НАЈНОВО
Автор: Press Online
Претседателот на Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ), Ацо Ристов, најави дека се прави анализа на системот на блок тарифи со цел граѓаните да добијат пониска цена на електричната енергија. Во интервју за Телевизија 24, посочи дека актуелниот систем на блок тарифи е воведен за време на енергетската криза во 2021 и 2022 година, но оттогаш состојбите во енергетскиот сектор значително се промениле. Од гостувањето на претседателот на Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ), Ацо Ристов на ТВ 24 / Фото: Принтскрин „Тоа е и повод за размислување како да се воспостави систем кој ќе обезбеди произведената електричната енергија од обновливи извори,…
На денешниот протест во Скопје, на кој албански студенти бараа право да полагаат правосуден испит на албански јазик, се случи тежок инцидент, кога групa млади луѓе, кои биле меѓу учесниците на протестот, започнаа меѓусебна физичка пресметка. Според она што се гледа од снимката што ја објавија повеќе медиуми, се чини дека едно момче е нападнато од група од пет-шест напаѓачи. Телевизијата „Алсат“ објави дека некои од учесниците во инцидентот биле уапсени.
Мале — Италијанското Министерство за надворешни работи соопшти во понеделник дека спасувачите ги пронашле телата на четворица италијански нуркачи длабоко во подводна пештера на атол на Малдивите, четири дена откако беа пријавени како исчезнати. Потрагите продолжија во понеделник откако беа прекинати по смртта на локален воен нуркач за време на опасната мисија за обид за нивно достигнување. Владата на островската нација во Индискиот Океан потврди дека телата биле забележани во највнатрешниот дел од пештерата од страна на тројца фински експерти за нуркање, поддржани од полицијата и војската на Малдивите. „Како што се сметаше претходно, четирите тела беа пронајдени во пештерата,…
Во интервју за емисијата „360 степени“ на МРТ, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, откри дека и покрај политичките обврски, секојдневно работи со пациенти, а еднаш неделно влегува и во операциона сала. Филипче посочи дека никогаш не ја напуштил својата професија како неврохирург, а воедно нагласи дека како професор е активно вклучен и во наставниот процес на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј” , каде што држи предавања и испити за студентите, се наведува во соопштението на СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. -Прегледувам пациенти секој ден, прават доаѓаат луѓе за консултација, мислења, а еднаш неделно влегувам во…
Денеска во 16:30 часот започна протестот на албански студенти, кои бараат да се полага правосудниот испит на албански јазик. „Обединете се со студентите – сите заедно“, гласи слоганот на протестот, кој е втор протест организиран од албански студенти како резултат на, како што велат, отфрлањето на нивното барање од страна на министерот за правда. На денешниот протест беа истакнати повеќе транспаренти со политички и националистички пораки и се носеа албански знамиња, како и знамиња на ЕУ и САД. Дел од пораките гласеа: „Студентите не се предаваат“, „Овој јазик има маченици зад себе“, „Не ми ја допирајте иднината“, „Знаењето нема забранет…
Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго уби најмалку 100 луѓе и зарази повеќе од 390, изјави за Би-Би-Си раководителот на Африканските центри за контрола и превенција на болести. Светската здравствена организација (СЗО) ја прогласи епидемијата за меѓународна вонредна состојба за јавното здравје, а американските медиуми известуваат дека најмалку шест американски државјани биле изложени на вирусот, објавува Би-Би-Си. Според извори на американската телевизиска станица CBS News, најмалку шест Американци биле изложени на вирусот ебола. Се верува дека еден од нив покажува симптоми, додека тројца имале контакти со лица со висок ризик. Сè уште не е познато дали некој од нив…
