НАЈНОВО
Автор: Press Online
Повиците на Христијан Мицкоски за наводно единство се лажни, лицемерни и целосно неискрени затоа што нема желба да се обедини за ништо и не го инересира државата, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на новинарски прашања.„Повиците се лажни и лицемерни. ВМРО нема желба да се обедини околу ништо. Прашањето логично следно коешто се поставува е зошто упатуваат такви повици на единство кога само неколку дена претходно го усвоија Законот за Влада сами, без наша согласност? Тие луѓе не сакаат единство, не сакаат реформи.“, рече Филипче.Тој порача дека СДСМ нема да седне на маса со луѓе кои немаат чесни намери…
Нук- Локален експерт кој, како што вели, нуркал безброј пати во пештерскиот систем на Малдивите, каде што пет италијански туристи ги загубија животите, ги опиша околностите на нивната смрт и ја нарече „трагедија што беше неизбежна“. Алармот беше кренат во четврток откако групата, во која беа мајка и ќерка, не се врати од истражувачко нуркање на длабочина од околу 50 метри. Ова е една од најлошите несреќи со нуркање во историјата на островската нација, пишува Дејли Меил. Локалниот инструктор Џанлука Бенедети Телото на локалниот инструктор Џанлука Бенедети беше пронајдено во петок во премин во близина на влезот во пештерата Тинвана…
Министерот за правда, Игор Филков, излезе со остра реакција по повод протестите на кои се бара можност за полагање на правосудниот испит на албански јазик. Според него, овие случувања претставуваат обид полагањето на испитот да се претвори во поле за политички притисок и етничка конфронтација.Во својата писмена реакција, Филков децидно наведува дека правосудниот испит е прашање на стручност, професионалност и почитување на правниот поредок, а не на политика. Тој ги оцени обидите да се прикаже законската обврска за познавање на македонскиот јазик како дискриминација како „опасна манипулација со јавноста и директен удар врз уставниот поредок“.„Македонскиот јазик е службен јазик на…
Варшава– Новиот унгарски премиер Петер Маѓар денеска пристигна во Полскаа на својата прва официјална посета во странство по преземањето на функцијата – избор со кој симболично се означува враќањето на Будапешта кон Европската Унија по долгогодишното владеење на Виктор Орбан. Орбан со години беше во отворен конфликт со Брисел поради прашања поврзани со владеењето на правото и неговите блиски врски со Москва за време на војната во Украина. Односите меѓу Варшава и Будапешта дополнително се влошија по полските парламентарни избори во 2023 година, кога на власт дојде центристичката и проевропска влада на Доналд Туск, кој е цврст поддржувач на Киев.…
Новинарот Фуркан Салиу преку објава на социјалните мрежи упати жестоки критики за владеењето на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите две години, обвинувајќи ја партијата за сериозно уназадување на демократските процеси, економијата и меѓуетничките односи во државата.Во својата реакција, Салиу набројува низа, според него, негативни ефекти од политиките на власта. Тој тврди дека за само две години ВМРО-ДПМНЕ успеала да ја врати меѓуетничката омраза и да отвори теми кои, како што посочува, биле затворени уште со воениот конфликт.Дополнително, новинарот ја обвинува владејачката партија за блокирање на евроинтегративниот пат на земјата, како и за партизација на судството и обвинителството. Осврнувајќи се на состојбата во…
Собранието во тек е постапка за носење измени и дополнувања на Законот за студентски стандард. Предлог-законот бил поднесен на 14 мај годинава од група пратеници, но клучно е тоа што законот ќе се носи по скратена постапка, информираат од студентската платформа СтудентаријаСкратената постапка означува дека законот се носи без подолга јавна расправа и повеќекратни читања во собраниските комисии, за разлика од редовната процедура.„Иако предложените измени не претставуваат целосна реформа на студентскиот стандард, сепак носат неколку конктретни промени кои директно би влијаеле врз студентскиот живот, особено во делот на студентските домови, партиципацијата што ја плаќаат студентите и стипендиите“, велат од Студентарија.Како…
