НАЈНОВО
Автор: Press Online
Насекаде во светот постојат повеќе службени јазици, но судиите, јавните обвинители и адвокатите задолжително треба да го владеат службениот правен јазик на кој се суди и пресудува. Тоа е ПРОФЕСИОНАЛЕН, А НЕ ЕТНИЧКИ КРИТЕРИУМ. – ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК
Новата унгарска влада, предводена од Петер Маѓар, предложи уставен амандман со кој премиерите ќе бидат ограничени на максимум осум години на функција, со што всушност ќе му се забрани на Виктор Орбан да се врати на функцијата. Нацрт-амандманот беше поднесен во среда, нешто повеќе од една недела откако новата влада ја презеде функцијата. Тоа го означи првиот чекор на Маѓар и неговата партија Тиса во укинувањето на уставот кој беше еднострано преправен и изменет повеќе од десетина пати, додека Орбан и неговата партија Фидес работеа на тоа да ја претворат Унгарија во она што го нарекоа „петриева чинија за…
❗️Додека претседателката Гордана Силјановска-Давкова јавно бара институциите ажурно да постапат во врска со шпионската афера во нејзиниот кабинет, јавноста е сведок дека Министерството за внатрешни работи со месеци НЕ ДОСТАВУВА клучни информации и вештачења до Обвинителството. Ова отвора сериозен сомнеж дека МВР и министерот Панче Тошковски свесно се обидуваат да го сокријат скандалот и да ја ПОПРЕЧАТ истрагата за утврдување на фактичката состојба. ⚠️Според информациите во медиумите, МВР сè уште не ги доставило податоците од вештачењата на компјутери, телефони и безбедносни камери поврзани со случајот на шпионирање доверливи податоци од кабинетот на претседателката. Наместо ефикасна и професионална истрага, јавноста повторно…
Белград – Врз основа на обемна анализа од Европската комисија, Нови Сад се претстави како еден од најуспешните примери за долгорочен развој на Европска престолнина на културата, соопшти денеска Фондацијата Нови Сад 2022. Истражување, прво од таков вид спроведено од ЕК откако проектот EPK постои од 1985 година, го издвои Нови Сад меѓу 22 градови, поранешни носители на титулата и според резултатите од анализата градот беше истакнат во речиси сите клучни делови од проектот. Како што е наведено, тоа се „поврзување со уметници од цела Европа, промовирање на културата низ целиот град, поддршка на развојот на сцената, враќање на…
Претходно, градоначалникот изјави дека жители на Чаир имале барање овој „див пешачки премин да стане легален, но Градот, како што соопшти Ѓорѓиевски, поради безбедноста на сите учесници во сообраќајот, категорично го одбил нивното барање и не ја менува одлуката дека на местото повторно ќе биде поставена метална ограда. -Имаше барање на дел од граѓани од тој дел на Скопје да го направиме тој премин легален, но категорични сме во тоа дека местото треба да биде затворено поради безбедносни причини и за пешаците и за оние кои се корисници на возила. На тоа место ќе се постави ограда – изјави тогаш…
Тирана – Земјите од Европската Унија денеска напладне дадоа зелено светло за одобрување на извештајот на Привремениот извештај за проценка на референтните вредности на Албанија (ИБАР) , со што се означува многу важен чекор во процесот на преговори за пристапување. – Според внатрешните процедури на ЕУ, по одобрувањето на ИБАР, досието ќе биде доставено до КОРЕПЕР II, Комитетот на постојани претставници на земјите-членки, каде што и формално ќе се одреди датумот на одржувањето на Осмата меѓувладина конференција меѓу Албанија и ЕУ. Очекуваното одобрување во КОРЕПЕР II го отвора патот за одржување на ИГЦ8 на 26 мај, наведува Топ чанел. ИБАР е…
