Автор: Press Online

Интервентниот кардиолог, универзитетски професор и алпинист Сашко Кедев денеска ја доби плакетата „Европска личност на годината“ за 2025 година, признание што Европското движење во Република Македонија традиционално го доделува по повод одбележувањето на Денот на Европа. Кедев не присуствувал лично на свеченото доделување поради неодложни професионални обврски, но до присутните се обратил преку видеопорака во која изразил благодарност за укажаната чест. Во своето обраќање нагласил дека признанието за него претставува не само лична чест, туку и дополнителен мотив за уште поголема посветеност кон вредностите што го прават општеството подобро и поправедно. Во фокусот на неговата порака биле темелните европски вредности…

Read More

Царинската управа соопшти дека е реализирана историски најголема заплена на девизи, откако на граничниот премин Табановце биле откриени 500.000 евра скриени во специјално изработен бункер во минибус. Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, на прес-конференција информираше дека акцијата ја реализирал Секторот за контрола и истраги преку Одделението за оперативни работи. „Секторот за контрола и истраги преку Одделението за оперативни работи спречи обид за нелегален пренос на готовина во износ од пола милион евра пронајдени во бункер на минибус, што резултираше со историски најголема заплена на девизи“, рече Николовски. Според информациите, девизите и возилото биле трајно одземени, а против возачот –…

Read More

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, проф. Д-р Венко Филипче, денеска се сретна со хрватскиот експерт Владимир Дробњак, кој беше главен преговарач за пристапните преговори на Хрватска со Европската Унија. На средбата беа разменети мислења и искуства во однос на евроинтегративните процеси, предизвиците со кои се соочуваат земјите кандидати и перспективите за понатамошното проширување на Унијата. Во разговорот, Филипче се осврна на актуелната политичка состојба во државата, како и на закочениот европски пат на земјата. Ја истакна потребата од забрзување на евроинтегративниот процес, нагласувајќи дека реформите, внесувањето на малцинствата во Уставот и добрососедските односи остануваат клучни предуслови за напредок на…

Read More

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вечерва изјави дека македонските транспортери ќе можат да извадат визи за движење во земјите од Шенген зоната во амбасадата на Хрватска во Скопје и во нивните дипломатко-конзуларни претставништва, со што се решава проблемот на транспортерите што се појави со воведувањето на ЕЕС системот на ЕУ. -Со таа виза можат да се движат во Шенген зоната, затоа што со таа виза можат да се движат каде било во Шенген зоната. Аплицирањето секако дека ќе биде во амбадата на Република Хрватска во Скопје и другите конзуларно-дипломатски претставништва на Република Хрватска или директно во Загреб. Но…

Read More

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција отворило предистражна постапка по наводите за шпионажа во кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Од Министерството за внатрешни работи и од Вила Водно биле побарани документација и компјутери кои ќе се проверуваат. Сепак, како што информираат OЈО ГОКК, иако станува збор за сензитивен и сериозен случај, и по неколку месеци Обвинителството сè уште не ги добило од МВР резултатите од бараните вештачења. Денеска од ОЈО ГОКК споделија информации во кои даваат објаснувања за почетокот на постапката. Во нив се наведени чекорите преземени во рамките на предистрагата и комуникацијата со институциите од кои биле барани…

Read More

Лондон – Владите на Европската унија расправаат дали поранешниот претседател на Европската централна банка, Марио Драги или поранешната германска канцеларка, Ангела Меркел би можеле да ја претставуваат Унијата во потенцијални преговори со рускиот претседател Владимир Путин, објави денеска „Фајненшл тајмс“. Лондонскиот весник во денешниот извештај посочува дека министрите за надворешни работи на ЕУ за можните кандидати ќе разговараат на состанокот предвиден за следната седмица на Кипар. Европските лидери го отфрлија предлогот на рускиот претседател Владимир Путин поранешниот германски канцелар Герхард Шредер да ја претставува ЕУ во евентуални идни разговори со Москва. Путин навести дека би бил подготвен да преговара за…

