НАЈНОВО
Автор: Press Online
Вашингтон – Министерство за одбрана на САД прекинува дел од военната соработка со Канада, соопшти високопоставен претставник на Пентагон. Одлуката доаѓа во услови на зголемени тензии меѓу двете соседни земји и обвинувања од Вашингтон дека Канада не ги исполнува своите обврски во областа на одбраната. Заменик-министерот за одбрана на САД за политички прашања, Елбриџ Колби преку статус на мрежата„Икс“ изјави дека САД ја замрзнуваат работата во рамките на Заедничкиот совет за одбрана, бидејќи Канада, според него, не инвестира доволно во сопствените одбранбени капацитети. Тој додаде дека „разликата меѓу реториката и реалноста не може повеќе да се игнорира“. Советот за одбрана…
Нук – Владата на Гренланд соопшти дека е постигнат напредок во преговорите на високо ниво со САД за иднината на територијата, но нагласи дека огромниот остров, кој американскиот претседател Доналд Трамп сака да го добие, никогаш нема да биде продаден. Специјалниот пратеник на САД за Гренланд, Џеф Ландри, назначен од Трамп минатата година со цел да изврши притисок за американски контрола врз островот, завчера пристигна во Нук, каде што вчера се сретна со премиерот Јенс-Фредерик Нилсен и со министерот за надворешни работи Муте Егеде. – Сметаме дека има напредок и од гренландска страна сме фокусирани на наоѓање решенија кои се…
Денеска премиерот Христијан Мицкоски одржа работна средба на која присуствуваа копретседателите на ВЛЕН Билал Касами и Изет Меџити, на која се разговараше за темата со употребата на јазиците при полагање на правосудниот испит, информираат од Владата.Како што информираат, било нагласено дека „само преку заеднички, мудар и достоинствен пристап може да се дојде до решенија кои ќе значат напредок, меѓусебна доверба и заедничко чекорење кон иднината“.Соговорниците се согласиле дека образованието и знаењето претставуваат темел на секоја современа и успешна држава.Оттука, институциите активно работат на изнаоѓање на решенија кои ќе бидат целосно усогласени со Уставот и со Законот за употреба на јазиците,…
Потретседателката и пратеничката од СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната собраниска седница во образложението на Предлог-законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани за справување со ценовната криза, поднесен од пратеничката група на СДСМ, нагласи дека во ова време на криза најпотребни се таргетирани мерки за ранливите категории на граѓани. Тренчевска истакна дека целта на законското решение е директна помош за граѓаните кои најтешко се справуваат со последиците од кризата.„Кога цените растат секој ден, за некои граѓани тоа значи помалку заштеда или одложување на некои трошоци. Но за најранливите тоа значи дилема: дали ќе купат доволно храна, дали ќе…
Брисел планира да ги принуди компаниите во Европската унија клучните сировини и компоненти да ги набавуваат најмалку три различни добавувачи, во обид да се намали зависноста од Кина. Како што објавува лондонски „Фајненшл Тајмс“, новите правила би се однесувале на компании во повеќе стратешки сектори, како хемиската индустрија и производството на индустриски машини, при што би било ограничено учеството на еден добавувач на околу 30 до 40 отсто од набавките. Остатокот би морал да се обезбедува од најмалку три други коминтенти од различни земји. Мерките се дел од пошироките напори на ЕУ да ја намали изложеноста на ризици поврзани со…
Министерството за правда денес организираше стручна јавна расправа за Предлог-законот за конфискација на имот во граѓанска постапка, со учество на претставници на правосудните институции, судии, јавни обвинители, државни правобранители, професори, експерти и претставници на меѓународната заедница.Во своето обраќање, министерот за правда, Игор Филков истакна дека предложеното законско решение претставува значаен чекор во зајакнувањето на владеењето на правото, борбата против криминалот и корупцијата и заштитата на јавниот интерес.Министерот потсети дека во март 2024 година беше донесен првиот Закон за конфискација на имот во граѓанска постапка, со кој Република Македонија започна со воспоставување современ механизам за одземање имот за кој постои основано…
