НАЈНОВО
Автор: Press Online
За поранешниот шеф на претседателскиот кабинет на Украина, Андриј Јермак, платена е кауција од 140 милиони гривни, која претходно му ја одреди Врховниот антикорупциски суд, соопшти Катерина Шипилова од прес-службата на Судот. – Поранешниот шеф на претседателскиот кабинет е пуштен на слобода по уплатата на целосната кауција – изјави таа. Кауцијата од 140 милиони гривни одговара на износ од околу 2,7 милиони евра. Јермак е осомничен во рамките на истрагата за наводно перење пари поврзано со изградбата на станбениот комплекс „Династија“ во близина на Киев. Според наводите на обвинителството, случајот се однесува на можни незаконски финансиски текови и злоупотреби во…
Власта нема слух да се работи заеднички за доброто на граѓаните, вели лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1 на прашањето колку е паметна одлуката на најголемата опозициска партија да ги напушти преговорите за носење нов Изборен законик. Според Филипче, власта имала можност за соработка со опозицијата за повеќе важни прашања за државата, но ја пропуштила бидејќи, како што вели, станува збор за „проформа“, додека законите се носат без консензус. Филипче: Нема слух кај власта за тоа да се работи заеднички за доброто на граѓаните. Тие секој ден тоа го потврдуваат. Еве ја држат…
Полицијата приведе три лица на протестот што попладнево се одржа пред Министерството за правда поради нарушување на јавниот ред и мир, соопштија вечерва од Министерството за внатрешни работи (МВР). „Во 17:45 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје приведоа три лица, македонски државјани, пред Министерството за правда поради нарушување на јавниот ред и мир“,се вели во полициското соопштение. Попладнево се одржа протест на кој студенти излегоа со барање да се овозможи полагање на правосудниот испит на албански јазик. Од денешниот протест на студентите за полагање на правосудниот испит на албански јазик / Фото: „360 степени“ Знаењето нема…
Руски дрон рано утринава погоди трговски брод во кинеска сопственост кој пловел под знамето на Маршалските Острови, соопшти портпаролот на украинските военопоморски сили. Пловниот објект во моментот на нападот бил без товар и пловел кон пристаниште во Одеската област за да натовари концентрат од железна руда. На бродот не му се нанесени значителни штети, нема повредени, а пожарот предизвикан од ударот бил брзо изгаснат од страна на екипажот. Иницидентот се случи во момент кога се разговара за претстојна посета на рускиот претседател Владимир Путин на Кина. „Русите не можеа да не знаат каков брод се наоѓа во морето“, напиша од…
Грција објави дека новиот систем на ЕУ за земање биометриски податоци на патници кои доаѓаат од земји надвор од Европската Унија (EES) е целосно оперативен и ги отфрли извештаите дека Британците ќе бидат ослободени – дека нивните податоци нема да бидат земени. Но, на полицијата ќе ѝ биде дозволено повремено да ги исклучува скенерите кога толпите ќе станат преголеми ова лето, велат официјални лица, пренесуваат медиумите во регионот. „Не добивме никакви промени или објаснувања за тоа дали, на пример, странците од одредена националност се привремено ослободени од оваа постапка“, одговори Министерството за надворешни работи на прашање на Associated Press, пренесува…
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случаите За едно деноноќие во Скопје полицијата регистрирала три инциденти во кои биле употребени остри и тврди предмети, а во најголем дел од нив вклучени се малолетници. Во СВР Скопје вчера е пријавен случај на разбојништво и изнуда кој се случил на 7 мај во населбата Чаир. Според пријавата на нејзиниот татко, неколку малолетници со закана со остар предмет одзеле пари од неговата 16-годишна ќерка. Насилниците не запреле тука, туку продолжиле со закани дека девојчето ќе мора да им дава пари и во наредните денови. Инцидент, како што е наведено…
