Автор: Press Online

Screenshot Со хумор и шега, од селото Куново објавија снимка на која се гледа како два зајаци „се тепаат“, а видеото брзо привлече внимание на социјалните мрежи. „Нарушени меѓузајачки односи во селото“, напишаа од Куново во описот на снимката. На видеото се гледа како двата зајаци стојат исправени и меѓусебно се оттурнуваат, оставајќи впечаток како да се во вистинска расправија. Куново се наоѓа во Општина Гостивар, а снимката предизвика бројни реакции и коментари кај корисниците на социјалните мрежи.. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)

Read More

Полската војска утринава ја активираше својата воена авијација во националниот воздушен простор како превентивна мерка за заштита на границите по масовните руски ракетни напади врз соседна Украина. Од воената команда на Полска нагласуваат дека целта е да се осигура безбедноста на полското небо, особено во подрачјата кои граничат со загрозените украински региони. Истовремено, во Киев одекнаа нови силни експлозии. Властите информираа дека нападот врз престолнината трае веќе неколку часа, а војската преку Телеграм ги повика жителите да останат во засолништата до повлекување на тревогата. Според информациите на градоначалникот Виталиј Кличко, погодена е најмалку една станбена зграда, при што загина едно…

Read More

Делото на светите браќа Кирил и Методиј е длабоко вкоренето во македонската национална историја, а денешниот ден не потсетува на нашата обврска достојно да го чуваме и негуваме македонскиот јазик, порачува ВМРО-ДПМНЕ во честитката по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители. – Нивното дело претставува еден од најзначајните темели на словенската цивилизација, култура и образование. Со создавањето на првата словенска азбука, глаголицата, Светите браќа Кирил и Методиј, овозможија ширење на словото Божјо на разбирлив и народен јазик, отворајќи пат кон писменоста, просветата и духовниот развој на словенските народи. Нивната мисија беше подоцна продолжена од нивните ученици, меѓу кои…

Read More

Српскиот претседател Александар Вучиќ пристигна денеска во петдневна официјална посета на Кина на покана на претседателот Шји Џинпинг.Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека претседателот Вучиќ ќе се сретне со претседателот Шји и премиерот Ли Чијанг, со кои ќе разговара за билатералните односи и меѓународните и регионалните прашања од заеднички интерес. Претседателот Вучиќ во делегацијата е придружуван од министри во српската влада, меѓу кои министерот за финансии Синиша Мали, министерот за одбрана Братислав Гашиќ, министерот за трговија Јагода Лазаревиќ и министерката за економија Адријана Месаровиќ.Вучиќ изрази уверување дека посетата ќе биде најзначајната во неговата политичка кариера и најави потпишување две…

Read More

Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер – над 50 километри на час. Локално, според најавите, процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер – над 60 километри на час и услови за изолирана појава на град. Минималната температура се очекува да биде во интервал од 9 до 16, а максималната да достигне од 21 до 28 Целзиусови степени. Во Скопје се очекува променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови…

Read More

Експлозија на гас во рудник за јаглен во северна Кина одзеде 82 животи, според државните медиуми, пренесе Си-Ен-Ен. „Спасувачките напори се уште се во тек. Бројот на жртвите сè уште се пресметува“, објави CCTV, додавајќи дека девет лица сè уште се водат како исчезнати. Не е јасно колку луѓе останале заробени во рудникот во покраината Шанкси. Претходно, државната новинска агенција Ксинхуа објави дека нивоата на јаглерод моноксид „ги надминале границите“ во рудникот за јаглен Лиушенју во градот Чангжи. Јагленот е клучен извор на енергија во Кина, кој напојува повеќе од половина од потрошувачката на енергија во земјата, и покрај напорите…