Пратеничката група на СДСМ поднесе Предлог на закон за дополнување на Законот за локалната самоуправа, со кој се предвидува општините преку одлуки на своите совети да можат да ги ослободат родителите и старателите на деца со попреченост и аутизам од плаќање надоместок за користење на јавен простор за паркирање, соопштуваат од СДСМ.Пратеникот на СДСМ, Миле Талески, рече дека целта на законското решение е да се создаде „унифицирана законска можност за сите општини во државата“ за олеснување на секојдневието на овие семејства.„Потребата од измена на Законот за локална самоуправа произлегува од реалните предизвици со кои се соочуваат семејствата на децата со…
Војната во Украина се шири во градови, пристаништа, станбени згради, училишта, рафинерии, аеродроми и во секојдневието на луѓе што утрото го дочекуваат со прашањето што останало недопрено. Според украинските власти, Русија во текот на ноќта извршила напади со беспилотни летала, ракети, воздушни удари и гранатирање врз повеќе украински региони, меѓу кои Одеса, Днипро, Запорожје и Херсон. Во нападите, како што пренесуваат македонските медиуми повикувајќи се на Ројтерс и локални украински власти, загинало најмалку едно лице, а повеќе од 30 биле повредени. Во Одеса украинските власти соопштиле дека беспилотни летала погодиле станбени згради, училиште и градинка. Во одделен напад Днипро бил…
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на собраниска седница апелираше дека е потребна посилна и посеопфатна медицинска поддршка за децата со попреченост и лицата со ретки болести, преку измени во Законот за здравствено осигурување.Таа посочи дека предложените измени предвидуваат воспоставување на посебна позитивна листа на лекови и суплементи, како и проширување и ревидирање на правото на ортопедски и индивидуални помагала.„Со предложените измени ќе се овозможи редовно и континуирано следење на здравствените потреби на овие лица, намалување на финансискиот товар врз семејствата и обезбедување правична и навремена здравствена услуга“, рече Лукаревска.Таа појасни дека целта на законските измени е унапредување на квалитетот на…
Американскиот медиум „Аксиос“ објави дека Куба има повеќе од 300 воени дронови и дека е разговарано за нивна можна употреба за напади врз американската база во заливот Гвантанамо, американските бродови во Карибите и најјужната точка на континенталниот дел на САД. Според извештајот, Куба ќе набави дронови за напад од Иран и Русија почнувајќи од 2023 година. Американските претставници наводно веруваат дека кубанската разузнавачка служба се обидувала да проучи како Иран им се спротивставил на САД за време на претходните конфликти. „Аксиос“ исто така известува, повикувајќи се на американските разузнавачки информации, дека ирански воени советници неодамна биле во Хавана. Еден американски…
Собранието на денешната седница го донесе Законот за младински додаток со кој се предвидува директна финансиска поддршка за дел од младите работници. Новото законско решение предвидува младите лица до 23 години, вработени во производствените дејности, да добиваат младински додаток во износ од 3 000 денари. Пратениците го поддржаа и Законот за изменување и дополнување на Законот за индустриски зелени зони. Со измените се врши усогласување со Законот за организација и работа на органите на државната управа (ЗОРОДУ), при што се менуваат одредени термини во постојниот закон согласно новите законски решенија. На седницата беше донесена и одлука за испраќање припадник на…
ЗНАМ се распаѓа. Последната улога што ја има е да ја напаѓа СДСМ со учество во Латасовата кампања за обвинувања на СДСМ. Не помина со ЗНАМ, па сега е активиран уште еден „спијач“ на ВМРО и проект на Христијан Мицкоски – Левица. Партија креирана токму за вакви потреби, се вели во соопштението од СДСМ Анти-ЕУ партија во земја во која 77% од граѓаните се за ЕУ. Анти-НАТО партија во земја која е горда членка на НАТО и во која 72% од граѓаните се за НАТО. Руска партија во земја во која САД се стратешки партнер. За што служи оваа партија?…