Стокхолм – Шведска денеска официјално објави дека го избра францускиот производител „Навал Груп“ (Naval Group) за испорака на четири нови фрегати за потребите на својата воена морнарица, зделка со вкупна вредност од околу 40 милијарди шведски круни (3,65 милијарди евра), при што првата испорака се очекува во 2030 година. – Купувањето на фрегатите од моделот „Француска одбрана и интервенција“ (FDI) ќе претставува најголема шведска воена инвестиција уште од 1980-тите година – соопшти премиерот Улф Кристерсон на прес-конференција. Шведска забрзано ја засилува својата војска откако Русија ја започна инвазијата врз Украина. Оваа нордиска земја по забрзана постапка стана членка на НАТО,…
Незадоволството и поплаките од ВРЕДИ и од ВМРО-ДПМНЕ му го кратат мандатот на амбасадорот на Албанија во Скопје, Денион Мејдани, тврди албанската телевизија А2. „Денион Мејдани повеќе нема да биде амбасадор на Албанија во Република Северна Македонија. Извори од Скопје и од Министерството за надворешни работи информираат за А2 Си-Ен-Ен дека Мејдани предвреме ќе ја заврши својата функција во Скопје. Неофицијално, се вели дека причините за потегот се поплаките и незадоволството на коалицијата ВЛЕН и ВМРО од албанскиот дипломат за неговите ставови во дебатите и дискусиите што ја вклучија и македонската политика и кои се поврзани со незадоволството на Албанците…
Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ управува со државата, имаме сериозни проблеми од безбедносен аспект, вели поранешниот прв полицаец Пратеникот од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) и поранешен министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, го коментираше последниот скандал со наводното истекување на информации од кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Ова, како што изјави Спасовски во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, „отвора сериозни прашања за безбедносниот кредибилитет на државата пред меѓународните партнер. Тој рече дека Претседателот на државата е институција од највисок безбедносен ранг, особено поради членството на Македонија во НАТО Алијансата, каде што циркулираат исклучително сензитивни податоци кои по никоја цена не смеат да допрат…
Вашингтон – Американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со критики поради основањето фонд вреден над 1,7 милијарда долари за наводни жртви на владини постапки поведени во времето на администрацијата на претседателот Џо Бајден. Американското Министерство за правда соопшти дека фондот е резултат на спогодба и дека средствата ќе бидат наменети за обесштетување лица што тврдат дека биле жртви на политички или идеолошки мотивирани постапки на претходната администрација. Лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер, ја нарече одлуката фарса обвинувајќи дека станува збор за начин за наградување политички сојузници и поддржувачи на Доналд Трамп. Според американски медиуми, дел од средствата би можел…
Гостувајќи во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, Спасовски децидно истакна дека во овој момент фокусот на сите социјалдемократи мора да биде насочен кон враќање на единството, а не кон персонални кадровски решенија. Запрашан дали се гледа себеси како иден предводник на партијата, Спасовски одговори дека таквите разговори во моментов се претерани и ненавремени бидејќи партијата веќе има легитимно раководство. „Ниту е време да разговараме за претседател на СДСМ. Претседател на СДСМ имаме. Наша прва и основна одговорност – како на претседателот и раководството, така и на сите нас како членови – е да направиме сѐ за да зајакне партијата“,…
Полициски службеници од СВР Струмица-ОВР синоќа во 22:18 часот на автопат А1 кај клучка гевгелиско Смоквица, го лишија од слобода косовскиот државјанин Б.Т.(30), кој управувал возило со 203 километри на час на место каде дозволената брзина е 120 километри на час. -При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Б.Т. управувал патничко возило „ауди а6“ со косовски национални ознаки со брзина од 203 километри на час, на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 120 километри на час. Тој е исклучен од сообраќај и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно…
