НАЈНОВО
Автор: Press Online
Ши Џинпинг го пречека рускиот претседател, Владимир Путин, со помпезност и свеченост, додека двајцата ги започнаа разговорите во Големата сала на народот во среда наутро, неколку дена откако кинескиот лидер го угости Доналд Трамп на истата локација. Кинеските војници стоеја на позиции додека воен оркестар ги свиреше руските и кинеските национални химни за лидерите во центарот на Пекинг. Деца мавтаа со руски и кинески знамиња и извикуваа „Добредојде, добредојде!“ на кинески, пред двајцата да влезат во Големата сала. Сцената потсетуваше на состанокот на Трамп со Ши во Пекинг минатата недела, кога лидерите на двете најголеми економии во светот разговараа…
– Американскиот државен секретар Марко Рубио по повод Денот на независност на Куба, преку видеопорака им се обрати на Кубанците, нудејќи има 100 милиони долари помош, а при тоа ја обвини кубанската власт за недостигот на електрична енергија, храна и вода. – САД ви нуди помош не само за ублажување на моменталната криза, туку и за изградба на подобра иднина. Вистинската причина зошто немата струја, гориво и храна е затоа што оние што ја контролираат вашата земја украле милијарди долари, од кои ништо не им дале на народот, наведе Рубио во пораката на шпански јазик. Тој наведе дека САД ќе…
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека не поддржува никакво надворешно мешање во внатрешните политики на Македонија, коментирајќи го најавениот собир во Куманово за поддршка на српскиот претседател Александар Вучиќ. На новинарско прашање дали собирот го смета за мешање во внатрешните работи на државата, како што обвинува опозицијата, Мицкоски одговори: „Апсолутно. Не поддржувам било какво надворешно мешање врз внатрешните политики во Македонија.“ Тој додаде дека вакви случаи имало и претходно. „Како што тоа беше случај пред некој ден“, рече Мицкоски, мислејќи на протестите за правосуден испит да се полага на албански, на кој дојдоа лица од Косово и Албанија. Премиерот порача и…
Обединетите нации проценуваат дека 15.850 луѓе се убиени во Украина од почетокот на руската инвазија
Обединетите нации соопштија дека 15.850 луѓе, вклучувајќи 791 деца, се убиени во Украина откако Русија ја нападна соседната земја во февруари 2022 година. Директорката на Одделот за политички и мировни прашања (DPPA) на ОН за Европа и Централна Азија, Кајоко Готох, му рече на Советот за безбедност на ОН дека вистинските бројки веројатно се повисоки. Во Русија, две лица се убиени, а шест се повредени во последните 24 часа во украинскиот напад врз селото Борисовка во регионот Белгород, според вршителот на должноста гувернер Александар Шуваев. Руското Министерство за одбрана соопшти дека во вторникот пресретнало и уништило 70 украински беспилотни летала…
Претседателот на Градската организација на СДСМ во Скопје, Александар Давчевски, денес на прес-конференција упати јавна критика за работата на градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓоргиевски. Според Давчевски, градот е запоставен и не се реализира ветеното мото „72 часа чисто Скопје“, најавено од градоначалникот Ѓоргиевски. -Поминаа над 172 дена од таа наводна „нова ера“, а Скопје е повторно затрупано во ѓубре и претворено во еколошка депонија. Преполните контејнери се доказ дека тимот е тотално неспособен и дека комуналната хигиена колабираше, посочи во својата изјава Давчевски, упатена до скопскиот градоначалник Ѓоргиевски. Во изјава за медиумите, претседателот на ГО СДСМ Александар Давчевски потсети…
Во Аеродром бил пријавен физички напад врз 18-годишно момче, кое, според пријавата, подолг период било вознемирувано од врсници во средното училиште каде што учело. Според информациите од Министерство за внатрешни работи, Д.Т.(66) од Скопје пријавил дека неговиот син К.Т.(18) на 14 мај околу 11:10 часот бил физички нападнат од Р.А.(18) од Трубарево и уште еден 17-годишник. Момчето подолг временски период било вознемирувано од истите лица во кругот на средното училиште, а случајот претходно бил пријавен и во училишната служба. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот
Трамп и Нетанјаху планирале на чело на Иран да го донесат омразениот Ахмадинеџад. Планот се распадна
