Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

(ВИДЕО) Студентските стипендии не се намалени, СДСМ манипулира – велат од УМС на ВМРО-ДПМНЕ

19 мај 2026

Израелците ја притворија сестрата на ирскиот претседател

19 мај 2026

Шест лица лишени од слобода, вкупно седум пријави за семејно насилство во последното деноноќие

19 мај 2026

Јанша поднесе кандидатура за премиер на Словенија

19 мај 2026

Филипче: Лажни и лицемерни се повиците на Мицкоски за обединување

19 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
вторник, мај 19
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Филипче: Лажни и лицемерни се повиците на Мицкоски за обединување

Press OnlineBy Press Online19 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email


Лидерот на опозицискиот Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција, уште еднаш ги отфрли повиците на премиерот Христијан Мицкоски и на шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски за обединување околу Реформската агенда, оценувајќи ги како лажни и лицемерни.



Имено, министерот за надворешни работи и надворешна трговија минатата недела повика на конструктивност од опозицијата околу реформите во правосудството и Изборниот законик, откако СДСМ ја напушти работата на Работната група во Министерството за правда за Законикот, револтиран поради носењето на измените со кои беше укината техничката влада на 100 дена пред парламентарни избори. Филипче уште тогаш ги отфрли повиците нарекувајќи ги обид за „мачкање очи“.

Премиерот Мицкоски, пак, минатата недела рече дека доколку надвладее разумот кај актуелното раководство на СДСМ, тогаш до крајот на јуни ќе бидат завршени сите десет преостанати обврски од Реформската агенда.

„Повиците се лажни и лицемерни. ВМРО нема желба да се обедини околу ништо. Прашањето коешто логично следно се поставува е зошто упатуваат такви повици на единство кога само неколку дена претходно го усвоија Законот за Влада сами, без наша согласност? Тие луѓе не сакаат единство, не сакаат реформи“,

рече Филипче.
Тој порача дека СДСМ нема да седне на маса со луѓе кои немаат чесни намери и кои не сакаат државата да оди напред.

„Не седнуваме на маса со луѓе коишто немаат чесни намери и не сакаат ништо да направат за земјава да мрдне напред. Еве креираат поделби, лажни вести само за дефокус. Зошто не ги става малцинствата во Уставот и нека објасни што е ризикот? Реформите се викаат уставни измени и да ги почнеме преговорите. Отиде напред и Црна Гора, останавме ние последни, и тоа не е случајно“,кажа Филипче.

Претседателот на СДСМ наведе дека по трагедијата во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани лично му понудил на Мицкоски заедничка работа на Реформската агенда, но дека власта не прифатила.

„Јас бев кај Христијан Мицкоски после пожарот во Кочани и понудив заедничка работа на Реформската агенда. Ниту едно наше мислење не прифатија, ниту одговорија. Ете толку за нивниот интерес за остварувањето на реформската агенда“,

кажа претседателот на Социјалдемократскиот сојуз.
Одговарајќи на прашањето, Филипче предупреди дека суштината на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ е контрола врз институциите, медиумите и судството, наместо вистински реформи.

„Тоа е целата суштина на владеењето на Христијан и на неговата банда во последниве две години: контролирај го судството, контролирај ги медиумите, контролирај го буџетот, целосна партизација на полицијата, никаква реформа во здравството и образованието. Тоа е суштината. Само нивен личен интерес“,порача лидерот на СДСМ.

Инаку, премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повик за обединување околу државните и националните интереси денеска упати и од Разловци, каде што присуствуваше на свеченоста и одржа говор по повод 150-годишнината од кревањето на Разловечкото востание.

Во неговото обраќање имаше и критики, кои, како што можеше да се препознае, беа упатени до опозицијата.

„Оваа земја најмногу страдала тогаш кога однатре имало луѓе подготвени за личен интерес да ја наведнат државата. Народот мора да биде внимателен кому му ја доверува иднината. Да не им верува на оние што лесно се нудат за власт, а никогаш не покажале подготвеност да се жртвуваат за татковината. На оние што пред народот зборуваат за патриотизам, а зад затворени врати им даваат подароци и отстапки на оние што не ѝ мислат добро на државата“,рече премиерот во обраќањето во Разловци.



Поврзани содржини

(ВИДЕО) Студентските стипендии не се намалени, СДСМ манипулира – велат од УМС на ВМРО-ДПМНЕ

19 мај 2026

Шест лица лишени од слобода, вкупно седум пријави за семејно насилство во последното деноноќие

19 мај 2026

(ВИДЕО) Ахмети: Кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во врска со случајот „Мазут“ е продолжение на притисоците врз „Пуцко петрол

19 мај 2026
НАЈНОВО

(ВИДЕО) Студентските стипендии не се намалени, СДСМ манипулира – велат од УМС на ВМРО-ДПМНЕ

19 мај 2026

Израелците ја притворија сестрата на ирскиот претседател

19 мај 2026

Шест лица лишени од слобода, вкупно седум пријави за семејно насилство во последното деноноќие

19 мај 2026

Јанша поднесе кандидатура за премиер на Словенија

19 мај 2026

Филипче: Лажни и лицемерни се повиците на Мицкоски за обединување

19 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.