Автор: Press Online

Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска изнесе нови тврдења поврзани со имотната состојба и деловните активности на директорот на НОМАГАС, Недим Рама, повикувајќи ги надлежните институции веднаш да го испитаат потеклото на неговиот капитал. Од партијата велат дека Рама се јавува како косопственик на компанијата за изнајмување автомобили „ЛИНЕ ЛТД ДОО Скопје“, заедно со Анид Шазивари, за кого тврдат дека е партиски донатор на коалицијата Влен. Според ДУИ, оваа фирма се наоѓа на официјалната листа на рент-а-кар компании на Меѓународниот аеродром „Скопје“. „Го прашуваме Недим Рама: со колкав капитал и од кои извори се обезбедени средствата за набавка на овие…

Read More

Словачкиот премиер Роберт Фицо им порача на европските политичари да престанат јавно да ги осудуваат неговите средби со рускиот претседател Владимир Путин, додека, како што тврди тој, приватно од него бараат информации за содржината на тие разговори, пренесува ТАСС. Говорејќи на средба со словачки студенти, Фицо оцени дека во рамките на Европската Унија мора итно да се обнови директната комуникација со Москва, наместо туѓите контакти со руското раководство истовремено да се критикуваат и да се користат како извор на информации за сопствени потреби. – Не може тоа така да функционира: одам на состанок со претседателот Путин, сите јавно ме прекоруваат,…

Read More

Граѓани од скопската општина Кисела Вода реагираат на дупка на улицата „Емил Зола“, во близина на зградата „Пегла“, која веќе подолг период претставува ризик за возачите. Според објави на социјалните мрежи, некој од жителите поставил картонска кутија околу оштетениот дел од асфалтот со цел да ги предупреди возачите и да ги натера да ја избегнуваат дупката. „Веројатно не сум единствената на која ѝ пречи ‘кратерот’. Улицата е вака оштетена повеќе од две недели, се надевам дека нема да се дозволи некој да настрада или да си го оштети возилото, за да се реагира со поправка. Се работи за пропаднат асфалт…

Read More

Потпретседателот на владата Иван Стоиљковиќ поднесува тужба до лидерот на СДСМ Венко Филипче во врска со неговите обвинувања дека работи за српската тајна служба и дека е во дослух со Владимир Путин. Филипче овие обвинувања ќе мора да ги докаже на суд а казната што ќе ја плати ќе оди во Психијатриската болница во Бардовци која не успела да ја превенира неговата состојба пишува Стоиљковиќ сугерирајќи на можни психички проблеми кај лидерот на СДСМ. ,,Болните фантазии и подмолните фиксации што Венко Филипче во континуитет веќе подолго време ги лансира од претседателската фотелја во СДСМ, конечно добија официјална дијагноза – во…

Read More

Украинскиот претседател Володимир Зеленски упати официјално писмо до лидерите на Европската Унија, во кое го оцени германскиот предлог за доделување „асоцијативно“ членство на Украина како „неправедно“, бидејќи со тоа Киев би останал без право на глас во блокот. Претходно, германскиот канцелар Фридрих Мерц, исто така во писмо до европските лидери, предложи Украина да добие нов статус на „асоцијативен член“ на ЕУ. Тоа би им овозможило на украинските претставници да учествуваат на самитите на ЕУ и на министерските состаноци, но без право на учество во гласањето. Според Мерц, ова е замислено како привремена фаза кон полноправна интеграција, што воедно би ги…

Read More

Погребот на првенецот на Македонската опера и балет, баритонот Ристе Велков, ќе се одржи денеска, 23 мај 2026 година, на гробиштата во скопската населба Нерези. Од Националната опера и балет информираа дека телото ќе биде изложено во капелата во 15:00 часот, додека погребната церемонија ќе започне во 16:00 часот. Матичната куќа со голема жалост се прости од својот долгогодишен истакнат член кој остави голем белег на сцената. „Со длабока почит и тага ќе се простиме од нашиот колега, уметник и пријател, чиј исклучителен глас и уметничко творештво оставија неизбришлива трага во македонската оперска уметност“, стои во објавата. Оперскиот уметник е…