Ве молам, потпретседателе, стопирајте ми го времето. Ве молам да го почекаме да влезе во собраниската сала заменикот-претседател на Владата за добро владеење, Арбен Фетаи. Уредно најавив прашање и ми беше одговорено дека тој ќе дојде за да ми одговори, рече на денешната седница за пратенички прашања пратеничката од СДСМ, Даниела Николова, обраќајки му се на потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски. Притоа, Милошоски одговори дека вицепремиерот за добро владеење Фетаи бил уредно известен и поканет да присуствува за да одговори на нејзиното прашање, но дека тој сепак не дошол. Николова сепак го искористи правото да го постави прашањето до Фетаи.…
Вооружен напаѓач отворил оган во јужна Турција, убивајќи четири лица и ранувајќи осум, објавија денес локалните медиуми на Би-Би-Си. Смртоносниот инцидент се случил во округот Тарсус во покраината Мерсин, според турските весници Хуриет и Си-Ен-Ен Турк. Пукањето наводно започнало во ресторан, а осомничениот потоа избегал со автомобил. Операција за пребарување од големи размери, распоредени се хеликоптери Полицијата, поддржана од хеликоптери, започнала голема операција за потрага по напаѓачот, за кој се вели дека е 17-годишно момче. Турските медиуми објавија дека две лица се убиени во ресторанот, за кои се верува дека се сопственикот и еден вработен. Вооружениот напаѓач потоа продолжил да…
Италијанската премиерка Џорџа Мелони упати писмо до претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, во кое побара Брисел да ги ублажи фискалните правила на Европската Унија, со цел да им помогне на владите на земјите членки да го амортизираат економскиот шок предизвикан од војната во Иран и вртоглавиот раст на цените на енергијата. Мелони во писмото побара „инвестициите и вонредните мерки потребни за решавање на енергетската криза“ да бидат изземени од Пактот за стабилност и раст на блокот, кој бара од членките на ЕУ да ги држат дефицитите на државните буџети под три проценти од бруто домашниот производ (БДП),…
ВМРО-ДПМНЕ најавуваше измени на Законот за пратеници со кои пратениците би морале да имаат исклучиво македонско државјанство. Денес, кога во Собранието беше предложено истиот принцип да важи и за членовите на Владата, токму пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се повлекоа и не го поддржаа законот – паднаа на сопствениот тест! Пред јавноста се силеа дека избраните функционери треба да имаат исклучиво македонско државјанство. Говореа гласно и јавно, поставуваа прашања, бараа поддршка, се претставуваа како чувари на државниот интерес… но, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ днес се повлекоа. Зошто молк, колеги пратеници од ВМРО-ДПМНЕ? Ако пратеник треба да има само македонско државјанство, зошто тоа да…
Сараево- По оставката на Кристијан Шмит за позицијата висок претставник во Босна и Херцеговина, италијанскиот дипломат Антонио Занарди Ланди се споменува како фаворит за негов наследник, објави сараевскиот портал Кликс, повикувајќи се на неименувани дипломатски извори. Според овие извори, Занарди Ланди е исто така истакнат како американски предлог за нов висок претставник, а „историјата покажува дека оној кого го фаворизираат САД има добри шанси“. Уште од основањето на Канцеларијата на високиот претставник (КВП) со Дејтонскиот договор, постои непишано правило дека Европеец треба да биде висок претставник, а Американец негов заменик. Кликс наведува дека назначувањето на Занарди Ланди или некој друг…
Студенти и граѓани од Косово денеска се приклучија на протестот во Скопје поврзан со барањата правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик, јавува „Порталалб“. Протестот се одржува кај Камениот мост, а учесниците носат албански знамиња и транспаренти со пораки „Prishtina nuk hesht“ („Приштина не молчи“), „Shqipja nuk hesht“ и „Kosova është me ju“. Од снимките, и на вториов протест нема македонски симболи, иако правата се бараат во Македонија. На дел од транспарентите имаше и пораки поврзани со албанскиот јазик и правата, меѓу кои „Член 7“, „Еднаквост“ и „Права“. Во објавите поврзани со протестот се наведува и…