Вкупно 1.822 вработени во јавните здравствени установи во државата поднеле тужби против своите работодавачи. Вкупниот износ на тужбените барања достигнува 134,6 милиони денари – приближно 2,18 милиони евра. Тужби се поднесени во 62 од вкупно 108 јавни здравствени установи, повеќе од половина од сите во земјата – беше соопштено на денешниот брифинг во Фондот за здравствено осигурување (ФЗО). Директорот на ФЗО, Сашо Клековски, појасни дека главниот повод за тужбите е неисплаќање додатоци на плата – за прекувремена работа, ноќна работа, работа во смени, работа во недела и на државни празници, бонус плата и јубилејни награди. Највисок поединечен износ на тужбени…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова му возврати на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, откако тој оцени дека таа „паднала на испит“ во Словенија и дека со своите ставови ја слабее македонската позиција во евроинтеграциите. На новинарско прашање како ги коментира тие изјави, Сиљановска-Давкова рече дека никогаш во животот не паднала на испит. „Не знам дали да коментирам вакви изјави. Никогаш не сум паднала на испит, ни на факултет, а во Словенија докторскиот испит сум го положила со одлика. Значи, со највисок успех“, изјави претседателката. Таа посочи дека во Словенија говорела на научен јазик и дека темата била уставниот инженеринг, при што Македонија…
Албанската влада одобри изградба на три фотоволтаични електрани, кои заедно ќе имаат капацитет од 178 мегавати. Електраните ќе се градат во близина на Лушња (Централна Албанија), Саранда (Југозападна Албанија) и Поличан (Јужна Албанија), како дел од планот за зголемување на обновливите извори на енергија. Како што објави Албанската новинска агенција (АТА), во Лушња, во селото Савер, компанијата „3X Енерџи“ ќе изгради фотоволтаична електрана со капацитет од 70 мегавати, додека во Саранда компанијата „Парк сол енерџи“ ќе изгради електрана со капацитет од 50 мегавати. Во Поличан, компанијата „Икс уан“ ќе изгради електрана со капацитет од 54 мегавати. Според одлуката, проектите предвидуваат…
Доколку има натамошни притисоци врз ценовното ниво, ќе реагираме со корекција на каматните стапки нагоре, но конечната одлука ќе зависи од расположливите податоци за инфлацијата и за нејзините движења во наредниот период”, порача гувернерот на Народната банка, Трајко Славески. Тој нагласи дека Народната банка внимателно ги следи инфлациските движења коишто, по период на дезинфлација, повторно бележат забрзување во март и април, под влијание на надворешни фактори, пред сè на растот на цените на енергентите. Славески појасни дека претходно економијата била блиску до стабилизирање на инфлацијата на ниво од околу 2,5%, но дека последните геополитички случувања придонесле за промена на трендот…
Дисциплинската комисија на Фудбалска федерација на Македонија, соопшти дека по разгледување на службените извештаи и официјалните информации поврзани со финалниот натпревар од Купот на Македонија меѓу ФК Силекс и ФК Шкендија, ги донела следните одлуки: – Поведување дисциплинска постапка против ФК Шкендија АД поради непочитување на националната химна, исвиркување на истата и нестанување при нејзиното интонирање од страна на навивачите на клубот. – Поведување дисциплинска постапка против ФК Шкендија АД поради користење пиротехнички средства во текот на целиот натпревар (34 големи факели, 19 мали факели, 8 топовски удари, 14 светлечки факели). – Поведување дисциплинска постапка против ФК Шкендија АД поради…
СДСМ тврди дека јавниот обвинител за само две недели ја отфрлил кривичната пријава на партијата против премиерот Христијан Мицкоски што говорело за негова потчинетост на извршната власт. Генералниот секретар на партијата, Александар Димитриевиќ, на прес-конференција пред обвинителството рече дека Ненад Савески е поставен „да ги следи само нарачките на ВМРО-ОКГ, да одработува и да ги спасува од одговорност. За само две недели експресно донел решение за отфрлање на кривичната пријава што ја поднесе СДСМ против Христијан Мицкоски.‘Бидејќи пријавените кривични дела не се дела кои се гонат по службена должност’ пишува во решението за отфрлање на пријавата. Не го викнал ниту…
