НАЈНОВО
Автор: Press Online
Дисциплинската комисија на Фудбалска федерација на Македонија, соопшти дека по разгледување на службените извештаи и официјалните информации поврзани со финалниот натпревар од Купот на Македонија меѓу ФК Силекс и ФК Шкендија, ги донела следните одлуки: – Поведување дисциплинска постапка против ФК Шкендија АД поради непочитување на националната химна, исвиркување на истата и нестанување при нејзиното интонирање од страна на навивачите на клубот. – Поведување дисциплинска постапка против ФК Шкендија АД поради користење пиротехнички средства во текот на целиот натпревар (34 големи факели, 19 мали факели, 8 топовски удари, 14 светлечки факели). – Поведување дисциплинска постапка против ФК Шкендија АД поради…
СДСМ тврди дека јавниот обвинител за само две недели ја отфрлил кривичната пријава на партијата против премиерот Христијан Мицкоски што говорело за негова потчинетост на извршната власт. Генералниот секретар на партијата, Александар Димитриевиќ, на прес-конференција пред обвинителството рече дека Ненад Савески е поставен „да ги следи само нарачките на ВМРО-ОКГ, да одработува и да ги спасува од одговорност. За само две недели експресно донел решение за отфрлање на кривичната пријава што ја поднесе СДСМ против Христијан Мицкоски.‘Бидејќи пријавените кривични дела не се дела кои се гонат по службена должност’ пишува во решението за отфрлање на пријавата. Не го викнал ниту…
Подгорица – Веста дека латино поп-ѕвездата Рики Мартин вечерва ќе настапи со концерт во Подгорица за 20 години независност на Црна Гора стана топ вест во регионот. Додека фановите се радуваат, медиумите се распишаа колку ќе чини „подарокот од државата“. Како што пишуваат, „дваесет години од враќањето на независноста на Црна Гора требаше да биде државен јубилеј подготвен внимателно, достоинствено и транспарентно. Ама јавноста доби доцна јавна покана, постапка за преговарање без претходно објавување на поканата, зголемување на трошоците од 1,9 на 2,6 милиони евра и најава за доаѓањето на Рики Мартин, без одговори на клучните прашања – кој преговарал,…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ги укине визите на палестинската делегација при Обединети нации доколку амбасадорот Ријад Мансур не се повлече од кандидатурата за потпретседател на Генералното собрание. „Би било жално доколку би морале повторно да разгледуваме дополнителни опции“, се посочува во интерен извештај на Стејт демартментот, алудирајќи на можно укинување на претходно одобреното изземање од американските визни санкции. Во Документот испратен до Американската амбасада во Ерусалим, се наведува дека кандидатурата на Ријад Мансур „ги зголемува тензиите“ и го загрозува мировниот план на администрацијата на Доналд Трамп за Појасот Газа. Во интерната инструкција до која…
Со извинување до македонската јавност за контроверзната прослава на Вардар, селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Гоце Седлоски, ја отвори денешната прес-конференција на која беше објавен списокот на фудбалери за претстојните пријателски натпревари. „Во мое лично име и во име на сите играчи на Вардар, сакам да се извинам до целата македонска јавност за песната што ја пеевме при прославата на титулата по победата во Струга“, изјави Седлоски, кој до крајот на сезоната ја извршува и функцијата тренер на Вардар. Клубот предизвика бурни реакции во јавноста откако на социјалните мрежи беше објавено видео на кое играчите, стручниот штаб и раководството…
Елиминирањето на трговските бариери меѓу земјите од Западен Балкан – Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора – сè повеќе се смета за клучен фактор за економскиот развој на регионот, јавува Косовската радио-телевизија. Повикувајќи се на истражувањето објавено во рамките на „Балкански барометар“ на веб-страницата на Советот за регионална соработка (РСС), медиумот нотира дека мнозинството од фирмите силно го поддржуваат олеснувањето на трговијата и отстранувањето на административните и царинските пречки меѓу соседните држави. Анкетата спроведена меѓу компаниите од шесте земји од Западен Балкан покажува дека речиси 70 отсто од нив го сметаат укинувањето на трговските бариери…