Дали е прерано? Дали е воопшто изводливо? Малкумина очекуваа дека 10 години по референдумот за Брегзит и едвај шест години по излегувањето од Европската Унија, Велика Британија ќе зборува за повторно приклучување. Во текот на викендот, поранешниот секретар за здравство и можен кандидат за лидер на Лабуристите, Вес Стритинг, тврдеше дека на владата на Кир Стармер ѝ е потребен „нов посебен однос со ЕУ“ и дека еден ден најдобриот одговорќе биде да се „врати назад во ЕУ“.Еве ги опциите што би ги имал Стритинг доколку беше премиер. Целосно членство во ЕУ Ова би било предизвикувачко. Иако референдумот не е законски…
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната седница донесе повеќе кадровски решенија за претседатели на општинските комитети на партијата, а за нов портпарол е избран Валентин Манасиевски. Од партијата велат дека дел од избраните се нови лица кои треба да внесат „свежина“, а дел се актуелни претседатели кои, според ВМРО-ДПМНЕ, оствариле големи победи на претходните избори и резултати во локалните самоуправи. Во рамки на кадровските промени, избрани се и нови претседатели на општинските комитети во повеќе општини низ државата. Меѓу нив се Тони Јаревски за Карпош, Иван Живковски за Кисела Вода, Дејан Митески за Аеродром, Сергеј Попов за Центар, Ѓоко Велковски…
Лидерот на словенечката десница, Зоран Стевановиќ, потврди дека партијата ќе го поддржи претседателот на СДС, Јанез Јанша, како мандатар за премиер, објави денеска словенечката новинска агенција СТА. Претседателот на словенечкото Народно собрание, исто така, рече дека ќе поднесе потписи за кандидатурата на Јанша в понеделник, но дека неговата партија нема да биде дел од коалицијата. Како што рече и Стевановиќ во изјава за медиумите, тие сакаат оперативна влада што е можно поскоро и не сакаат да создаваат политичка криза. „Нашите главни услови беа да не се приклучиме на владата предводена од СДС и ние го исполнуваме тоа ветување“, тврди Стевановиќ.…
Срушен е кредибилитетот на државниот јавен обвинител Ненад Савески, оценува лидерот на СДСМ, Венко Филипче, по веста дека премиерот Христијан Мицкоски се слушнал со обвинителот на денот кога Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) ја запре истрагата за увозот на мазут за ТЕЦ „Неготино“. Правејќи паралела со европските обвинители, Филипче рече дека, на пример, кај европската главна обвинителка Лаура Ковеси нема јавувања, што според него, е причина плус за власта да не ја сака Европа. „Каде е сега кредибилитетот на обвинителот Савески и каков е кредибилитетот? За кредибилитетот на Мицкоски веќе знаеме дека го нема,…
Поранешниот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) на Црна Гора, Дејан Перуничиќ, е осуден на пет години затвор поради наредба за незаконско прислушување и следење на поранешни лидери на опозицијата, новинари и црковни великодостојници од крајот на 2019 до изборите во август 2020 година, јавува агенцијата Бета. Оперативецот на тајната служба, Срѓа Павиќевиќ, е осуден на една година и четири месеци затвор поради незаконско снимање и следење по усмени наредби на поранешниот шеф на АНБ. Во текот на судската постапка јавноста беше исклучена. Перуничиќ е осуден бидејќи во периодот од декември 2019 до август 2020 година, противправно ја искористил…
ЛОНДОН – Најчудната работа во врска со недели како последната во Вестминстер е … тие веќе не се чувствуваат толку чудно. Длабоко непопуларен премиер, обвинет од неговата партија и земја за неисполнување на стандардите што се очекуваат од еден лидер – и, полошо од тоа, за неможност да ги подобри животните шанси и расположението на обичните гласачи – беше подложен на сега веќе ритуалистичко отфрлање од неговите пратеници и високи сојузници. Се наѕира предизвик за лидерство. Кир Стармер, неколку недели откако ја обезбеди својата убедлива победа на изборите во 2024 година, вети дека ќе биде искрен со гласачите „колку тешко…