Read More

Противпожарната бригада на Град Скопје вчера интервенирала во зградата на Јавното обвинителство по дојава за пожар. Командирот на Противпожарната бригада-Скопје, Звонко Томовски, за „Скопје1“ потврди дека дојавата била примена во 13:48 часот, по што на терен биле испратени две противпожарни возила и осум пожарникари. „Да, вчера во 13:48 имаше дојава за настанат пожар во Јавно обвинителство. Интервенирано е со две ПП возила со 8 пожарникари“, вели Томовски Според него, станувало збор за запалени хартии во женски тоалет. „Стануваше збор за опожарени хартии во женски тоалет. Од наша страна извршена е проверка и вентилирање на просториите“, додава Томовски за „Скопје1“. Неофицијално,…

Read More

  Крстоносната војна за одмазда на претседателот Трамп достигна крешчендо во вторникот кога поддржувачот на претседателот, Ед Галреин, победи на прелиминарните избори на Републиканската партија и го собори конресменот Томас Маси (Кентаки), продолжувајќи ја неговата победничка серија против републиканците кои му се спротивставија. Маси, пратеник со либертаријанска склоност чие спротивставување на клучните приоритети на Трамп долго време го предизвикува гневот на претседателот, е најновата жртва на кампањата за одмазда на Трамп откако неговите непријатели во Индијана и Луизијана ги загубија трките претходно овој месец. „Никогаш не се сомневајте во претседателот Трамп и неговата политичка моќ“, рече директорот за комуникации на…

Read More

Иднината на земјата и нејзиниот европски пат не зависат само од Брисел, туку пред сѐ од личната и општествената заложба на секој граѓанин. Ова е пораката што претседателот на Собранието, Африм Гаши, ја упати на одбележувањето на Денот на Европа. Гаши ги повика сите што имаат влијание во општеството да размислат за Европа како сплет на систем на вредности и да ја разделат од Европската Унија како интеграција. „Ако секој би почнал од себе, од своето работно место, своето семејство, од местото каде што дејствува и ги негуваме овие вредности, јас сум убеден дека ќе го постигнеме она што го…

Read More

Од кабинетот на претседателката Гордана Силјановска Давкова засега нема реакција за предистрагата за наводна шпионска афера во нејзиниот кабинет. Предистрагата е отворена по кривична пријава лани во декември, кога Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) добило известување од МВР дека информатички техничар вработен во кабинетот копирал и прибирал информации од компјутерскиот систем. Обвинителството тврди дека прво имале проблеми во предистрагата, бидејќи кабинетот не им ги доставувал снимките од безбедносните камери, а потоа тие биле преземни од МВР. ОЈОГОКК информираше дека речиси два месеца чека одговор од МВР за вештачења на одземените компјутери, мобилни телефони и дигитални…

Read More

  Ши Џинпинг го пречека рускиот претседател, Владимир Путин, со помпезност и свеченост, додека двајцата ги започнаа разговорите во Големата сала на народот во среда наутро, неколку дена откако кинескиот лидер го угости Доналд Трамп на истата локација. Кинеските војници стоеја на позиции додека воен оркестар ги свиреше руските и кинеските национални химни за лидерите во центарот на Пекинг. Деца мавтаа со руски и кинески знамиња и извикуваа „Добредојде, добредојде!“ на кинески, пред двајцата да влезат во Големата сала. Сцената потсетуваше на состанокот на Трамп со Ши во Пекинг минатата недела, кога лидерите на двете најголеми економии во светот разговараа…

Read More

– Американскиот државен секретар Марко Рубио по повод Денот на независност на Куба, преку видеопорака им се обрати на Кубанците, нудејќи има 100 милиони долари помош, а при тоа ја обвини кубанската власт за недостигот на електрична енергија, храна и вода. – САД ви нуди помош не само за ублажување на моменталната криза, туку и за изградба на подобра иднина. Вистинската причина зошто немата струја, гориво и храна е затоа што оние што ја контролираат вашата земја украле милијарди долари, од кои ништо не им дале на народот, наведе Рубио во пораката на шпански јазик. Тој наведе дека САД ќе…

Read More