Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

(ВИДЕО) Студентските стипендии не се намалени, СДСМ манипулира – велат од УМС на ВМРО-ДПМНЕ

19 мај 2026

Израелците ја притворија сестрата на ирскиот претседател

19 мај 2026

Шест лица лишени од слобода, вкупно седум пријави за семејно насилство во последното деноноќие

19 мај 2026

Јанша поднесе кандидатура за премиер на Словенија

19 мај 2026

Филипче: Лажни и лицемерни се повиците на Мицкоски за обединување

19 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
вторник, мај 19
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Јанша поднесе кандидатура за премиер на Словенија

Press OnlineBy Press Online19 мај 2026 Регион
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Љубљана – Претседателот на Словенечката демократска партија (СДС), Јанез Јанша, денеска е официјално предложен за мандатар за состав на новата словенечка влада, откако доби поддршка од 48 пратеници во Државниот збор.

Како што јави Словенечката новинска агенција (СТА), кандидатурата на Јанша, покрај матичната СДС, ја поддржаа и пратениците од Нова Словенија (НСи), Словенечката народна партија (СЛС), Фокус, Демократите на Анже Логар, како и членовите на движењето Ресни.ца, кое формално ќе остане во опозиција. За избор на мандатар во словенечкиот Парламент се потребни 46 гласови, а гласањето би можело да се одржи најрано в петок, додека изборот на новата влада се очекува на почетокот на јуни.

Јанша, кој е роден на 17 септември 1958 година, со ова најверојатно по четврти пат ќе застане на чело на словенечката извршна власт. Тој претходно ја предводеше владата од 2004 до 2008 година, потоа од 10 февруари 2012 до 20 март 2013 година, како и во периодот од 2020 до 2022 година.

Својата пратеничка кариера Јанша ја започна на првите повеќепартиски избори во април 1990 година на листата на Словенечкиот демократски сојуз (СДЗ), и оттогаш континуирано е избиран за пратеник. Во 1992 година и се приклучи на СДС, а во мај 1993 година беше избран за нејзин лидер. Во богатата политичка кариера, тој беше и првиот министер за одбрана на независна Словенија до 1994 година, кога беше сменет поради аферата „Депала вас“.

Неговиот прв премиерски мандат беше придружен со обвинувања за политичко кадровско мешање и ограничување на медиумските слободи, како и со конфликти со невладиниот сектор. Пред крајот на тој мандат во 2008 година, словенечката јавност ја потресе аферата „Патрија“ поврзана со спорната набавка на фински оклопни возила, поради што Јанша подоцна отслужи и затворска казна, која Уставниот суд на крајот ја поништи, а случајот застаре.

Втората влада Јанша ја состави во 2012 година, откако тоа не му успеа на тогашниот изборен победник и лидер на Позитивна Словенија, Зоран Јанковиќ, но таа влада падна по само една година поради изгласана недоверба во Парламентот. Иако СДС победи на изборите во 2018 година, влада тогаш формираше Марјан Шарец од второпласираната ЛМШ, но по неговата оставка во 2020 година, Јанша успеа да го состави својот трет кабинет, кој менаџираше со пандемијата на коронавирусот.

Се очекува новата словенечка влада да има 14 министерства, при што клучните ресори како финансии, надворешни и внатрешни работи ќе и припаднат на СДС. На изборите одржани на 22 март, партијата на Јанша освои 28 мандати – еден помалку од лево-либералното Движење Слобода, кое владееше во изминатите четири години. Коалицијата на Нова Словенија, СЛС и Фокус освои девет мандати, Демократите добија шест, додека движењето Ресни.ца обезбеди пет пратенички места. 

Поврзани содржини

Ден на жалост во Дрниш, Лука ќе биде погребан во матурскиот костум: Убиецот 40 години зад решетки

19 мај 2026

Се урна дел од мост на границата меѓу Хрватска и БиХ

19 мај 2026

Грција: Нема да има ослободување на туристите од некои земји од земање биометриски податоци

19 мај 2026
НАЈНОВО

(ВИДЕО) Студентските стипендии не се намалени, СДСМ манипулира – велат од УМС на ВМРО-ДПМНЕ

19 мај 2026

Израелците ја притворија сестрата на ирскиот претседател

19 мај 2026

Шест лица лишени од слобода, вкупно седум пријави за семејно насилство во последното деноноќие

19 мај 2026

Јанша поднесе кандидатура за премиер на Словенија

19 мај 2026

Филипче: Лажни и лицемерни се повиците на Мицкоски за обединување

19 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.