Соопштение на ВЛЕН: Партијата на „Соравија” и милионерите создадени преку ноќ е последната што може да зборува за албанскиот интерес. Тоа се луѓето кои 20 години живееја во политички агалак на грбот на Албанците. Јадеа, пиеја, се богатеа, градеа коцкарски и бизнис империи и се однесуваа како државата да е нивна приватна сопственост, додека на Албанците им оставија само измами, пропаганда и лажен патриотизам. Токму оваа политика на агалак беше изградена од Али Ахмети. Со години создаваше поделби меѓу Албанците, ги делеше на послушни и непријатели, ја претвори власта во семејна и партиска привилегија и цело време го фрлаше каменот,…
Русија изјави дека ќе ја поддржи Куба и покрај „обидите на САД да ја заплашат и притиснат со санкции“, а Кина се спротивстави на „злоупотребата на правните средства“ по обвинението против поранешниот кубански претседател Раул Кастро во САД еден ден претходно. САД вчера го обвинија 94-годишниот Кастро за убиствата на Американци во 1996 година, што претставува ескалација на кампањата на Вашингтон против Куба, каде што комунистите се на власт од револуцијата во 1959 година предводена од покојниот брат на Раул, Фидел. Русија: САД покажуваат нетолеранција кон каква било форма на опозицијаПортпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, им…
На 20. 05.2026 во 14:05 часот во Полициското одделение Ростуше е пријавено дека во с.Скудриње, на место викано „Мустана нива“, бил пронајден починат М.С.(67) од истото село. Според пријавеното, М.С. управувал трактор со приколка, при што изгубил контрола и се превртел. Од здобиените повреди, тој починал на местото, а лекар констатирал смрт.Увид извршила увидна екипа од ОВР Гостивар, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.
Земјотрес со јачина од 4,4 степени го погоди поширокото подрачје на Неапол рано наутро во четврток. Според Националниот институт за геофизика и вулканологија (INGV), епицентарот бил во Заливот Поцуоли, на длабочина од само три километри, објавува Euronews. Треморењето се почувствувало низ целата област на Неапол, а многу жители ги изразиле своите загрижености на социјалните мрежи. Засега нема извештаи за повредени или материјална штета. Како мерка на претпазливост, општините Поцуоли, Баколи и Кварто одлучија да ги затворат училиштата. Област на супервулканЗемјотресот се случил во областа Кампи Флегреи, огромен супервулкан кој се наоѓа западно од Неапол. Тоа е калдера, или шуплива област…
Јавен обвинител Основното јавно обвинителство Скопје и екипи на СВР Скопје извршија увид на лице место во с. Копаница, скопско, каде беше пронајдено тело на почината 37-годишна жена со прострелна рана во главата. По наредба на јавниот обвинител телото на починатата е дадено на обдукција, а се преземаат и други мерки и активности за целосно расчистување на случајот. Покрај телото е пронајден пиштол „глог19“, сопственост на нејзиниот сопруг. Лицето веднаш беше обезбедено и Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали, по член…
Матурската вечер во Цазин во Босна и Херцеговина, која се одржа на 16 мај, се претвори во инцидент. За време на прославата во II Средно училиште Цазин, дошло до жестока расправија, а потоа и физичка пресметка меѓу две мајки, пишува Crnahronika.ba. Според присутните, конфликтот се случил поради туркање за најдобра можна позиција покрај црвениот тепих за да се фотографираат матурантите. Според очевидци, ситуацијата брзо ескалирала од вербален конфликт во физички. Низ салата одекнувале извици и вресоци, а прамени коса наводно биле искорнати и расфрлани по подот. Родителите, професорите и присутните гости останале во шок, додека поединци се обидувале да ја…
