НАЈНОВО
Автор: Press Online
Социјалдемократскиот сојуз продолжува со своите лаги и манипулации. Вака од Унијата на млади сили (УМС) на ВМРО-ДПМНЕ денеска ги искоментираа обвинувањата од Социјалдемократската младина на Македонија дека со предложените измени на Законот за студентски стандард се крати од стипендиите на студентите и се врши промена во критериумите за сместување во студентските домови. Од денешната прес-конференција на членот на ИК на Унијата на млади сили (УМС) на ВМРО-ДПМНЕ / Фото: ВМРО-ДПМНЕТодор Конески, член на Извршниот комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, попладнево на прес-конференција обвини дека откако по седум години власт СДСМ не направила ништо за студентите и не исполнила ниту едно…
Ирската претседателка Кетрин Коноли изјави дека е „многу горда“ на својата сестра, која беше приведена вчера откако израелските сили пресретнаа брод што пловел кон Газа како дел од меѓународна флотила. „Маргарет Коноли, општа лекарка од северозападниот ирски град Слајго, беше меѓу најмалку шесте ирски членови на флотилата Глобал Сумуд кои беа приведени од израелските сили откако се качија на нивниот брод“, изјави Карен Мојнихан, ирска портпаролка на пропалестинската група за помош. Претседателката Коноли, зборувајќи по посетата на кралот Чарлс III во Бакингемската палата во Лондон, рече дека е „многу горда на својата сестра, но исто така и многу загрижена за…
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека во последното деноноќие има вкупно седум пријави за семејно насилство, додека шест лица се лишени од слобода. Вчера во 04:30 часот во скопско село на подрачјето на општина Чучер-Сандево, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.А.(33) од скопско, по претходна пријава дека околу 03:30 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 33-годишна сопруга. Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 10:30 часот го лишиле од слобода А.Т.(42) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава од неговиот 85-годишен дедо, дека во семејниот дом во село во општина Старо Нагоричане, по кратка…
Љубљана – Претседателот на Словенечката демократска партија (СДС), Јанез Јанша, денеска е официјално предложен за мандатар за состав на новата словенечка влада, откако доби поддршка од 48 пратеници во Државниот збор. Како што јави Словенечката новинска агенција (СТА), кандидатурата на Јанша, покрај матичната СДС, ја поддржаа и пратениците од Нова Словенија (НСи), Словенечката народна партија (СЛС), Фокус, Демократите на Анже Логар, како и членовите на движењето Ресни.ца, кое формално ќе остане во опозиција. За избор на мандатар во словенечкиот Парламент се потребни 46 гласови, а гласањето би можело да се одржи најрано в петок, додека изборот на новата влада се…
Лидерот на опозицискиот Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција, уште еднаш ги отфрли повиците на премиерот Христијан Мицкоски и на шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски за обединување околу Реформската агенда, оценувајќи ги како лажни и лицемерни. Имено, министерот за надворешни работи и надворешна трговија минатата недела повика на конструктивност од опозицијата околу реформите во правосудството и Изборниот законик, откако СДСМ ја напушти работата на Работната група во Министерството за правда за Законикот, револтиран поради носењето на измените со кои беше укината техничката влада на 100 дена пред парламентарни избори. Филипче уште тогаш ги отфрли повиците…
Природниот гас го трансформираше Катар, пустински полуостров во Персискиот Залив, од заостаната земја ловец на бисери во една од најбогатите нации во светот. Но, иранските напади и блокадата на бродарството сега го парализираа клучниот извоз на гас и ги закочија економските планови што требаше да поттикнат понатамошен раст, објавува „Њујорк тајмс“. Катар помина три децении градејќи синџири на снабдување, испорачувајќи десетици милијарди долари течен природен гас (ЛНГ) годишно преку Ормускиот теснец до пристаништата во Азија и Европа. Парите од гасот и поврзаниот извоз, кои сочинуваат повеќе од 60 проценти од владините приходи, го трансформираа полуостровот во блескава метропола. Неасфалтираните…
