НАЈНОВО
Автор: Press Online
Научници од универзитетот Оксфорд развиваат нова вакцина против ебола за справување со епидемијата на оваа болест, која брзо се шири во Демократска Република Конго. Оксфордската група за вакцини (ОВГ) ја користи истата технологија врз која се засноваше вакцината против Ковид-19 за да развие нова вакцина специфична за сојот на вирусот ебола во сегашната епидемија. За реткиот вид на ебола што во моментов се шири во Демократска Република Конго (ДРК), познат како Бундибуџо (Bundibugyo), нема докажана вакцина и тој убива 30 до 50 отсто од заразените. Бундибуџо претходно предизвика само две епидемии – во Уганда во 2007 година, а потоа во…
Комисијата за култура на СДСМ упати остри критики до градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, реагирајќи на неговата организација на настан и дебата по повод Денот на Европа (9 Мај) дури на 22 мај. Опозициската партија го обвини градоначалникот за недостиг на чувство за време, организација и реална посветеност кон културните процеси.Во соопштението, од СДСМ иронично забележуваат дека времето кај Ѓорѓиевски „очигледно тече по некој специјален календар“. Според нив, доколку се продолжи со вакво темпо, престижната титула „Скопје – Европски град на културата 2028“ граѓаните би можеле да ја дочекаат дури во 2030 година.„Добро е што конечно се организира дебата за…
Министерство за транспорт кратко и без образложение информира дека Државната комисија по жалби за јавни набавки, по службена должност донела решение за поништување на јавната набавка за електрични автобуси и електрични полначи.Од Министерството посочуваат дека согласно своите надлежности, предметната јавна набавка повторно ќе биде објавена согласно законските прописи и во најбрз можен рок.Јавниот повик за набавка на 150 електрични автобуси и 75 полначи беше објавен на 27 февруари годинава.Унгарски „Икарус“ и австриска „ЕВН“ избрани за набавка на 150 нови електрични автобусиМинистерството за транспорт, тогаш соопшти дека по извршената евалуација на понудите, избрана е заедничката понуда на унгарската компанија „Електробус –…
Републиканските лидери во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес неочекувано го откажаа гласањето за резолуцијата со која се бараше прекин на војната со Иран, освен доколку претседателот Доналд Трамп не добие официјално одобрение од Конгресот. Оваа одлука уследи два дена откако Сенатот на САД веќе усвои слична мерка. Гласањето беше предвидено да се одржи вчера доцна попладне, непосредно пред заминувањето на конгресмените од Вашингтон на одмор по повод Денот на сеќавањето. По откажувањето на процедурата, Демократите објавија дека обезбедиле доволна поддршка за усвојување на резолуцијата, која воведува ограничувања за Трамп во Домот каде што републиканците инаку го имаат мнозинството. Претставничкиот дом…
Специјалистите по медицина на труд во Македонија, како и во соседните земји, се потпираме на индивидуалната проценка врз одамна застарени законски прописи и правилници, односно доколку лицето ги поминало тестовите за вид, слух, нема дијагнози, лекови итн, тој е “способен” и за тешка категорија со проценет висок ризик дури и на 76 годишна возраст. Медицината на труд во развиениот свет користи доста посуров, но доста поправеден критериум: Правилото од 1% (Acceptable Risk of Sudden Incapacitation). Таму дури и најздравиот 76-годишен маж, без никаква историја на болести, според SCORE калкулаторите (како SCORE2-OP) има статистички ризик од над 2% годишно за тежок…
Војната во Украина достигна одлучувачка фаза која бара од сојузниците да ја засилат својата поддршка и да го зголемат притисокот врз Русија, соопшти украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха по состанокот на Советот НАТО-Украина одржан во Хелсингборг. Сибиха на социјалната мрежа Икс нагласи дека Украина цврсто ги држи своите позиции и дека големиот број руски војници повеќе не претставува одлучувачка предност на теренот. Според него, за постигнување мир потребно е фокусот да се стави на три клучни елементи: дипломатија, притисок и сила, со истовремено зајакнување на таргетираните санкции кон Москва. Украинскиот министер ги информираше партнерите и за зголемените закани…
Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова уверува дека безбедноста е на највисоко ниво и дека нема логичен основ за шпионажа. Вели дека сите дописи што ги добива од НАТО, Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање и генералштабот се во печатена форма и оти никој освен неа ги нема видено. – Обвинување за шпионажа е многу сериозно обвинување и мислам дека нема логичен основ за тоа. Ќе објаснам зошто. Имено, шпионажата се однесува на класифицирани или на строго доверливи податоци. Не знам колку знае јавноста, но во Кабинетот не постои електронска мрежа на класифицирани податоци, односно на податоци од доверлив или…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 76-годишен државјанин на Косово. Тој е осомничен за сторено кривично дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, согласно член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. Опис на сообраќајната несреќа Несреќата се случила на северната обиколница на Скопје, во насока од запад кон исток, објави 4news.mk Осомничениот управувал товарно возило „МАН“ со полуприколка со косовски регистарски таблички. Според наводите на истрагата, возачот: Не се придржувал кон сообраќајните прописи и не ја приспособил брзината на движење кон…
Владимир Путин не посетил ниту еден руски регион откако се врати од Кина, иако ваквите посети беа норма во претходните години. Како резултат на тоа, според пресметките на медиумот „Агентство“, паузата во неговите патувања низ земјата, во услови на зголемена фреквенција на напади на украинските вооружени сили, пораснала на 196 дена – рекорд што дури го надминува и карантинот поради Ковид-19 (претходниот рекорд беше 132 дена, поставен во 2020 година). Последен пат кога Путин патуваше надвор од регионите каде што живее беше на 6 ноември 2025 година, на еден ден во Самара. Оттогаш, сите негови јавни настани се одржуваат…
„Жално е што сѐ уште треба студенти Албанци, кои се државјани на оваа држава да протестираат за нешто толку базично, како што е правото на јазик. Јас знам дека оваа тема е секогаш контенциозна во Македонија, но секогаш сум се надевала дека доаѓаме до еден степен каде што сме ги преминувале овие теми и дека сме прифатиле дека сите сме дел од истото општество. Но доаѓаат вакви моменти каде ти е јасно, дека сѐ уште можеби немаме такво разбирање едни за други“, изјави за „Трилинг“ Лура Положани, истражувач на Универзитетот во Грац, говорејќи околу протестите на студентите за правосудниот испит…
Министерството за финансии и Владата си ја префрлаат одговорноста за тоа кој треба да каже дали вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, кој повеќе од два месеци не се појавил на владина седница, и натаму ја прима државната плата за функцијата, пишува „СДК.мк“. Фетаи и покрај непојавувањето на работното место, и натаму не е разрешен и формално ја врши вицепремиерската функција. Тој со неодењето на работа ги повредува сите закони (Закон за работни односи, Закон за плата и другите надоместоци на избрани и именувани лица). Премиерот Христијан Мицкоски деновиве повеќепати одби да одговори колку точно време Фетаи не доаѓа на работа…
Тулси Габард сподели изјава на Икс, потврдувајќи дека поднесува оставка од функцијата директор на Националното разузнавање, наведувајќи ја болеста на нејзиниот сопруг. Во писмото за оставка, кое првично го објави Фокс њуз, Габард му кажува на претседателот дека е „длабоко благодарна за довербата што ми ја дадовте и за можноста да ја водам Канцеларијата на директорот на Националното разузнавање во последните година и пол“. „За жал, морам да поднесам оставка, која стапува на сила на 30 јуни 2026 година. На мојот сопруг, Абрахам, неодамна му беше дијагностицирана исклучително ретка форма на рак на коските“. Нејзиниот сопруг „се соочува со…
