НАЈНОВО
Автор: Press Online
Експлозија во петрохемиската фабрика на унгарската нафтена и гасна група MOL во источниот унгарски град Тишаујварош одзеде еден живот и сериозно повреди неколку лица, соопшти компанијата во петок. Унгарскиот премиер Петер Маѓар објави на Фејсбук дека неговиот министер за економија Иштван Капитани и извршниот директор на MOL, Жолт Хернади, се на пат кон фабриката. Маѓар, исто така, објави фотографија на која се гледаат огромни облаци од црн чад што се издигаат од фабриката. „Експлозијата се случи на локацијата на MOL Petrochemicals во Тишаујварош за време на рестартирањето на фабриката Олефин-1. Пожарникарите го локализираа пожарот и интервенцијата сè уште е во…
На 21. 05.2026 во 23:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница на Град Скопје, помеѓу надвозник Визбегово и клучка Мирковци, Б.Б.(76) од Косово, управувајќи товарно возило – влекач „ман“ со полуприколка со косовски национални ознаки, изгубил контрола над возилото и со него преминал преку металната ограда во спротивната насока на автопатот при што се судрил со патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.В.(51) од Скопје. Од сударот настанал пожар во двете возила од кој патничкото возило и кабината на влекачот целосно изгореле. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Од…
Македонската јавност и социјалните мрежи се преплавени со изрази на сочувство, болка и неверување по страшната сообраќајна несреќа во која животот го загубија неколку лица, меѓу кои и познатиот оперски пејач Ристе Велков. Преку објави на блиски роднини и колеги од естрадата, излегоа нови детали кои потврдуваат дека во трагедијата згаснал и животот на неговиот малолетен син Адам. Таткото и синот заедно заминаа во вечноста, а семејството и пријателите се простуваат од нив со потресни пораки. „Мојот сакан внук Riste Velkov и неговиот син, мој помал внук Адам Велков. Мили мои, нека ви е светол патот кон вечноста“, напиша нивната…
Премиерот во заминување на Словенија, Роберт Голоб, изјави дека парламентарните избори одржани на крајот на март се нелегитимни поради директно мешање на израелските разузнавачки служби – пренесува словенечката национална телевизија РТВ Сло. Ваквото обвинување на Голоб доаѓа во моментите кога официјално е формирана владината коалиција со Словенечката демократска партија (СДП) предводена од Јанез Јанша, чиј владин кабинет денеска треба да биде изгласан во словенечкиот парламент. Инаку, на изборите одржани на 22 март, партијата на Голоб, Движење Слобода, освои релативно мнозинство гласови, но тој не успеа да обезбеди коалициски партнери за формирање стабилно парламентарно мнозинство. Словенечките избори добија меѓународна димензија откога…
Канадската провинција Алберта ќе одржи референдум за тоа дали треба да остане во Канада или да продолжи кон второ обврзувачко гласање за отцепување, што претставува прв значаен тест за единството на земјата по неколку децении, објави Би-би-си. Најавата што вчера ја соопшти премиерката на Алберта, Даниел Смит, доаѓа откако граѓанска петиција со барање за отцепување собра повеќе од 300.000 потписи на почетокот на годината, додека, пак, посебна петиција за останување на Алберта во Канада собра повеќе од 400.000 потписи. Во оваа богата со нафта провинција расте немирното движење за независност, изградено врз долгогодишното чувство дека Алберта е занемарена од носителите…
Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) врши контроли на терен за да ја провери примената на новиот Закон за забрана на нефер трговски практики. При увид кај неколку откупни центри за овошје и зеленчук кои вршат откуп на овошје и зеленчук од индивидуални земјоделци и правни лица, инспекторите констатирале прекршувања на законските одредби. Контролите покажале дека има повеќе неправилности и постапувања спротивни на одредбите од Законот, особено во делот на регулирање на договорните односи помеѓу откупувачите и добавувачите на земјоделски и прехранбени производи. Главните пропусти што биле утврдени е дека има целосно непостоење писмени договори за извршениот откуп, се користеле…