Read More

Илјадници граѓани излегоа синоќа на масовни протести во украинскиот главен град Киев, упатувајќи итен апел до Владата да го поништи неодамна донесениот закон за кој семејствата на исчезнатите војници тврдат дека овозможува нивните блиски предвреме да бидат прогласени за мртви. Спорниот закон, кој беше усвоен во февруари годинава, го регулира правниот статус на исчезнатите лица. Критичарите на овој нормативен акт алармираат дека тој им дава правна можност на судовите законски да ги прогласат за починати исчезнатите украински војници, пред воопшто со сигурност да биде утврдена нивната крајна судбина на бојното поле. Според националниот комесар за исчезнати лица, Артур Добросердов, во…

Read More

Пратеникот и поранешен министер Оливер Спасовски оцени дека застојот на Македонија на патот кон Европската Унија не е последица на „францускиот предлог“, туку на, како што рече, недостигот на политичка волја кај актуелната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, Спасовски порача дека владејачкото мнозинство треба да понуди конкретен излез од актуелната состојба, наместо да продолжува со политички популизам. Според него, СДСМ во минатото прифатил компромис кој бил „реален и во интерес на државата“, но процесот бил блокиран од тогашната опозиција. „Тогаш имавме неодговорна опозиција која мислеше исклучиво на сопствениот и на партискиот рејтинг. Нивната процена беше…

Read More

Министерството за финансии одзеде дозвола за работа на едно од поголемите финансиски друштва на пазарот, откако со вонреден надзор спроведен по пријава од граѓанин беа утврдени сериозни повреди на законски обврски. Надзорот утврди грубо прекршување на законските прописи, постапување спротивно на правилата за заштита на корисниците и практики со кои директно биле доведени во ризик граѓаните – корисници на финансиски услуги. Поради тежината на утврдените прекршоци и сериозноста на констатираните неправилности, Министерството за финансии во мај донесе решение за одземање на дозволата за работа на финансиското друштво. Министерството за финансии и во 2026 година продолжува со засилени теренски и вонтеренски…

Read More

Странските државјани кои сакаат да аплицираат за американската „Зелена карта“, во иднина ќе мора да ја покренат процедурата надвор од територијата на САД, согласно новото правило на администрацијата на претседателот Доналд Трамп, јави агенцијата ДПА. Службата за државјанство и имиграција на САД (УСЦИС) вчера соопшти дека отсега секој странски државјанин кој престојува привремено во САД, а сака да добие „Зелена карта“, ќе мора да се врати во својата матична земја за да поднесе барање, освен во вонредни и исклучителни околности. Досегашната пракса им овозможуваше на странците, вклучувајќи ги туристите и студентите, под одредени услови да аплицираат за постојан престој додека…

Read More

Додека недовербата кон политиката „Америка на прво место“ се шири низ Европа, Србија се движи во спротивна насока и станува едно од ретките места на континентот каде што расте симпатијата кон САД и Доналд Трамп, пишува српскиот претседател Александар Вучиќ во колумна за Фокс њуз. Вучиќ тврди дека за време на првиот мандат на Трамп, тој имал сосема поинакво искуство од она што, според него, го имале многу европски лидери. Тој наведува дека Трамп и неговите соработници ги слушале ставовите на Србија „сериозно и без предрасуди“ и дека за прв пат Србија се чувствувала третирана со почит, а не со…

Read More

„Законот за правосуден испит не вели дека испитот треба да се одржи на македонски јазик. Законот за јазици има одредба која вели дека ако не се хармонизирани другите закони во рок од една година, ќе се применуваат одредбите од Законот за употреба на јазиците“, изјави пратеникот од едното од неколкуте крила на Алијанса за Албанците, Халил Снопче по протестите на студентите Албанци за полагање правосуден испит на албански јазик. По ова прашање, смета дека има кругови кои не сакаат развој и кои се заинтересирани за статус-квото и за продолжувањето на блокадите. -Тие не сакаат да одиме напред со реформите и…

Read More