Автор: Press Online

Полициски службеници од СВР Струмица-ОВР синоќа во 22:18 часот на автопат А1 кај клучка гевгелиско Смоквица, го лишија од слобода косовскиот државјанин Б.Т.(30), кој управувал возило со 203 километри на час на место каде дозволената брзина е 120 километри на час. -При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Б.Т. управувал патничко возило „ауди а6“ со косовски национални ознаки со брзина од 203 километри на час, на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 120 километри на час. Тој е исклучен од сообраќај и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно…

Read More

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, денес изјави дека САД и Иран постигнале голем напредок во разговорите и дека ниту една страна не сака продолжување на воената кампања. „Мислиме дека постигнавме голем напредок. Мислиме дека Иранците сакаат да постигнат договор“, изјави Венс пред новинарите на брифингот во Белата куќа. Венс рече дека штотуку разговарал со претседателот Доналд Трамп, кој повторил дека клучното прашање за САД е Иран никогаш да не смее да има нуклеарно оружје. Доколку тоа се случи, земјите околу Персискиот Залив ќе сакаат свое оружје, а потоа и другите земји низ светот ќе го сакаат, рече Венс. „Сакаме…

Read More

Кристијан Алексиќ, човекот кој го уби 19-годишниот матурант Лука во Дрниш, Хрватска, бил испрашуван во окружното обвинителство на Шибеник речиси два часа, за време на кои активно се бранел. Донесена е одлука за спроведување истрага против него за кривичните дела тешко убиство и нелегално поседување, производство и стекнување оружје и експлозиви. Побаран е притвор. Алексиќ наводно признал сè и не покажува каење, неофицијално дознава RTL. Репортерката на RTL, Ивана Иванда Рожиќ, известувала од окружниот суд во Шибеник и открила детали од судот. Рочиштето траело само 20 минути. Судијата прифатил сè што побарало државното обвинителство, што вклучувало – притвор. За почеток,…

Read More

„Наместо јасно и недвосмислено да ја потврди европската обврска и да каже дека внесувањето на малцинствата во Уставот е патот за заштита на македонскиот идентитет и јазик, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Словенија продолжува со празна реторика со која само ја слабее позицијата на Македонија. Прво ќе беше посоодветно да каже, исто како што кажа и за Преспанскиот договор, дека преговарачката рамка за влез во ЕУ – од која е дел и францускиот предлог – дури повеќе од Преспанскиот договор го осигурува македонскиот идентитет како посебен народ и македонскиот јазик како негова клучна одредница. Тоа се постигнува токму со внесување на…

Read More

Прага – Чешкиот премиер Андреј Бабиш и претседателот Петр Павел се во конфликт околу тоа кој ќе ја претставува Прага на годишниот самит на НАТО во Турција во јули. Иако Павел присуствувал на сите годишни самити на алијансата откако ја презеде функцијата во 2023 година, Бабиш, кој се врати на власт во 2025 година, е против ова и инсистира дека претседателот не може да биде дел од официјалната владина делегација, пишува Политико. „Па, како би изгледало ако сите се појавиме таму во исто време?“, праша Бабиш, тврдејќи дека таквото сценарио нема смисла и би било спротивно на чешките безбедносни протоколи.…

Read More

Берлин – Германија во претстојните недели ќе испрати батерија за противвоздушна одбрана „Патриот“ и 150 војници во Турција, како дел од планот на НАТО за засилување на одбраната по должината на југоисточниот фланг на Алијансата, соопшти германското Министерство за одбрана. Како што пренесува германскиот весник „Берлинер цајтунг“, во официјалното соопштение на Министерството се наведува дека германската батерија ќе дејствува во тесна соработка со вооружените сили на Турција. Според моменталните планови, се очекува нејзината мисија во рамките на Интегрираната систем за противвоздушна и противракетна одбрана на НАТО (NATO IAMD) да трае од јуни до септември оваа година. – Германија презема поголема одговорност…

