Автор: Press Online
По зазвршување на протестот во Белград се случија инциденти во Пионирскиот парк. Група демонстранти фрлаа шишиња, факели и топовски удари во правец на паркот, каде што се наоѓа „Ќациленд“, каде што се собрани поддржувачи на СНС. Полициски кордон во опрема за немири е околу паркот. Припадници на Полициската бригада и жандармеријата, исто така, дојдоа во паркот. Репортерот Н1 известува дека некои млади мажи биле соборени на земја, а некои биле приведени од полицијата.
Швајцарската полиција истражува провала во домот на четирикратниот светски шампион во Формула 1, Ален Прост, во која тој, наводно, бил повреден. Инцидентот се случил во вторник наутро во Нион, а крадците избегале со пленот откако принудиле член на семејството да отвори сеф, објави Скај њуз. Според соопштението на локалната полиција, 71-годишникот претрпел повреда на главата откако „неколку маскирани лица провалиле во куќата“ околу 8:30 часот наутро. Швајцарскиот таблоид Блик објави дека Прост бил повреден, а дека неговиот син бил принуден да го отвори сефот. Државното обвинителство ги потврди деталите за нападот. „Сторителите влегле во живеалиштето додека биле присутни жителите, им…
„Креди Јес“ е финансиското друштво за брзи кредити на кое Министерството за финансии поради неправилности во работењето му ја одзеде лиценцата за работа, пишува „Фактор“. Финансиското друштво, зад кое стојат сопственици од Бугарија, ги затвора своите 40-тина филијали низ земјата, а исто така околу 120-тмина вработени добиле известување дека работењето е прекинато. Единствено „Креди Јес“ ќе има право како понатамошна активност да ги наплаќа своите побарувања. „Креди јес“ започна со работа во Македонија во 2019. За минатата година од околу 4 милиони евра приходи, направи добивка од околу 1,15 милиони евра. Министерството за финансии претходно објави дека е одземена дозволата…
По протестот во Белград на Студентското движење кое ги повика српските граѓани на голем протестен митинг денес на плоштадот Славија во Белград, како дел од кампањата „Студентите победуваат“, која бара предвремени парламентарни избори и демократизација на земјата, на улиците дојде до судир меѓу полицијата и дел од протестантите. Собирот започна во 13 часот на четири локации во Белград, а протестот во Славија се одржа од 18 до 20 часот. Протестот привлече десетици илјади луѓе. Немирите избувнаа по протестот. Полициска бригада интервенираше на улицата Крал Милан во Белград откако беше нападната. Ситуацијата беше мирна околу 20:15 часот, а полицијата, за разлика…
Градоначалникот на Битола најавува дека доколку директорката на училиштето каде без договор работел наставник згрешила, таа ќе одговара. ,Почитувани, Сакам да ја информирам јавноста дека внимателно ги следам случувањата со наставникот од ОУ „Тодор Ангелевски“ кој денеска преку медиуми информираше за неговиот случај со работното ангажирање. Дадов налог до општинскиот инспектор за образование да ги провери наводите изнесени од страна на наставникот и доколку се утврди дека се точни и вистинити, ќе покренам постапка за разрешување на директорката на училиштето. Сепак, да оставиме работите да се одвиваат согласно процедурите. Ви благодарам”, објави Тони Ќоњановски, градоначалник на Битола. Судот ќе расчистува…
Повеќе од 44.000 луѓе се евакуирани во неколку градови во Јужна Калифорнија, откако локалните власти предупредија дека оштетен резервоар со токсични хемикалии во воздухопловна фабрика во Оринџ Каунти неизбежно ќе попушти и потенцијално може да експлодира. Индустрискиот резервоар во објектот во Гарден Гров (Garden Grove) се проценува дека содржи околу 7.000 галони (околу 26.500 литри) метил метакрилат – „силно испарлива“ и „лесно запалива“ токсична супстанција која се користи во производството на пластика, изјави шефот на противпожарната служба во Оринџ Каунти, Крег Кови. – Ова ќе се случи, освен ако некој брилијантен човек не смисли како да го ублажиме овој инцидент…
„ДУИ е последната партија што може да зборува за српско влијание. Тоа се луѓето кои го донесоа Отворен Балкан во Северна Македонија, проект кој му служеше на Вучиќ, го заобиколи Косово и се обиде српската доминација во регионот да ја продаде како „економска соработка““, велат од ВЛЕН. „Затоа, наместо да прават политички циркус со обвинувања кон ВЛЕН, ДУИ нека ги запре хистериите и јавно нека одговори за своите политички врски и пријателства со луѓе како Владимир Стајиќ, име кое се поврзува со организирање собири за поддршка на Вучиќ. Нека им кажат на Албанците кој е овој човек, зошто е пријател…
Голем број полициски сили се стационирани во Пионерскиот парк во Белград, познат и како Ќациленд. Припадници на МУП исполнуваат дел од паркот пред градското собрание, додека дел од силите влегоа во самиот парк. Полицијата е целосно опремена за сузбивање на нереди, јавува Н1.
Кривичниот суд во Скопје го прифати предлогот на обвинителот и на возачот на камионот кој ја предизвика сообраќајната несреќа на обиколницата кај Скопје му определи 30-дневен притвор. –Доцна синоќа е определена мерка притвор на осомничениот за сообраќајката на обиколница, поради опасност од бегство и можност за повторување на кривичното дело, соошти денеска Кривичниот суд. Обвинителството бараше притвор за возачот поради можност од бегство и да го повтори делото. Седумдесет и шестгодишниот возач од Косово е осомничен за кривичното дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став…
Иран соопшти дека нуклеарното прашање не е дел од почетната рамка што ја подготвува за ставање крај на војната со САД. – Во оваа фаза нема да разговараме за деталите од нуклеарното прашање … одлучивме да му дадеме приоритет на едно итно прашање за сите нас: прекин на војната на сите фронтови, вклучително и во Либан – изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи, Есмаил Багаи, за државната телевизија. Тој додаде дека нуклеарното досие ќе биде „предмет на посебни дискусии“ во подоцнежна фаза.
Снимките од денешниот студентски собир на белградскиот плоштад Славија укажуваат дека тоа ќе биде еден од најголемите вакви собири досега, објави организацијата Архиви на јавни собири на социјалната мрежа X. „Проценката за повеќе од 100 илјади луѓе е тешка и нема да ги објавиме податоците вечерва“, соопшти Архивата на јавни собири. Оваа организација, исто така, ја предупреди јавноста за „очекуваната дезинформација и омаловажување на бројките од страна на полицијата и режимските медиуми“. 📍Slavija trenutno! Studenti pobeđuju!!! 23.05.2026. pic.twitter.com/2TCpNMB2H0 — Kreni-Promeni (@KPromeni) May 23, 2026 Студентското движење ги покани граѓаните на Србија на голем протестен митинг денес на белградскиот плоштад Славија…
Нов бран на атмосферска нестабилност попладнево го зафати Скопје и повеќе делови од државата, носејќи пороен дожд, силни налети на ветер и грмежи. Во Скопската Котлина веќе се активни врнежи проследени со засилен северен ветер, а во делови од градот се регистрираат и ретки електрични празнења. Според метеоролозите, условите во Скопје во текот на попладневните и вечерните часови дополнително ќе се влошуваат, со можност за интензивно невреме, краткотрајни поројни врнежи и ветер со брзина над 60 километри на час. Постои опасност и од локална појава на суградица, особено во северните и периферните делови на главниот град, каде облачните процеси се…