Read More

Буџетот е пред колапс, нема пари за поголеми плати, пензии, нема за мерки, обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, посочувајќи дека Владата не успеа да обезбеди подобар животен стандард за граѓаните, а состојбата во економијата е сериозно влошена.„Со Мицковски на власт се случува економска катастрофа. Нема пари за поголеми плати и пензии, нема пари за зголемување на минималната плата на 600 евра. Нема пари за земјоделците. Не само што нема зголемување на субвенциите, има намалување, а замислете, дел од земјоделците треба да вратат исплатени субвенции за 2024 година“, обвини Филипче.Тој потенцираше дека граѓаните не добиваат соодветна заштита…

Read More

Унгарскиот премиер Петер Маѓар донесе одлука со која се забранува увозот на земјоделски производи од Украина, се наведува во негова објава на социјалната мрежа Икс. Локалниот медиум „Хангари тудеј“ забележува дека во Унгарија веќе подолго време се водат жестоки дебати околу аграрната политика на Будимпешта во однос на украинскиот увоз. Министерот за земјоделство и храна, Соболч Бона, на социјалните мрежи појасни дека претходната власт го оставила ова прашање во состојба на правна неодреденост. Според него, ограничувањата донесени од владата на Фидес биле поврзани со вонредната состојба, па по нејзиното истекување, претходните владејачки структури направиле пропуст во планирањето и не ги…

Read More

Антикорупцискиот тим (АКТ) на СДСМ денеска обелодени наводен нов скандал поврзан со набавката на 150 нови автобуси за Скопје. Членот на Извршниот одбор на партијата, Јон Фрчкоски, на прес-конференција обвини дека тендерот пропаднал затоа што власта се обидела да го намести за компанија која понудила за 12 милиони евра повисока цена од конкуренцијата.Според Фрчкоски, преземањето на надлежностите за набавка на автобусите од страна на Министерството за транспорт немало за цел да се реши проблемот со јавниот превоз во главниот град, туку да се избере однапред договорена фирма, која тој ја поврза со унгарскиот премиер Виктор Орбан. Тој пред медиумите презентираше…

Read More

Министерството за транспорт подготвува законски измени кои ќе овозможат организирана изградба на дата-центри во земјава, како одговор на глобалните технолошки трендови поврзани со развојот на вештачката интелигенција. Ова денеска го соопшти вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, најавувајќи дека измените се веќе во завршна фаза.Според Николоски, станува збор за интервенции во Законот за урбанистичко планирање и Законот за градење. Целта е државата да води, како што рече тој, „паметна политика“ за привлекување на странски инвеститори кои би граделе големи дата-центри.Процесот на урбанизирање и градба на ваквите центри е планирано да се води централизирано во рамките на Владата. Идејата е…

Read More

На рускиот претседател Владимир Путин му снемува време да ја добие војната против Украина, во услови на ќор-сокак на бојното поле и растечки проблеми дома, изјави шеф на европски разузнавачки институт за Си-Ен-Ен . Во следните четири или пет месеци, Путин „можеби повеќе нема да може да преговара од позиција на сила“, рече Каупо Росин, шеф на Службата за надворешно разузнавање на Естонија, во интервју во седиштето на разузнавачката агенција во Талин. Росин детално ја опиша комбинацијата од економски, воени и општествени притисоци со кои се соочува Путин, што би можеле да го принудат на преговарачка маса. „Времето не е…

Read More

Министерството за транспорт излезе со остра реакција по денешната прес-конференција на СДСМ, категорично отфрлајќи ги обвинувањата дека тендерот за набавка на 150 електрични автобуси и полначи за Скопје бил местен. Од ресорното министерство истакнуваат дека СДСМ паушално обвинува за тендер кој воопшто не се реализирал бидејќи нема склучено договор, посочувајќи дека опозициската партија очигледно застапува нечии интереси.„Министерството за транспорт ја водеше постапката во целосно транспарентен процес и согласно Законот за јавни набавки. Иако тендерот пропадна, во интерес на јавноста ги објавуваме понудите и причините за отфрлање на секоја од нив“, се наведува во реакцијата.Колку чинеле понудите и зошто се отфрлени?Од…

Read More