Read More

Државата доцни и со повратот на ДДВ, но и со исплатата на државната помош. На дел од странските компании, Владата треба да им врати десетици милиони евра. Кај некои износот за поврат на ДДВ, кои треба да го добијат, достигнува и до 12 милиони евра. Дел од инвеститорите се уште ја чекаат и државната помош за минатата година. Ова се само некои од предизвиците со кои се соочуваат, а кои ги посочија од германската комора и за кои се надеваат на брзо решение. Информациите се различни, имаме исплата на повратот на ДДВ но во различни транши, на различни компании за…

Read More

Рускиот претседател Владимир Путин вечерва пристигна во Пекинг во државна посета на Кина, на покана на кинескиот претседател Си Џинпинг, јави кинеската државна агенција Синхуа. Ова е 25-та посета на Путин на Кина, а за време на престојот денеска и утре, двајцата претседатели ќе разменат мислења за билатералните односи, соработката во различни области, како и за меѓународните и регионалните прашања од заеднички интерес, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи. Годинава се одбележуваат 30 години од воспоставувањето на Стратешкото партнерство за координација и 25 години од потпишувањето на Договорот за добрососедство и пријателска соработка меѓу Кина и Русија. Портпаролот на кинеското…

Read More

Берзата во Техеран денеска повторно почна со работа по пауза од околу 80 дена, и покрај натамошната неизвесност околу развојот на конфликтот меѓу Иран и Соединетите Американски Држави. Како последица на претрпени воени штети, вкупно 42 компании се целосно исклучени од тргувањето. Според изјава на претставник на берзата, оваа бројка соодветствува на околу 35 отсто од вкупниот пазарен волумен. Локалниот весник „Шарг“ наведува дека меѓу претпријатијата чии акции во моментов се замрзнати, најбројни се фирмите од хемискиот сектор и погоните за преработка на метали. Овие рестриктивни мерки се воведени со цел да се ублажи евентуалниот остар пад на вредноста доколку…

Read More

Македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова смета дека и покрај тоа што Бугарите не се споменати во македонскиот Устав, тој им ги гарантира истите права како и останатите кои веќе се споменати во него. Македонија, според претседателката, гарантира многу поголеми малцински права од многу земји кои се веќе дел од Европската унија. За разлика од нас, вели претседателката Сиљановска-Давкова, Бугарија не гарантира права на малцинствата во посебен член во уставот, туку само член за забрана на било каков вид дискриминација по било кој основ. -ЕУ нема заедничка политика за правата на малцинствата и не е дел од таканареченото acquis communautaire. На пример,…

Read More

ВМРО-ОКГ не повикува на обединување на граѓаните, туку бара алиби за сопственото неисполнување на реформите, стои во соопштението од Социјалдемократскиот сојуз што МИА ви го пренесува во целост. За што да се обединиме? За криминал и корупција? За блокада на патот кон ЕУ? За изолација на Македонија? Може да ги исполни реформите и да ги внесе малцинствата во Уставот, а ние од СДСМ ќе го поддржиме тоа. Тоа би било вистинско обединување – во интерес на граѓаните на Македонија и во интерес на европската иднина на државата. СДСМ ќе поддржи сè што е во интерес на граѓаните, но нема да…

Read More

  Заменикот-државен секретар на САД, Кристофер Ландау, им наредил на високите службеници во неговиот оддел да обработат и одобрат виза за поранешниот полски министер за правда Збигњев Зиобро, кој избега од Унгарија во Соединетите Држави, објави Ројтерс, повикувајќи се на американски претставници. Полска го бара Зиобро, архитектот на контроверзните промени во полскиот правосуден систем за кои ЕУ вели дека го поткопале владеењето на правото за време на владеењето на конзервативната партија Право и правда. Зиобро се соочува со 26 обвиненија, главно за злоупотреба на средства. Тој ги отфрли обвиненијата како политички прогон од страна на сегашната проевропска влада на Полска.…

Read More