Автор: Press Online

Антикорупцискиот тим (АКТ) на СДСМ денеска обелодени наводен нов скандал поврзан со набавката на 150 нови автобуси за Скопје. Членот на Извршниот одбор на партијата, Јон Фрчкоски, на прес-конференција обвини дека тендерот пропаднал затоа што власта се обидела да го намести за компанија која понудила за 12 милиони евра повисока цена од конкуренцијата.Според Фрчкоски, преземањето на надлежностите за набавка на автобусите од страна на Министерството за транспорт немало за цел да се реши проблемот со јавниот превоз во главниот град, туку да се избере однапред договорена фирма, која тој ја поврза со унгарскиот премиер Виктор Орбан. Тој пред медиумите презентираше…

Read More

Министерството за транспорт подготвува законски измени кои ќе овозможат организирана изградба на дата-центри во земјава, како одговор на глобалните технолошки трендови поврзани со развојот на вештачката интелигенција. Ова денеска го соопшти вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, најавувајќи дека измените се веќе во завршна фаза.Според Николоски, станува збор за интервенции во Законот за урбанистичко планирање и Законот за градење. Целта е државата да води, како што рече тој, „паметна политика“ за привлекување на странски инвеститори кои би граделе големи дата-центри.Процесот на урбанизирање и градба на ваквите центри е планирано да се води централизирано во рамките на Владата. Идејата е…

Read More

На рускиот претседател Владимир Путин му снемува време да ја добие војната против Украина, во услови на ќор-сокак на бојното поле и растечки проблеми дома, изјави шеф на европски разузнавачки институт за Си-Ен-Ен . Во следните четири или пет месеци, Путин „можеби повеќе нема да може да преговара од позиција на сила“, рече Каупо Росин, шеф на Службата за надворешно разузнавање на Естонија, во интервју во седиштето на разузнавачката агенција во Талин. Росин детално ја опиша комбинацијата од економски, воени и општествени притисоци со кои се соочува Путин, што би можеле да го принудат на преговарачка маса. „Времето не е…

Read More

Министерството за транспорт излезе со остра реакција по денешната прес-конференција на СДСМ, категорично отфрлајќи ги обвинувањата дека тендерот за набавка на 150 електрични автобуси и полначи за Скопје бил местен. Од ресорното министерство истакнуваат дека СДСМ паушално обвинува за тендер кој воопшто не се реализирал бидејќи нема склучено договор, посочувајќи дека опозициската партија очигледно застапува нечии интереси.„Министерството за транспорт ја водеше постапката во целосно транспарентен процес и согласно Законот за јавни набавки. Иако тендерот пропадна, во интерес на јавноста ги објавуваме понудите и причините за отфрлање на секоја од нив“, се наведува во реакцијата.Колку чинеле понудите и зошто се отфрлени?Од…

Read More

Руските истражни органи распишаа меѓународна потерница по поранешниот светски шампион во шах Гари Каспаров, под обвинение за јавно оправдување на тероризмот и за два случаи на кршење на правилата за дејствување на странски агенти. Каспаров, кој веќе е прогласен за странски агент во својата татковина и внесен во официјалниот регистар на терористи, претходно се соочи со одлука на Окружен суд во Москва, кој на 22 декември 2025 година му одреди мерка притвор во траење од два месеци. Оваа мерка треба да стапи во сила од моментот на неговото евентуално екстрадирање, депортирање или фактичко апсење на територијата на Руската Федерација. Првичното…

Read More

Жестока реторика и меѓусебни обвинувања за состојбата со државната каса бележат последните објави на министерката за финансии, Гордана Кочоска Димитриеска, и лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче. По серијата прес-конференции на опозицијата, министерката упати јавен повик до нивниот економски тим за средба во Министерството, на што Филипче одговори потврдно, но под услов дебатата да биде отворена за јавноста и медиумите.Министерката Кочоска Димитриеска во својата објава ги карактеризираше настапите на опозицијата како „хистерични“, полни со „невистини“ и „очајни политички конструкции“. Таа повика на дебата заснована на бројки, тврдејќи дека опозицијата „не стои баш добро“ со нив.„Ние ја стабилизираме државата што ја…

