Автор: Press Online

  Јазот помеѓу ветените и доделените средства за планот на Доналд Трамп за реконструкција на Газа мора итно да се затвори, се вели во извештај на Одборот за мир на претседателот на САД, кој укажува на потенцијална криза со финансирањето на планот, проценет на 70 милијарди долари, објави Ројтерс. Трамп го создаде Одборот за мир за да го надгледува неговиот амбициозен план за ставање крај на војната на Израел во Газа и обнова на опустошената територија. Американскиот претседател рече дека телото ќе се занимава и со други конфликти. Советот за безбедност на ОН го призна одборот, иако многу големи сили…

Read More

Премиерот Христијан Мицкоски не даде конкретен одговор на прашањето дали вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи редовно доаѓа на работа и дали прима плата, иако подолг период не се појавува ниту во Владата, ниту во Собранието. На новинарско прашање за отсуството на Фетаи, Мицкоски посочи дека следната недела ќе има состанок со него. „Следната недела имаме заеднички состанок со господинот Арбен Фетаи, по што многу работи ќе бидат појасни“, изјави премиерот. Тој нагласи дека Фетаи и понатаму официјално ја извршува функцијата вицепремиер задолжен за добро владеење. Интересот во јавноста околу отсуството на Фетаи трае веќе втор месец, а тој не…

Read More

Загубите на вода на национално ниво во 2025 година изнесувале 63,05 проценти и се помали за 0,16 проценти во споредба со 2024 година – покажуваат податоците од годишниот извештај за 2025 година за работата на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Намалување од 0,33 кубни метри има и кај просечната месечна потрошувачка на домаќинствата на вода, која во 2025 година изнесувала 12,59 метри кубни. Домаќинствата од Југозападниот Регион имаат најмала просечна потрошувачка од 8,67 кубни,метри, а во Вардарскиот Регион е најголема со 15,10 кубни метри.   РКЕ информира дека фактурираната количина вода…

Read More

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека неговите сили испорачале нуклеарни боеви глави за мобилните лансирни системи „Искандер-М“, ги наполниле и вежбале нивно преместување до неодредени локации како дел од голема нуклеарна вежба. „Обезбедена е испорака на нуклеарна муниција до теренските пунктови за складирање во позициските сојузни реони на ракетните бригади. Персоналот од ракетните единици извршува воено-тактички задачи за преземање специјална муниција за оперативно-тактичкиот ракетен систем „Искандер-М“, опремување на ракетите-носители со нив и прикриено придвижување кон одредениот позициски реон како подготовка за ракетни лансирања“ – соопштија од Министерството за одбрана. Во соопштението се наведува дека нуклеарните сили кои учествуваат во…

Read More

Силен земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди централната турска покраина Малатја во среда наутро. Според податоците од Турската агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (AFAD), епицентарот бил регистриран во областа Баталгази. Ударот бил исклучително непријатен бидејќи се случил на мала длабочина од само 7,03 километри, поради што потресите биле почувствувани многу интензивно на површината, а ги почувствувале и жителите на околните покраини. Клучни податоци за земјотресот: магнитуда: 5,6 степени според Рихтеровата скалаепицентар: округ Баталгази (провинција Малатија)длабочина: плиток земјотрес на 7,03 кмвреме: среда околу 6:00 часот. Турските служби за итни случаи известуваат дека досега…

Read More

Австрија и Италија предлагаат модел на членство „чекор по чекор“ за Западен Балкан. Новиот пристап би ѝ помогнал на ЕУ да го зајакне своето геополитичко влијание и да се спротивстави на влијанието на Москва или Пекинг, според доверлив документ објавен од „Еурактив“. Порталот наведува дека пет земји од ЕУ ја повикале Европската комисија да го преиспита начинот на кој ги вклучува идните членки од Западен Балкан во единствениот пазар на Унијата, претставувајќи го тоа како начин земјите што се надеваат на членство да се држат подалеку од сферата на влијание на Русија. „За да се одржи моментумот на проширување и…