Албанскиот премиер Еди Рама, во реакција на Фејсбук, 26 мај кога во Брисел, се очекува Меѓувладината конференција Албанија-ЕУ, оценува дека со тоа ќе се означи успешното завршување на воведната фаза и отворање на последната фаза од преговорите за пристапување. „На 26 мај во Брисел, Меѓувладината конференција Албанија – ЕУ успешно ја запечатува воведната фаза и ја отвора последната фаза од преговорите за пристапување. Бидејќи за разлика од она за што зборуваат дење и ноќе оние кои секогаш губат на крајот, европска Албанија што ја градиме е приказна за успех, која е напишана со визија, работа и посветеност, чекор по чекор,…
Се формира ново Здружение на металурзи, кое има за цел во јавната дебата конечно поголем простор да добијат науката, експертите и стручните анализи. Новото здружение се формира во време кога Македонија сè поинтензивно дебатира за иднината на рударството, индустријата и критичните минерали и се засилуваат ставовите за да се искористат потенцијалите на рудното богатство како што наоѓалиштата кај Иловица и Плавица, вредни стотици милиони евра, за економски развој на државата и повисок животен стандард на граѓаните. Информацијата ја објави колумнистот и металуршки инженер Виктор Грозданов во својата најнова колумна, во која пишува дека професорот Горан Начевски од Технолошко-металуршкиот факултет при…
НУУК, Гренланд – Инаугурацијата на новиот американски конзулат во главниот град на Гренланд во четврток предизвика големи протести, претворајќи го она што Вашингтон се надеваше дека ќе биде кулминација на еднонеделната офанзива за шармирање во неуспех во односите со јавноста. Околу 1.000 луѓе се собраа пред новиот комплекс од 3.000 квадратни метри во Нуук, мавтајќи со гренландски знамиња и скандирајќи „Kalaallit Nunaat, kalaallit pigaat!“ („Гренланд им припаѓа на Гренландците“) и „САД одете си дома“. Демонстрантите брзо ја нарекоа зградата „Кулата на Трамп“ и, во еден момент, им свртеа грб на американските претставници пред да се разотидат. „Слушнете нè. Ние…
ФК Вардар официјално ја оспори дисциплинската постапка што ја поведе Фудбалската федерација на Македонија поради навредливото и дискриминаторско славење по освоената шампионска титула. Во писменото произнесување доставено до Дисциплинската комисија на ФФМ, клубот тврди дека настанот за кој се води постапката не бил официјална прослава организирана од Вардар, туку приватна забава во угостителски објект, на која присутните учествувале како физички лица. „ФК Вардар АД во целост ги оспорува наводите содржани во Одлуката и смета дека во конкретниот случај не постојат фактички ниту правни основи за поведување и водење дисциплинска постапка против клубот“, стои во документот. Од Вардар посочуваат дека официјалната…
Демонстранти во источниот дел на Демократска Република Конго запалија два болнички шатори за лекување ебола по спор со властите околу предавањето на телото на млад човек кој починал од оваа болест, соопштија локалните власти. Локалниот политичар Лук Мамбеле, потпретседател на конгоанската партија А2РЦ, изјави дека роднините на починатиот се обиделе со сила да го земат телото од болницата Руампара. Кога здравствените власти го одбиле тоа, членовите на семејството почнале да фрлаат предмети кон болничките шатори, по што избил пожар. Во шаторите на медицинската организација „Алијанса за меѓународна медицинска акција“ во моментот на нападот се лекувале шест пациенти со ебола, кои…
Приговорот на ЕСМ е доказ дека обвинителите Коларевиќ и Абази не воделе професионална истрага, туку политички мотивирана операција за спас на блиски луѓе до СДС и ДУИ, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Официјалниот приговор на ЕСМ е директен доказ дека доказите биле селективно ценети, а клучни факти и сомнежи намерно игнорирани за да се затвори скандалот тежок 167 милиони евра за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино. Коларевиќ и Абази не ја прекинале истрагата затоа што немало сомнежи и докази, туку затоа што поради лични и семејни релациии одлучиле да штитат моќници блиски до СДС и ДУИ. Скандалозно е…
