НАЈНОВО
Автор: Press Online
Европската Унија ја продолжува политиката на финансиско стимулирање на реформите во Западен Балкан преку Планот за раст, при што Северна Македонија, Албанија и Црна Гора добија нови 158,9 милиони евра од Инструментот за реформи и раст. Со најновата одлука на Европската комисија, Македонија обезбеди 65,7 милиони евра. Ова претставува уште еден чекор во спроведувањето на европскиот План за раст за Западен Балкан, усвоен во 2023 година со вкупен буџет од шест милијарди евра, кој функционира по принципот „реформи за пари“, што значи дека средствата се ослободуваат само по позитивна оценка од Брисел за исполнетите обврски и конкретните реформски цели, пренесува…
Премиерот Христијан Мицкоски, денеска се обрати на свеченоста по повод десетгодишниот јубилеј од работењето на германската компанија „Костал“ во Охрид. Тој ја оцени инвестицијата како исклучително значајна за македонската економија и како еден од клучните придонесувачи во домашниот бруто-производ (БДП).Во своето обраќање, како што пренесуваат од Владата, премиерот ги истакна економските резултати на компанијата, посочувајќи дека во последните пет години приходите на „Костал“ забележале раст од 80 милиони евра на очекувани 280 милиони евра за оваа година. Според Мицкоски, фактот што компанијата е меѓу првите пет извозници во државата претставува голем успех.„Повеќе од 200 милиони евра инвестиции ја прават ‘Костал’…
Доцна вечерва на социјалните мрежи беше објавено дека на обиколницата во Скопје. се случила страотна сообраќајна несреќа по која избувнал пожар, а на лице место се пристигнати и противпожарна екипа и итна медицинска помош Од самите фотографии се гледа дека во несреќата учествувало и најмалку едно товарно возило. Не е познато дали има повредени
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција соопшти дека пратеничката група на партијата целосно се повлекува од работата на собраниската Комисија за финансирање и буџет. Причина за овој потег, според лидерот на опозицијата, е одбивањето да учествуваат во, како што рече, „бруталното задолжување на државата за криминални тендери“. Дополнително, Филипче најави кривична пријава и интерпелација за претседателот на Собранието, Африм Гаши.Обвинувања за должничко ропство и високи каматиОпозицискиот лидер ја обвини владата предводена од Христијан Мицкоски дека континуирано ја турка земјата во должничко ропство. Тој посочи дека последниот обид на Владата да обезбеди 300 милиони евра од домашните банки резултирал…
Авиокомпанијата „Ер Франс“ (Air France) и производителот „Ербас“ (Airbus) се прогласени за виновни за убиство од небрежност во жалбената постапка за падот на авионот во 2009 година на летот од Рио де Женеиро за Париз, во кој загинаа сите 228 лица во авионот. Апелацискиот суд во Париз денеска им изрече парична казна од по 225.000 евра (260.000 долари) на двете компании, преиначувајќи ја ослободителната пресуда од првостепеното судење за двете фирми. Судот пресуди дека француската авиокомпанија и европскиот воздухопловен гигант се единствено одговорни за несреќата и должни да надоместат штета. Паричната казна изречена од судот е максималната можна казна. Авионот…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска изјави дека Северна Македонија обезбедила најмногу средства во рамките на Планот за раст за Западен Балкан и Инструментот за реформи на Европската Унија. Одговарајќи на новинарски прашања, премиерот ги отфрли критиките од опозицијата, нагласувајќи дека државата од последна во групата на шестте земји од Западен Балкан, сега се наоѓа на првото место.Според тврдењата на Мицкоски, по интензивната комуникација со генералниот директор на Директоратот за проширување на ЕУ, Герт Јан Копман, Владата очекува потврда на оваа лидерска позиција и во јунскиот извештај.„Очекувам оваа позиција да ја потврдиме… и овие триесетина, триесет и еден милион коишто…
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, во емисијата „Вин-вин“ на ТВ Телма изјави дека избегнува да интервенира во говорите на пратениците и функционерите од собраниската говорница, освен во случаи на навреди и говор на омраза, иако како претседател има деловничко право да го прекине секој говорник. Изјавата доаѓа по забелешките дека од собраниската говорница сè почесто се испраќаат политички пораки кои навлегуваат во работата на други институции, вклучително и обвинителството. „Јас имам право, но се трудам да не бидам арбитер и да не одземам збор. Сакам да дозволам да се искажат пратениците. Сè додека нема навреда или говор на омраза, се…
Врховниот суд на Шпанија денеска го укина националниот регистар за привремени туристички објекти кои сакаат да се рекламираат на платформи како „Ербиенби“ (Airbnb). Националниот регистар, кој беше усвоен во јули минатата година, бараше од сопствениците на недвижности да го пријават објектот и да добијат регистрациски број пред да можат да објават оглас на платформи како „Ербиенби“. Неколку регионални влади ја оспорија оваа мерка, тврдејќи дека централната влада „ги пречекорила своите овластувања“. Врховниот суд се согласи со тоа, пресудувајќи дека државата нема овластување да наметне национален регистар покрај сличните кои веќе постојат на регионално ниво. Шпанската влада бара начини да го…
Писмото што германскиот канцелар Фридрих Мерц го испрати до лидерите на земјите членки на Европската Унија во кое предлага иновативни решенија за процесот на проширување на Унијата, веќе станува тема на дебата во европските кругови, а почнаа да пристигаат и првите реакции и ставови за неговата содржина од домашните политичари. На предлозите на Мерц денеска се осврна потпретседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) и поранешен министер за надворешни работи на земјава, Бујар Османи. Бујар Османи говори на денешниот панел „Безбедноста на Европа на раскрсница“ во рамките на Атинскиот безбедносен самит/ Фото: Фејсбук-профил на Бујар ОсманиНа панелот насловен „Безбедноста на…
Суд во Турција ги поништи изборите за лидер на главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) во 2023 година во четврток, објави државната новинска агенција Анадолија, што е остра ескалација против загрозената опозиција во земјата. Пресудата го поништува резултатот од изборите за лидер на кои беше избран сегашниот лидер на партијата Озгур Озел и му наложи на поранешниот долгогодишен претседател на партијата, Кемал Киличдароглу, кој ги загуби изборите од Озел, да ја преземе функцијата привремен лидер. Како одговор, партијата ги повика своите високи членови да се соберат во седиштето во Анкара. Веста предизвика пад на индексот BIST 100 во Истанбул,…
Украина тврди дека убила десетици Руси во два напади во окупираниот источен регион на земјата, додека Киев ги засилува нападите со беспилотни летала од среден дострел насочени кон воената инфраструктура на Москва. Еден бран напади погоди камп за обука на руски пилоти на дронови во окупираниот град Снижне, при што загинаа најмалку 65 кадети и еден инструктор во средата навечер, според командантот на украинските сили за беспилотни системи. Друга серија напади погоди седиште на руската безбедносна служба и систем за воздушна одбрана во регионот Херсон во окупирана Украина, при што загинаа и беа ранети речиси 100 Руси, тврди украинскиот…
Потребна е широка јавна расправа за патеката на движење на пациентите и правото на пациентот да избира лекар, изјави за „Локално“, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски на прашањето како ќе го решат проблемот со преупатување на паценти од другите болници и градови на клиниките во Скопје. -Треба да се уважи правото на избор на лекар, бидејќи дел од пациентите самите кажуваат каде сакаат да бидат лекувани. Потребна е поширока јавна расправа за од една страна да се слушнат и желбите на граѓаните, а од друга страна и капацитетот на јавното здравство. бидејќи ваквата состојба е неодржлива,…