Read More

Пратениците во македонското Собрание вчера и официјално го добија владиниот Предлог закон за игри на среќа, со кој се предвидува затворање на легалните објекти. Земајќи предвид дека нашите работни места и официјално се загрозени ние сме принудени да ги користиме сите демократски средства за борба за нашето уставно загарантирано право на работен однос. Во таа насока во петок ќе го одржиме првиот предупредувачки протест на вработените. Одговорно тврдиме дека како здружение не сме консултирани за предлогот на Владата, ниту сме биле запознаени со неговата содржина. Нема никаква дилема дека овој Предлог закон за игри на среќа ни ја запечатува судбината.…

Read More

Вооружените сили на Литванија издадоа воздушен аларм во главниот град Вилнус откако беше забележан сомнителен дрон во близина на границата. Воздушен аларм! Веднаш одете во засолниште или на безбедно место“, објави литванската армија, јавува јавниот сервис ЛРТ. Во исто време, беше активирана мисијата на НАТО за заштита на воздушниот простор. Претседателот и премиерката се преместени на безбедноПоради безбедносната закана, шефот на литванската држава беше итно преместен во засолништа. 🚨RUSSIAN ATTACKLITHUANIAN AUTHORITIES SAY A RUSSIAN ATTACK IS UNDERWAY AGAINST LITHUANIAChildren are taking shelter in schools under their desks due to air raid sirens.In the city of Vilnius pic.twitter.com/nKjoUtbsxW — 𝗝𝘂𝗮𝗻𝗮 𝗜𝗻𝗲́𝘀…

Read More

Српските власти ја повикаа ЕУ да ја отвори Шенген зоната за земјите од регионот. Додека Србија продолжува да се сопнува на патот кон Европската Унија, Белград верува дека Шенген е остварлива цел – не само за земјата, туку и за целиот регион на Западен Балкан, и тоа ова лето. Европската комисија не одговори на барањето за информации за иницијативата на Белград за брзо вклучување на Западен Балкан во Шенген. Според Бојана Зориќ од Институтот на ЕУ за безбедносни студии, ваквите изјави се повеќе политички мотивирани отколку реални. „Иако звучи политички привлечно, регионот е сè уште далеку – правно, технички и…

Read More

Виктор Габер, поранешен амбасадор и дипломат на Македонија, поднесе преставка до Собранието со која бара пратениците да покренат постапка за организирање референдум околу членството на државата во Европската унија. Притоа тој се повикува на Декларацијата за развој на односите наМакедонија со Европската унија од 1998 година и сите последователни документи за пристапување на нашата држава кон ЕУ унија усвоени од пратениците, во смисла – ако веќе се декларирале така, да направат нешто да се оствари членството на Македонија во ЕУ. Во преставката Габер го цитира и прашањето за референдумот: „Барам, како мои претставници, вие, пратениците на Собранието веднаш, согласно чл.…

Read More

По уривањето на дел од мостот на реката Сава кај граничниот премин „Градишка“, сообраќајот меѓу Босна и Херцеговина и Хрватска привремено се пренасочува преку новоотворениот мост кај граничниот премин „Горња Варош“. Новиот мост бил отворен синоќа околу 19 часот, како итна мерка за намалување на гужвите и застојот што настанаа откако сообраќајот на „Градишка“ беше целосно запрен. Преминот се наоѓа на само неколку километри од оштетениот мост и треба да послужи како алтернативна рута додека трае санацијата. Станува збор за привремено решение што ќе важи три месеци. Одлуката ја донело Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина, откако пред два…

Read More

Русија изврши уште еден жесток напад врз неколку украински региони во текот на ноќта, погодувајќи станбени згради, деловни згради и друга цивилна инфраструктура. Според украинските власти, најмалку 11 лица се повредени, а драматичните снимки од терен покажуваат како луѓе се спасуваат од урнатините и хаотични сцени во градовите што се под напад. Најтешко погоден беше Конотоп во Сумиската област, каде што руски ракета или дрон погоди висока зграда. Регионалниот гувернер Олех Хрихоров објави дека најмалку шест лица се повредени, додека градоначалникот Артем Семенихин рече дека три ката од станбена зграда се урнале во „масовниот напад“, пишува Киев Индепендент. Се извлекуваат луѓе…

Read More