НАЈНОВО
Автор: Press Online
Подгориц- Поп-ѕвездата од Порторики со светска кариера, иот пејач Рики Мартин пристигна во Подгорица, каде што во четврток ќе одржи голем концерт по повод 20-годишнината од враќањето на независноста на Црна Гора. Неговото пристигнување предизвика огромен интерес кај јавноста и медиумите низ целиот регион. Пејачот слета на аеродромот во Подгорица, каде што беше пречекан од вработените и бројни обожаватели. Фотографиите од аеродромот брзо се проширија на социјалните мрежи. Спектакл на Плоштадот на независностаКонцертот ќе се одржи на Плоштадот на независноста во Подгорица, а влезот ќе биде бесплатен за граѓаните и посетителите. Организаторите најавуваат дека ова е еден од најголемите музички…
Вашингтон – САД ја отстранија Франческа Албанезе, специјалната известувачка на ОН за Палестина, од својот список на специјално назначени државјани, според информациите објавени на веб-страницата на Министерството за финансии на САД. Критикуван ИзраелОвој потег доаѓа откако федерален судија минатата недела ги блокираше санкциите што ги воведе администрацијата на Доналд Трамп против Албанезе, пресудувајќи дека тие ги кршат нејзините права од Првиот амандман. Судијата рече дека администрацијата на Трамп ги прекршила нејзините права за слобода на говор кога ги вовела мерките по нејзините критики кон Израел, сојузник на САД, и војната во Газа. Албанезе, италијанска државјанка која живее во Тунис, беше…
Белград – Случката наликува на сценарио од криминална серија: Шефот на белградската полиција Веселин Милиќ организира средба за помирување меѓу два спротивставени криминални клана на 12 мај во „Ресторан 27“, сместен во елитен дел од главниот град. Наместо помирување, Саша Вуковиќ, познат како Бошке, го убива Александар Нешовиќ, познат како Баја, со истрели. После тоа, беа уапсени десет лица, меѓу кои и Веселин Милиќ, поранешниот началник на белградската полиција. Тој, со присуство на полициско обезбедување, ги отстрани трагите. Затоа, беше обвинет за непријавување и прикривање на кривично дело. Неколку медиуми објавија, повикувајќи се на полициски извори, дека телото на убиениот…
Лондон – Радио Каролина се извини откако погрешно ја објави смртта на британскиот крал Чарлс. Погрешната објава беше емитувана во вторник попладне поради компјутерска грешка во главното студио на станицата во Есекс. Радио Каролина, кое емитува програма низ јужна Англија и Мидлендс, ја објави веста и ја пушти британската национална химна „Бог да го чува кралот“. Му се извинуваме на Неговото Височество и на нашите слушателиВодителот Питер Мур напиша на Фејсбук: „Поради компјутерска грешка во нашето главно студио, протоколот за смртта на монархот, кој сите британски радиостаници го чуваат во режим на подготвеност во случај на потреба, иако се надеваат…
Да ја чуваме и да ја градиме државата. Да не дозволиме никој да ја понижува. Нека биде вечен споменот на хероите од Разловечкото востание. Нивната жртва нека биде наш завет. Нека биде вечна Македонија – порача денеска премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето по повод 150-годишнината од кревањето на Разловечкото востание во село Разловци, општина Делчево. Во говорот тој повика на обединување за државните и националните интереси затоа што, како што рече, ниту една политичка разлика не смее да биде поголема од татковината и ниту една лична амбиција не смее да биде поважна од иднината на нашите деца.– Денес сме овде,…
Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛАПретседател на ЦИВИЛ – Центар за слободаГлавен уредник на ЦИВИЛ МЕДИАКои едноставни, разумни и веднаш применливи чекори може да ги преземат властите, институциите и големите компании за да ја олеснат тешката економска и социјална положба на граѓанките и граѓаните во оваа и онака сиромашна земја?Прашањето не е теоретско. Не е ни идеолошко. Тоа е прашање на секојдневно преживување. Луѓето сѐ потешко ги плаќаат сметките, сѐ почесто одложуваат лекарски прегледи, се задолжуваат за основни потреби, стравуваат од извршители, од исклучување струја, вода, телефон или интернет, од губење на покривот над главата. Семејствата кратат од храна, лекови, образование, греење, превоз……
