Автор: Press Online

  Овогодишната парада за Денот на победата во Москва на 9 мај беше сè друго освен триумфална. За прв пат по две децении, тенковите и другите воени возила не се прошетаа низ Црвениот плоштад за да ја прослават победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија. Руските власти сметаа дека е премногу ризично да има масовни оклопни возила и ракетни лансери во блиските области, бидејќи тие би биле премногу привлечна цел за сè поефикасните украински беспилотни летала. Мобилниот интернет во Москва и Санкт Петербург беше исклучен пред големиот ден од безбедносни причини. Голем број системи за воздушна одбрана беа донесени од…

Read More

Со последните одлуки на Советот на Општина Центар, во оваа општина се воспоставува нов систем на паркирање, во кој јавниот простор ќе се користи порационално, а жителите полесно ќе може да дојдат до паркинг-место во близина на својот дом, односно таму каде што тоа е најпотребно. Како што информираат од ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, една од најважните промени е новиот начин на издавање на повластените паркинг-карти. Наместо како досега – по жител, картите отсега ќе се издаваат по станбена единица, односно по адреса. Со новите правила секое домаќинство ќе има право на бесплатно користење повластен паркинг за првото возило,…

Read More

Албанскиот министер за одбрана, Ермал Нуфи, потврди дека земјата се подготвува да испрати војници во Појасот Газа, за што албански тим веќе е испратен таму за ја согледа ситуацијата на терен. -Во рамките на својот ангажман во Мировниот одбор, Албанија презеде мерки за преглед на ситуацијата во Газа. Појасот Газа е под безбедноста на израелските одбранбени сили и секоја инспекција на војниците таму се врши преку меѓународните сили за стабилизација и израелската армија. Испративме тим внимателно да ја набљудува локацијата и ситуацијата на терен, за да можеме да разбереме каде и како можеме да се распоредиме, изјави Нуфи. Меѓународните сили…

Read More

Прес конференција, Каја Шукова, претседателка на Форумот на жени на СДСМ Во денови кога Македонија е потресена од грозоморни случаи на убиства на жени, фемициди, кога расте насилството врз жените, а институциите потфрлаат во заштитата, повампирените ликови од времето на Груевски, меѓу кои и Миленко Неделковски и Сашо Тасевски, јавно шират навреди, понижувања и омраза кон жените. Последни жртви на срамни напади и говор на омраза се македонската пејачка Каролина Гочева, како и континуираните навреди, клевети и омаловажувања кон нашата портпаролка и жените од СДСМ. Форумот на жени на СДСМ ги осудува и најавува дека ќе поднесе соодветни пријави. Одговорност…

Read More

  Шпанската конзервативна Народна партија (ПП) победи на регионалните избори во Андалузија во неделата, но го загуби апсолутното мнозинство, оставајќи ја зависна од поддршката или апстиненцијата на крајно десничарската партија Вокс за формирање нова влада. По изборите во најнаселениот регион во Шпанија – кои ќе послужат како барометар за поширокото изборно мислење пред општите избори следната година – социјалистите паднаа на најниско ниво досега, а Вокс освои едно дополнително место. Народната партија освои 53 места во регионалниот парламент со 109 места, што им остава две места помалку од апсолутно мнозинство и пет помалку од 58-те што ги освои на последните…

Read More

Голем пожар избувна во текот на изминатата ноќ, околу 2 часот по полноќ, во станбена зграда во Нов Белград, при што еден стан целосно изгоре, а неколку околни објекти се оштетени. Како можна причина за пожарот се сомнева неисправен полнач за мобилен телефон. Во моментот на избувнувањето на пламенот, во станот се наоѓале баба, дедо и нивните две внуци, кои за среќа успеале навреме да го напуштат објектот и да се спасат без повреди. Поради сериозноста на пожарот, на терен итно биле испратени 15 пожарникари со пет противпожарни возила, кои работеле на локализирање на огнот за да се спречи негово…

