот сенатор Тед Круз, кој влезе во конфликт со еден од советниците на Трамп. Круз, кој се гордее со својата поддршка за Израел, повика САД да продолжат со воените напади врз Иран, на што му се придружи и колегата член на американскиот Сенат, Линдзи Греам. Овие двајца сенатори, заедно со неколку други американски политичари тесно поврзани со Израел, се залагаат за воена операција во Иран што би завршила со соборување на сегашната влада, што Круз го откри…
Турската полиција за немири испука солзавец и упадна низ портите на седиштето на главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) за да го отстрани нивното отстрането раководство, објави Ројтерс. Со ова насилно заврши повеќечасовниот конфликт меѓу членовите на Републиканската народна партија (ЦХП) и новото раководство назначено од судот. Турските судови пресудија за разрешување на лидерот на ЦХП, Озгур Озел, поништувајќи ги резултатите од конгресот на партијата на кој беше избран во 2023 година, со образложение дека се пронајдени неправилности. Озел и членовите на извршниот одбор на партијата беа суспендирани со пресудата, а им беше наредено да бидат заменети со Кемал Киличдароглу…
Додека јавноста сè уште чека одговори за тоа како директорот на НОМАГАС, Недим Рама, од рент-а-кар бизнис стигна до луксузни апартмани во Маврово, а притоа нема пријавено никаков имот до ДКСК, денеска отвораме уште едно важно прашање – медиумско-бизнис мрежата која стои зад промоцијата и заштитата на овој капитал, стои во соопштението на ДУИ, што МИА го пренесува интегрално. Да потсетиме, според јавно достапните документи и имотни листови, Недим Рама и Л.Х.се поврзуваат со недвижности во Маврово, односно со апартмани лоцирани во атрактивен туристички комплекс. Станува збор за имот кој во јавноста се промовира како луксузно сместување, а кој отвора…
Канадскиот актер Стјуарт Меклин, познат по своите улоги во „Вирџин Ривер“ и „Стрела“, е пронајден мртов откако беше пријавен за исчезнат неколку дена претходно. Канадскиот актер Стјуарт Меклин, кој публиката го виде во ТВ-сериите „Вирџин Ривер“ и „Стрела“, е пронајден мртов во Британска Колумбија, а полицијата ја истражува неговата смрт како убиство. Останките на 45-годишниот актер се пронајдени во областа Лајонс Беј. Меклин последен пат бил виден на 15 мај во неговиот дом во истиот град и бил пријавен за исчезнат три дена подоцна во полицијата во Сквамиш. Полицијата собира доказиИнтегрираниот тим за истрага на убиства на Канада соопшти дека…