Додека официјален Вашингтон и Ерусалим тврдат дека целта на војната против Иран била ограничена на уништување на нуклеарните и воените капацитети на Техеран, нов извештај на „Њујорк тајмс“ открива дека наводно зад сцената се разработувал многу поамбициозен план. Според американските претставници запознаени со операцијата, Израел и САД ја разгледале можноста за соборување на иранскиот режим и доведување на власт на поранешниот претседател Махмуд Ахмадинеџад во раните фази од конфликтот. Сè започнало, пишува весникот, неколку дена по првичните израелски напади во кои беа убиени врховниот лидер на Иран и неколку високи функционери. Американскиот претседател Доналд Трамп потоа јавно изјави дека…
Пет години и шест месеци е изречената затворска казна за П.С од Охрид, кој во јануари годинава успеал да измами осум повозрасни граѓани од Штип и Виница, со приказната за лажниот доктор, односно дека се потребни пари за операции на нивните деца или внуци поради скршеници. За само еден месец на граѓаните успеал да им земе 56.000 евра. Портпаролот на Основниот суд-Штип, воедно и претседател на Кривичниот совет, судијата Сашко Георгиев информираше дека денеска е објавена пресудата против П.С. од Охрид за кривично дело измама. Во писменото соопштение Георгиев наведува дека продолженото кривично дело е сторено кон осум оштетени граѓани…
Илјадници луѓе во Калифорнија беа принудени да ги напуштат своите домови поради шумски пожари кои уништија повеќе од 1.300 хектари и речиси 17.000 хектари, објави Anadolu. SEEN FROM SPACE: NOAA Satellites captured two massive wildfires erupting from Southern California this week. The Sandy Fire and the Santa Rosa Island Fire have scorched more than 1,300 acres and nearly 17,000 acres as crews battle the flames. pic.twitter.com/l6naDPfygs — FOX Weather (@foxweather) May 20, 2026 Пожарот, наречен Сенди, избувна во понеделникот наутро во ридовите над Сими Вали, град на околу 48 километри северозападно од Лос Анџелес. Другиот, наречен Санта Роза, изгоре речиси…
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека го поддржува правото на протест како демократска вредност, но дека на завчерашниот протест на студентите Албанци, на кој побараа да им се овозможи правосудниот испит да го полагаат на албански јазик се прекршени законите и Уставот. „Поддржувам протести секогаш, тоа е демократско право и тука немам дилема“ кажа Мицкоски, одговарајчи на новинарски прашања по поставувањето камен-темелник на доградба на ООУ „Јоаким Крчовски“ во населеното место Волково-Орман, општина Ѓорче Петров. Сепак, додаде и дека му пречи однесувањето на дел од учесниците на протестот, за кои, кажа дека ги прекршувале законските одредби. „Мене лично ми пречи што…
Дваесет и три отсто од околу 900 компании со германски капитал што работат во Србија, и кои вработуваат околу 80.000 луѓе велат дека повеќе не би инвестирале во Србија, и тој процент е двојно повеќе од лани. Тоа се наведува во резултатите од истражувањето на Германско-српската стопанска комора за условите за работење во 2026 година. Во 2026 година, поголем број компании ја оцениле моменталната економска состојба во Србија како лоша, додека една година претходно, мнозинството анкетирани компании ја оцениле ситуацијата како задоволителна. Според резултатите од анкетата на германските компании во Србија, 77 проценти од испитаниците изјавиле дека повторно би ја…
Литванија денеска го запре сообраќајот на аеродромот во главниот град и издаде предупредување за „воздушна опасност“ поради загриженост дека беспилотни летала навлегле во воздушниот простор на земјата. Според информациите на „Делфи“, најголемиот информативен портал во земјата, литванскиот претседател Гитанас Науседа, премиерката Инга Ругиниене и претседателот на Сејмасот, Јуозас Олекас, веднаш биле преместени во засолништа. – Веднаш побарајте засолниште на безбедно место, грижете се за вашите блиски и чекајте нови препораки, се вели во пораката на литванската армија упатена до граѓаните на главниот град. По откривањето на сомнителен дрон во близина на литванско-белоруската граница, Националниот центар за управување со кризи прогласи…
