Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Универзитетот Оксфорд развива вакцина против ебола за справување со епидемијата

23 мај 2026

СДСМ до Орце Ѓорѓиевски: Денот на Европа го одбележува со 15 дена задоцнување, страв ни е елката да не ја кити за Велигден

23 мај 2026

Поништена e јавната набавка на 150 електрични автобуси и 75 електрични полначи

23 мај 2026

Републиканците во Конгресот го откажаа гласањето за резолуцијата за запирање на војната со Иран

23 мај 2026

Др Ефкоски-Кој смее да управува со возило од тешка категорија?

23 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
сабота, мај 23
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

СДСМ до Орце Ѓорѓиевски: Денот на Европа го одбележува со 15 дена задоцнување, страв ни е елката да не ја кити за Велигден

Press OnlineBy Press Online23 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Комисијата за култура на СДСМ упати остри критики до градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, реагирајќи на неговата организација на настан и дебата по повод Денот на Европа (9 Мај) дури на 22 мај. Опозициската партија го обвини градоначалникот за недостиг на чувство за време, организација и реална посветеност кон културните процеси.

Во соопштението, од СДСМ иронично забележуваат дека времето кај Ѓорѓиевски „очигледно тече по некој специјален календар“. Според нив, доколку се продолжи со вакво темпо, престижната титула „Скопје – Европски град на културата 2028“ граѓаните би можеле да ја дочекаат дури во 2030 година.

„Добро е што конечно се организира дебата за културата, но уште подобро би било градоначалникот да покаже малку повеќе чувство за време. Скопје не станува европски град на културата со задоцнети кафе-разговори и протоколарни фотографии, туку со работа, визија, проекти и грижа за културните работници и институции“, се наведува во реакцијата на Комисијата за култура на СДСМ.

Од партијата му порачаа на градоначалникот „малку да запне“, потсетувајќи го дека Европа не чека на никого и дека главниот град заслужува многу повеќе од, како што велат, политички пи-ар со задоцнување.

На крајот од соопштението, СДСМ испрати уште една саркастична порака до Ѓорѓиевски: „Со ова темпо, страв ни е да не почнеш и новогодишната елка да ја китиш за Велигден“.

Поврзани содржини

Поништена e јавната набавка на 150 електрични автобуси и 75 електрични полначи

23 мај 2026

Др Ефкоски-Кој смее да управува со возило од тешка категорија?

23 мај 2026

Сиљановска-Давкова: Безбедноста е на највисоко ниво, нема логичен основ за шпионажа

22 мај 2026
НАЈНОВО

Универзитетот Оксфорд развива вакцина против ебола за справување со епидемијата

23 мај 2026

СДСМ до Орце Ѓорѓиевски: Денот на Европа го одбележува со 15 дена задоцнување, страв ни е елката да не ја кити за Велигден

23 мај 2026

Поништена e јавната набавка на 150 електрични автобуси и 75 електрични полначи

23 мај 2026

Републиканците во Конгресот го откажаа гласањето за резолуцијата за запирање на војната со Иран

23 мај 2026

Др Ефкоски-Кој смее да управува со возило од тешка категорија?

23 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.