Автор: Press Online

Генералниот секретар на Светската здравствена организација, Тедрос Адханом Гебрејесус денеска изјави дека епидемијата на ебола во Демократската Република Конго рапидно се шири и претставува висок ризик на национално ниво. Тој додаде дека СЗО ја ревидираше својата процена на ризик во ДР Конго, оценувајќи ја како многу висок ризик. – Ризикот е на високо ниво за регионално ширење на заразата и низок на глобално ниво, посочи Гебрејесус. Тој истакна дека во ДР Конго се потврдени 82 случаи на ебола, со седум потврдени смртни случаи, но се претпоставува дека бројката е многу поголема. Гебрејесус посочи дека сега има речиси 750 сомнителни случаи…

Read More

МВР информира дека на 22 мај 2026 година на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.А.(37), државјанин на Индија.   При преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок објави Скопје1.мк

Read More

Турција се подготвува да ја претвори својата стратегија „Сина татковина“ во закон, формализирајќи го како државна политика zемањето  поголема контрола врз Егејското и Источното Средоземно Море, што ги алармира во Атина и Брисел. „Сината татковина“ е турска ревизионистичка доктрина која ги доведува во прашање постојните граници во југоисточниот Медитеран. Доколку законот биде усвоен, Анкара формално ќе го оспори суверенитетот на повеќе од 150 острови во Егејот. Анкара тврди дека морските граници во Егејското Море треба да се повлечат приближно по средната линија помеѓу грчкото копно и турскиот брег. Нејзиното главно тврдење е дека грчките острови во близина на турското копно…

Read More

СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.Ѓ.(40) од Демир Хисар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „посебни случаи на фалсификување исправи“. Пријавениот, во март 2024 година, како професор – приправник во средно училиште во Демир Хисар, го фалсификувал потписот на професорот ментор во истото училиштето и на „Извештај за совладување на основните професионални компетенции на наставникот-приправник и неговата подготвеност за полагање на стручниот испит“, го заверил документот како вистинит и го доставил кај секретарот на училиштето.

Read More

  Недостатокот на напредок на фронтот, растечките загуби, сè поуспешните украински напади со дронови и економската криза, придружена со постојани исклучувања на интернетот по барање на безбедносните служби, го принудуваат руското раководство да погледне поотрезвено на војната што ја водат. Нервозата што почна да се појавува во општеството ја делат многу членови на елитата, а некои високи функционери на Кремљ веруваат дека конфликтот стигнал до ќор-сокак без јасен пат кон решавање, објавува Блумберг, повикувајќи се на информирани извори. Владимир Путин, според еден од овие луѓе, има намера да ја продолжи војната, но би сакал да ја заврши до крајот на…

Read More

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска учествува на министерскиот состанок на НАТО што се одржува во Хелсингборг, Кралството Шведска. Пред почетокот на самитот, тој истакна дека оваа средба претставува клучна дестинација за евалуација на досегашните воено-политички постигнувања и подготовка за следните стратешки чекори на Алијансата. „Средбата претставува важна можност, речиси една година по самитот во Хаг, ‘да се види она што е постигнато од Хаг, но и во пресрет на претстојниот многу важен самит во Анкара’, соопшти МНРиНТ.“ Шефот на македонската дипломатија посочи дека главните теми на сојузниците ќе бидат насочени кон модернизација на воените капацитети…

Read More

Најмалку четворица загинати, а 35 деца се повредени во синоќешниот украински напад со дрон врз ученички дом во градот Старобилск, Луганск, што е под руска контрола. Руската комесарка за човекови права Јана Лантратова изјави дека во времето на нападот, 86 тинејџери на возраст од 14 до 18 години спиеле во домот на Старобилск колеџ, што е дел од Педагошкиот универзитет во Луганск. – Вооружените сили на Украина извршија целен напад врз деца што спијат, истакна Лантратова. Луганск е еден од четирите украински региони анектирани од Русија во 2022 година, што Киев и поголемиот дел од меѓународната заедница го сметаат за…

Read More

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) поднесе пријава до Јавното обвинителство против поранешни членови на Управниот и на Надзорниот одбор на ТЕЦ Неготино, наедно распоредени на директорски позиции во организациони единици во ТЕЦ Неготино. „По статусната промена и соединувањето на АД ТЕЦ Неготино кон АД ЕСМ-Скопје, по престанок на функциите, како членови на управниот одбор, овие лица останале во работен однос во АД што било незаконски, бидејќи вработувањето во трговските друштва во државна сопственост единствено е преку јавен оглас. Оправдување за таквиот начин на вработување биле менаџерските договори врз основа на кои им било овозможено да изберат дали ќе…

Read More

Изјава на Оливера Костова, претставник на Здружение на вработени во сектор игри на среќа „Сакам да работам“, Скопје, 22 мај 2026 година Причината за денешниот протест е Законот за игри на среќа кој Владата набрзина му го предложи на Собранието. Тие што го подготвувале законот не сметале дека треба да го чујат нашето мислење и искуство пред да го предложат.   Сигурно се прашувате зошто протестот е овде во трговскиот центар Лептокарија? Токму оваа локација е потврда дека предлогот на Владата за дистанца од 500 метри е предлог за затворање на легалните објекти за игри на среќа. Затоа, ние вработените…

Read More

Експлозија во петрохемиската фабрика на унгарската нафтена и гасна група MOL во источниот унгарски град Тишаујварош одзеде еден живот и сериозно повреди неколку лица, соопшти компанијата во петок. Унгарскиот премиер Петер Маѓар објави на Фејсбук дека неговиот министер за економија Иштван Капитани и извршниот директор на MOL, Жолт Хернади, се на пат кон фабриката. Маѓар, исто така, објави фотографија на која се гледаат огромни облаци од црн чад што се издигаат од фабриката. „Експлозијата се случи на локацијата на MOL Petrochemicals во Тишаујварош за време на рестартирањето на фабриката Олефин-1. Пожарникарите го локализираа пожарот и интервенцијата сè уште е во…

Read More

На 21. 05.2026 во 23:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница на Град Скопје, помеѓу надвозник Визбегово и клучка Мирковци, Б.Б.(76) од Косово, управувајќи товарно возило – влекач „ман“ со полуприколка со косовски национални ознаки, изгубил контрола над возилото и со него преминал преку металната ограда во спротивната насока на автопатот при што се судрил со патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.В.(51) од Скопје. Од сударот настанал пожар во двете возила од кој патничкото возило и кабината на влекачот целосно изгореле. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Од…

Read More

Македонската јавност и социјалните мрежи се преплавени со изрази на сочувство, болка и неверување по страшната сообраќајна несреќа во која животот го загубија неколку лица, меѓу кои и познатиот оперски пејач Ристе Велков. Преку објави на блиски роднини и колеги од естрадата, излегоа нови детали кои потврдуваат дека во трагедијата згаснал и животот на неговиот малолетен син Адам. Таткото и синот заедно заминаа во вечноста, а семејството и пријателите се простуваат од нив со потресни пораки. „Мојот сакан внук Riste Velkov и неговиот син, мој помал внук Адам Велков. Мили мои, нека ви е светол патот кон вечноста“, напиша нивната…

Read More