Read More

ЈП Водовод и канализација – Скопје ја информираше јавноста дека е во тек акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата за задоцнето плаќање. Од претпријатието посочуваат дека акцијата има ограничено времетраење и ќе трае до 5 јуни 2026 година. „Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг за потрошена вода, тужен или редовен, да ја искористат можноста за плаќање на рати без пресметана камата“, наведуваат од претпријатието. Акцијата се однесува на отплата на долговите на рати без камата, а по истекот на рокот одлуката ќе престане да важи. Од ЈП Водовод и канализација – Скопје дополнуваат дека…

Read More

Лондон – Бројот егзекуции во светот минатата година достигнал највисоко ниво од 1981 година наваму, со најмалку 2707 извршени смртни казни во 17 држави, се посочува во најновиот извештај на „Амнести интернешнал“. Генералната секретарка на Организацијата, Ањес Каламар, изјави дека загрижувачкиот раст се должи на „мала, изолирана група држави“ кои продолжуваат да ја применуваат смртната казна и покрај глобалниот тренд кон нејзино укинување. Во извештајот се посочуваат Кина, Иран, Северна Кореја, Саудиска Арабија, Јемен, Кувајт, Сингапур и Соединети Американски Држави како држави кои, според организацијата, ја користат смртната казна за заплашување, задушување на несогласувањето и демонстрација на државна моќ врз…

Read More

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, со порака за поддршка на денешниот протест на студентите поврзан со албанскиот јазик, оценувајќи дека борбата за неговата рамноправност мора да продолжи.   Во објава на социјалните мрежи, Села вели дека често слуша ставови дека повеќе не треба да се отвора прашањето за албанскиот јазик, но според него тоа е „наметната и опасна теза“. „До кога ќе се занимаваме со албанскиот јазик?“, прашува Села, по што одговара: „До кога јазикот што се зборува на оваа земја повеќе од 8.000 години не биде целосно рамноправен со јазикот што дошол подоцна на оваа територија.“ Тој…

Read More

Стопирањето на постапката за случајот „Мазут“ за криминал тежок 167 милиони евра, уште еднаш ги извади на површина конекциите на СДС и ДУИ со судско обвинителскиот систем. Кадрите поставени и унапредени во професионалната кариера лично од Зоран Заев и Али Ахмети, по потреба се активираат и одработуваат за да ги спасат од кривична одговорност луѓето од и блиски до СДС и ДУИ, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. И во случајот со милионскиот криминал за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино, блискоста на обвинителката Катерина Коларевиќ и на шефот на ОЈО ГОКК, Ислам Абази е неспорна. За блискоста на Ислам…

Read More

Најмалку две лица загинале, а повеќе од 7 000 се евакуирани од градот Лиуџоу, откако земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихотеровата скала утрово го погоди регионот Гуангси во југозападна Кина, јавуваат светските агенции. Според Ројтерс, операциите на надлежнит служби за пребарување и спасување се во тек, а властите соопштија за прекини во прекини во сообраќајот, додека траат проверките на патната и железничка инфраструктира во регионо. Државната кинеска телевизија Си-си-ти-ви (CCTV) и новинската агенција Ксинхуа, објавија дека се потврдени два смртни случаи, додека еднои лице води како исчезнато. Дополнително, се наведува дека четири лица било хоспитализирани, но, според првичните…

Read More

Скандалот со вработените во Центарот за социјални работи во Тетово со незаконски исплатени социјални пензии и додатоци за туѓа нега и тоа ретроактивно (кој беше откриен на почетокот од годинава), а во кој беа вмешани еден раководител и неколкумина вработени, продолжува со нов #скандал со исплата на социјална пензија на роднина на вработен во Центарот, се наведува во соопштението на Левица. И покрај тоа што вработените во Центарот кои ги вршеле овие незаконски дејанија, по покрената постапка од Јавното обвинителство и по признание на ВИНА за несовесно работење во службата и биле задолжени да платат по 18.000 денари – истите…

Read More