Read More

Автомобил удри во велосипедист кај Мавровка, потврдија од МВР за „Фокус“. Денеска (23.05.2026) во 13:56 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.”Гоце Делчев” во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило “фолксваген тигуан” со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Р.(52) од Скопје и велосипед управуван од П.Д.(66) од Скопје кој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники “Мајка Тереза”. Извршен е увид од екипа на СВР Скопје. Извор: fokus.mk

Read More

Соединетите Американски Држави ја проширија привремената забрана за влез на американска територија за патници од Демократска Република Конго, така што рестрикциите отсега ќе важат и за сопствениците на американски соодветни дозволи за постојан престој (Зелена карта), како последица на епидемијата на ебола што беснее во оваа африканска држава. Покрај ДР Конго, нови случаи на опасниот вирус на ебола неодамна беа регистрирани и во Уганда, како и во Јужен Судан. Според новата, проширена верзија на регулативата, забраната за влез во САД директно ги зафаќа и сите сопственици на „Зелена карта“ кои во претходните 21 ден престојувале или биле во транзит низ…

Read More

Повреден планинар денеска беше успешно спасен на планината Кораб, откако преку Единствениот број за итни повици 112 била пријавена несреќата. Како што информираат од Центарот за управување со кризи, планинарот поради повредата не бил во состојба самостојно да се движи. По добиената пријава, РЦУК Тетово веднаш координирал акција со СВР Тетово, Полициската станица Маврово и ЈП „Национален парк Маврово“, со цел брза интервенција на терен. Ренџерите од Националниот парк успеале да го лоцираат повредениот планинар, кој бил во стабилна состојба, по што започнала акција за негово безбедно спуштање кон селото Жужње. Во селото планинарот бил преземен од екипа на Итната…

Read More

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, го прифати повикот на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска за средба во Министерството, но побара таа да биде целосно отворена за јавноста и на неа да присуствуваат медиумите со амери. Ваквата реакција доаѓа по јавната покана на министерката до економскиот тим на опозицијата со цел да се соочат економските аргументи и бројки. Филипче, преку објава на неговиот профил на Икс, нагласи дека опозицијата е подготвена за директно соочување, но инсистира на целосна транспарентност пред граѓаните. Министерката Кочовска нè повикува на средба за „убаво да ги објасниме работите“. Добро. Доаѓаме. Но да дојдат и медиумите со…

Read More

Папата Лав Четиринаесетти денеска престојува во посета на јужноиталијанскиот регион познат како „Земја на огновите“, каде што локалната мафија со децении вршела нелегално исфрлање и палење на токсичен отпад. Посетата се реализира во пресрет на 11-тата годишнина од објавувањето на големата еколошка енциклика на претходниот папа Франциск под наслов „Слава тебе“ (Laudato si’). Со овој чекор, новиот поглавар на Римокатоличката црква ја потврдува својата силна посветеност за продолжување на еколошката политика на Ватикан. Минатата година, Европскиот суд за човекови права ги потврди тужбите на повеќе генерации жители од овој регион, утврдувајќи дека мафијата е одговорна за сериозното загадување на почвата…

Read More

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, упати јавен повик до економскиот тим на опозициската СДСМ на заедничка средба во Министерството, со цел, како што вели, да се разјаснат економските состојби со реални бројки, наспроти „хистеричните прес-конференции полни со невистини“. Според министерката, опозицијата изнесува погрешни толкувања и паника во јавноста, иако официјалните економски показатели покажуваат стабилност и раст. Димитриеска-Кочоска во објава на нејзиниот официјален профил на Фејсбук, прави паралела помеѓу состојбата во јавните финансии за време на претходната власт додавајќи оти во јуни 2024 година државната каса била оставена во исклучително тешка состојба. Таа вели дека просечниот раст од 2017 до 2024…

Read More