Владата обезбеди двојно поголем буџет за поддршка на науката во споредба со 2024 година, достигнувајќи сума од околу 770 милиони денари годишно. Ова го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за најавените зголемени инвестиции во образованието и конкретните придобивки за образовната и научната заедница.Според премиерот, покрај досегашните инфраструктурни и капитални инвестиции, државата става силен фокус на директната поддршка на домашните научници и истражувачи. Како исклучително значајна новина, Мицкоски информираше дека Владата за првпат овозможила бесплатен пристап до двете најголеми светски научни бази на податоци.„Како Влада исто така овозможивме бесплатен достап до две научни бази на часописи, тоа се…
Форумот на жени на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска одржа прес-конференција на која најави поднесување соодветни пријави против Миленко Неделковски и Сашо Тасевски, обвинувајќи ги за јавно ширење навреди, понижувања и омраза кон жените.Претседателката на Форумот, Каја Шукова, истакна дека овие напади се случуваат во период кога државата е потресена од случаи на фемициди и кога, според нејзините зборови, институциите потфрлаат во заштитата на жените. Како последни жртви на ваквиот говор на омраза, од СДСМ ги посочија македонската пејачка Каролина Гочева, како и нивната партиска портпаролка и други жени од партијата.„Форумот на жени на СДСМ ги осудува и најавува…
Младите не гледаат шанса во државата, не си заминуваат само поради стандардот, туку затоа што не веруваат во системот, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на панел-дискусијата во рамки на конференцијата „Седум децении подоцна: Од визијата на Шуман до новите геополитички предизвици на Европа“. Филипче посочи дека без европски вредности и реформи државата ќе продолжи да се соочува со одлив на млади кадри.„Првиот чекор што треба да се направи е да се направат Уставни измени.Ние можеме до утре да дебатираме за вредностите на Европската Унија, за тоа како ќе ги вратиме општествените вредности, нема да ги вратиме без ова.…
Градоначалникот на Радовиш, Љупчо Почивалец, информираше дека продолжуваат активностите за санација на градската депонија по пожарот што ја зафати изминатите денови. Според него, на терен интензивно се работи на потрупување на депонијата со земја и песок со цел целосно задушување на жариштата и спречување на понатамошно ширење. Почивалец посочи дека на одредени места сè уште има чад, но проценките се дека состојбата ќе биде целосно санирана во наредните денови. Тој нагласи дека надлежните служби остануваат постојано на терен и продолжуваат со активности за стабилизирање на депонијата. Во акцијата се вклучени багери, кипери, камиони и друга градежна механизација, со цел побрзо…
Денеска во Скопје, претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, оствари средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјата, Michalis Rokas, на која се разговараше за актуелните политички случувања во земјата и европската перспектива на Република Северна Македонија, се вели во соопштението на ДУИ што МИА го пренесува интегрално. На средбата детално беа разгледани обврските што Република Северна Македонија ги има кон Европската Унија, како и одговорноста на институциите и домашните власти за исполнување на сите неопходни реформи и обврски на патот кон полноправно членство во ЕУ. Претседателот Ахмети повторно нагласи дека европската интеграција останува стратешки приоритет…
Пред почетокот на натпреварот навивачката група на Шкендија ја исвирка химната на Македонија, додека фудбалерите и стручниот штаб на Шкендија одбија да ги примат медалите за освоеното второ место ФОТО: МИА Фудбалерите на Силекс го освоија Купот на Македонија откако денеска во финалниот натпревар што се одигра на националната арена „Тодор Проески“ ја совладаа тетовска Шкендија со резултат од 1:0. За екипата од Кратово ова е четврти трофеј во Куп натпреварувањето откако претходно победија во финалните натпревари 1994, 1997 и 2021 година. Победникот беше решен во 71.минута кога по контра на Дарко Додев напаѓачот Ади Алиќ се најде на вистинското…