„Сè додека се врши овој притисок, и тоа од јавни политички личности и кога се знае дека во минатото г. Милошоски имал разни проблеми поврзани со имотот и неправдите спроведени кон семејството на „Пуцко петрол“, тоа е продолжение на притисок врз правдата и влијание што сакаат да го извршат врз сите спроведувачи на законите. Така што ова е прашање кое нè загрижува и тоа ќе го пренесам на сите мои средби“, вели лидерот на ДУИ во видеоизјава објавена на фејсбук-профилот на партијата Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, денеска преку видеоизјава изрази загриженост за серијата обвинувања од…
Најостро реагирам на обидот полагањето на правосудниот испит да се претвори во поле за политички притисок и етничка конфронтација. Правосудниот испит не е прашање на политика, туку прашање на стручност, професионалност и почитување на правниот поредок на државата. Обидите да се прикаже законската обврска за познавање на македонскиот јазик како дискриминација се опасна манипулација со јавноста и директен удар врз уставниот поредок, реагира министерот за правда, Игор Филков, за протестите. „Македонскиот јазик е службен јазик на целата територија на Република Северна Македонија и темел на институционалниот и правниот систем. Недозволиво е чувствителни теми што директно го засегаат правниот систем…
Ангела Меркел ги повика лидерите на ЕУ да преговараат директно со Кремљ за да се стави крај на војната во Украина, а воедно се исклучи себеси како претставник. Меркел, која преговараше за таканаречените договори од Минск II во 2015 година, кои не успеаја да ја завршат граѓанската војна поттикната од Москва во југоисточна Украина, рече дека само сегашните лидери на ЕУ ќе бидат „сфатени сериозно“ од Владимир Путин. „Она за што жалам е што, според мене, Европа не го користи доволно својот дипломатски потенцијал“, рече таа на настан во Берлин во понеделникот. Поранешната канцеларка, која уживаше во затегнат, но…
Демократската унија за интеграција (ДУИ) бара одговорност од заменик-министерот за внатрешни работи, Астрит Исени, обвинувајќи го за директен притисок и малтретирање студенти од Република Албанија. Според партиското соопштение, студентите биле малтретирани со полициска придружба и изолирани, со единствена цел да им се оневозможи учество на студентскиот протест во Скопје. Од ДУИ сметаат дека ваквите постапки се резултат на недостатокот на етнички легитимитет кај актуелните функционери од Влен. „Недостатокот на национален легитимитет те прави слуга, а Астрит Исени блеска во таа улога. Браќа од Албанија, драги студенти, ви се извинуваме за овој срам од вазали како Астрит Исени и Влен“, се…
Амбасадорот на Албанија во Македонија, Денион Мејдани, реагираше преку социјалните мрежи по информациите дека албански студенти биле задржувани, доцнеле и биле заплашувани додека патувале кон Македонија за да дадат поддршка на правото за полагање на правосудниот испит на албански јазик. Во својата објава, Мејдани оценува дека кога студентите се спречуваат мирно да изразат солидарност за едно јазично право, прашањето престанува да биде само процедурално и станува тема што го засега демократскиот дух и европските вредности на регионот Тој посочува дека студентите од Тирана не патувале за конфликти, туку за граѓанска солидарност и поддршка на, како што наведува, елементарно право –…
Спасувачките екипи во вторник наутро ја продолжија потрагата по три исчезнати лица откако зграда се урна во германскиот Герлиц, во близина на границата со Полска, во понеделник вечерта. Полицијата објави дека можна причина за уривањето е експлозија на гас. Поради ризикот од истекување на гас, екипите на терен продолжуваат со голема претпазливост додека ги пребаруваат урнатините и го обезбедуваат подрачјето. По неуспешните обиди да ги пронајдат исчезнатите со помош на кучиња трагачи, спасувачите почнаа да ги отстрануваат урнатините со багер и рачно. Првичните стравувања дека под урнатините можеби останале до пет лица подоцна се покажаа како лажни, соопшти полицијата. Еден…
