НАЈНОВО
Автор: Press Online
Посетители на трговскиот центар „Ист гејт“ биле евакуирани по лажна тревога, а откако се вклучил противпожарен аларм. Согласно безбедносниот протокол, сите биле изнесени пред трговскиот, а откако се утврдило дека е алармот е лажен, објектот продолжил со работа. „Се вклучил аларм кај закупец, но по грешка, нема никаков пожар и трговскиот е безбеден“, велат од „Ист гејт“ за „Скопје1“.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ реагира на денешната прес-конференција на лидерот на опозицискиот Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) Венко Филипче, оценувајќи дека најавениот „фронт за виситина и правда“ е составен од негови блиски партиски соработници и лојалисти на експремиерот Зоран Заев. „Венко Филипче на прес-конференција објави некаков си фронт и го нарекол ‘за вистина и правда’. А, во таканаречениот фронт учесници се единствено самиот Филипче и неговите партиски другари, исто како него лојалисти на Зоран Заев, поставени во партиското раководство на СДС токму од Заев“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму додаваат дека малкумината партиски другари останати и поставени токму од Заев, со отворени…
Соопштение за јавност Фронтот за вистина и правда најавува целосно нов систем за борба против корупцијата, базиран на европски модели, дигитална транспарентност и вештачка интелигенција по промена на власта во Македонија. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес конференција порача дека корупцијата и криминалот се најголема закана за иднината на државата и објавувајќи широк Фронт за вистина и правда. Тој најави дека еден од клучните столбови на фронтот ќе биде Законот за нулта толеранција за корупција и целосна дигитална транспарентност. „Денес го објавувам фронтот за истина и правда кој го сочинуваат опозициски партии, граѓански организации, невладини организации, видни интелектуалци,…
Screenshot На 15.05.2026 година во 21:10 часот во СВР Тетово, Х.Ѓ.(19) од Тетово пријавил дека околу 20:50 часот, додека се движел по улица „120“, бил физички нападнат од непознато лице. Кај пријавениот биле констатирани видливи повреди. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот.
Две лица од Индија, вработени во градежна компанија биле повредени при извршување на работни задачи. „На 15.05.2026 година во Медицинскиот центар во Гостивар била укажана лекарска помош на двајца државјани на Република Индија, вработени во градежна компанија. Лицата се здобиле со тешки повреди при извршување на работни задачи на трасата во с. Бајница. На 14.05.2026 година околу 13:00 часот, работникот Д.Б.(36), поради невнимание со градежна машина „ланчер“ ја повредил раката, додека исиот ден околу 18:00 часот М.А.(37) при слегување од работна машина се здобил со повреди на ногата“, соопшти полицијата. Известен е Трудов инспекторат и се преземаат мерки за документирање…
Барањето на една третина од советниците во Советот на Општина Ѓорче Петров за одржување на вонредна седница, со единствена точка на дневен ред, „Превенција на врсничко насилство во Ѓорче Петров со посебен осврт на настанот со малолетничко насилство случен во реонскиот парк Ѓорче Петров“ наместо да биде разгледано на посебна седница, е вметнато како точка на дневен на редовната седница на Советот, закажана за 21 мај во 9:30 часот, се вели во соопштението на Левица. Од Левица реагираат дека претседателката на Советот постапила спротивно на Деловникот за работа, бидејќи, како што наведуваат, на барање поднесено од една третина од советниците…
На 16.05.2026 во 19:00 часот, Ѓ.К.(24) од Скопје пријави дека околу 08:40 часот во продажно место на подрачјето на Центар, додека извршувал работни задачи, бил физички нападнат од неговиот колега Л.С.(62) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Screenshot Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода шест возачи за безобѕирно управување возило. Еден возач во Кичево управувал возило иако имал активна забрана за управување, а петмина (тројца во Скопје, еден во тетовско и еден во Гостивар) возеле иако немале возачка дозвола. Возачот во Гостивар бил и под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за…
Премиерот Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на новиот градски пазар во Општина Виница. Тој ја искористи оваа прилика да најави и почеток на реализација на клучни инфраструктурни и здравствени проекти за источниот регион на државата, соопштуваат од Владата.Премиерот упати честитки до градоначалникот на Виница за, како што рече, исклучително мотивираната и успешна работа. Тој изрази благодарност и до општинските советници, администрацијата, министерот за транспорт, како и до локалната пратеничка, потенцирајќи дека нивното секојдневно залагање придонесува за развојот на целата општина и регионот.Во своето обраќање, Мицкоски најави почеток на реализација на долго ветуваниот патен правец во источниот дел…
Украинските флоти со долг дострел започнаа напад со дронови врз административното и индустриско срце на Руската Федерација ноќта помеѓу саботата и неделата, погодувајќи ги големите рафинерии за нафта и чувствителните технолошки јазли низ Московскиот регион. Мултивекторската операција предизвика масовни предупредувања за воздушен напад низ западна и централна Русија, при што синхронизирани роеви дронови беа снимени како летаат ниско над предмосковскиѕе градови Химки, Лобња и Наро-Фоминск пред да стигнат до своите цели во границите на главниот град. Битката на небото на главниот град Руското Министерство за одбрана објави дека неговите противвоздушни ракетни мрежи и единици за електронско војување погодиле стотици…
Коалицијата СДС-ДУИ, освен во политиката продолжува беспрекорно да функционира и во судско обвинителскиот систем. Тандемот Ислам Абази – Катерина Коларевиќ, едниот како шеф на ОЈО ГОКК, другата како обвинител во тоа обвинителство кои треба да ги гонат и сузбиваат криминалот и корупцијата, во стилот на коалицијата СДС и ДУИ, прават се само да ги спасат од одговорност лицата блиски до овие партии, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Овој коалициски тандем, кој не е во собраниски клупи туку во обвинителството, пред неколку дена донесе скандалозна одлука да се стопира постапката за случајот тежок 176 милиони евра за набавка на мазут за потребите на…
Лишен од слобода 19-годишник од Бојане кој завчера убил 18-годишник од истото село, ќе биде поднесена кривична пријава. На 17.05.2026 во 00:50 часот во с.Бојане, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Б. (19) од с. Бојане поради основано сомнение за сторено кривични дело „убиство“ по член 123 од КЗ. Претходно, на телефонската линија за итни повици 192 се јавил неговиот татко И.Б. и пријавил дека М.Б. му признал дека на 15.05.2026 во шума во околината на с.Сарај со пиштол го усмртил Б.Д. (18) од Бојане. Од страна на полициските службеници, М.Б. е приведен во полициски службеници,…
