Автор: Press Online

Вашингтон – Во сенката на војната со Иран, се случува една од најважните промени во надворешната политика на САД во последните децении – САД се повлекуваат од голем број меѓународни организации и институции оваа година. Тоа е потврда за систематскиот раст на скептицизмот кон мултилатерализмот и глобалната соработка под администрацијата на претседателот Доналд Трамп. По повлекувањето на САД од Светската здравствена организација на првиот ден од неговиот втор мандат, Трамп го потпиша повлекувањето на САД од 66 меѓународни организации и тела претходно оваа година, вклучувајќи 31 субјект поврзан со Обединетите нации и 35 тела надвор од системот на ОН. Белата…

Read More

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција го објави Фронтот за вистина и правда, кој го сочинуваат четири столбови – нулта толеранција за корупција и европска правда, иднина за младите, достоинствен живот за сите, подобар животен стандарт и силно село и земјодолци. Филипче посочи дека клучниот столб на кој се темели програмата е нулта толеранција за корупција и дигитална транспарентност.„Овој столб опфаќа полна имплементација и проширување на соработката со Европското јавно обвинителство. Ние веќе имаме потпишано работен договор со оваа институција со Европското обвинителство во 2022 година. И тој договор ќе го активираме на највисоко ниво. Ќе имаме…

Read More

Пишува: КРИСТИНА КОСТОВАСедумнаесетти мај 2015 година не се случи сам од себе, не падна од небо.Седумнаесетти мај беше кулминација на силно изразените, волја, мотив и надеж на граѓанството; тие овозможија тло за така јасно и одлучно да се покаже високиот степен на граѓанска свест и одговорност.Честопати кога се навраќам на овој ден, го истакнувам граѓанскиот карактер на тој протест, бидејќи навистина го сметам за најважен и најпотребен за развивање и одржување здраво општествено ткиво.Но, денес, во ова време кога сме целосно потопени од апатија и безнадежност, сметам дека соодветно на приликите за 2026 година е да направам една ретроспектива на…

Read More

„Мицкоски и целата организирана криминална група ВМРО се најблиските партнери и пријатели на Орбан на Балканот. Еден од тие скапи и нетранспарентни договори владата на Кристијан Мицкоски го склучи со владата на Орбан, должејќи им на граѓаните милијарда евра“, рече лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија – Венко Филипче. Филипче тврди дека Скопје, Белград и Будимпешта се поврзани преку мрежа од политички, медиумски и бизнис интереси, во која важна улога играат Алта банка, енергетскиот сектор и компаниите поврзани со поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан. Во интервју за Нова.рс, тој вели дека „ништо нема да остане под тепих“. Тој рече дека…

Read More

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека државата обезбедила понуди од светски реномирани финансиски институции за финансирање на проектот за изградба на Клиничката болница, Медицинскиот факултет и студентскиот дом во Штип. „Собравме од светски реномирани финансиски институции понуди за финансирање на проектот на Клиничката болница, Медицинскиот факултет и студентскиот дом во Штип, така што следнава недела имам состанок со Министерката за финансии, потоа заеднички состанок и со министерот за здравство и очекувам како дел од онаа стратешка соработка со Велика Британија и овој процес конечно да да почне да се движи, бидејќи има некој законски норми кои што мораше претходно да бидат…

Read More

Наместо Мицкоски, Филков и Максим да ја дефокусираат јавноста од Реформската агенда со секојдневни бесмислени кампањи, подобро е да ги испратат документите за екстрадиција на Никола Груевски, стои во соопштението на СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Не можете повеќе да бегате од вистината. Време е, откако признавте дека НАТО е феноменален, дека Преспанскиот договор е „ремек-дело на дипломатијата“, дека јазикот, културата и македонскиот национален идентитет се апсолвирани и заштитени – прво да се извините на граѓаните, а потоа да ги испратите документите за екстрадиција на Груевски. Наместо да го трошите времето на граѓаните со секојдневен дефокус, покренете ја постапката…

Read More

Македонската ракометна репрезентација обезбеди пласман на Светското првенство 2027 година кое ќе се одржи во Германија. Македонските ракометари вечерва славеа со 38-23 во реваншот против Словачка во СЦ „Борис Трајковски“. Нашите ракометари славеа убедлив триумф пред седум дена и на гостински терен – 31:24. Македонија ја продолжи традицијата на редовни учества на Мундијалите, по 10-ти пат ќе настапи на Светско првенство. Капитенот Филип Кузмановски денеска постигна 11 гола. Комплетната жрепка ќе биде извршена на 10 јуни. Извор: fokus.mk 

Read More

  Руските крстосувачки ракети употребени во смртоносниот напад врз Украина во четвртокот биле произведени оваа година и содржат западни компоненти и покрај санкциите, соопштија украинските власти. Во нападот врз станбена зграда во Киев загинаа најмалку 24 лица, а фотографиите од остатоците од ракетата сугерираат дека станува збор за ракета „Х-101“, една од најнапредните крстосувачки ракети на Русија. Сликите се прегледани од украински официјални лица, независен експерт и „Фајненшел тајмс“. Врховниот украински службеник за санкции, Владислав Власјук, изјави за „Фајненшел тајмс“ дека сите крстосувачки ракети „Х-10“1 што го погодија Киев и беа анализирани од украински експерти биле произведени во вториот квартал…

Read More

Соопштение на СДСМ Наместо Мицкоски, Филков и Максим да ја дефокусираат јавноста од Реформската агенда со секојдневни бесмислени кампањи, подобро е да ги испратат документите за екстрадиција на Никола Груевски. Не можете повеќе да бегате од вистината. Време е, откако признавте дека НАТО е феноменален, дека Преспанскиот договор е „ремек-дело на дипломатијата“, дека јазикот, културата и македонскиот национален идентитет се апсолвирани и заштитени – прво да се извините на граѓаните, а потоа да ги испратите документите за екстрадиција на Груевски.   Наместо да го трошите времето на граѓаните со секојдневен дефокус, покренете ја постапката за најголемиот криминалец и бегалец на…

Read More

Во однос на убиството на 18-годишно момче од скопско Бојане во околината на Сарај, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје издаде Наредба за обдукција на телото на починатиот, како и наредби за вештачење на траги и за вештачења и споредбени анализи на оружјето со кое се смета дека е сторено делото. Постои основано сомнение дека кривичното дело – Убиство според член 123 став 1 од Кривичниот законик го извршил 19-годишник од истото село, кој е лишен од слобода, објави 4news.mk Но, имајќи предвид дека прибирањето на доказите е во тек, а постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство,…

Read More

Под слоганот „Сите нека знаат / Let Everyone Know“, на 20 јуни во Скопје ќе се одржи овогодишната Парада на гордоста. Организаторите соопштија дека Скопје Прајд 2026 се одржува во период на сериозни политички и општествени предизвици, како и зголемена омраза и дискриминација кон ЛГБТИК+ заедницата. „Скопје Прајд останува потребен затоа што условите што ја создадоа потребата за јавно и гласно присуство сè уште постојат“, порача организацискиот одбор. Годинава парадата ќе има изменета и подолга рута, за која организаторите велат дека е симболична порака дека јавниот простор им припаѓа на сите граѓани. Собирот ќе започне во 18 часот кај фонтаната…

Read More

„Неразбирливо е како Владата по секоја цена се обидува да донесе закон што ќе има низа негативни последици врз граѓаните и општеството. Овој закон нема да реши ниту еден проблем, туку ќе создаде огромни нови проблеми. Со него, де факто, се затвораат легалните игри на среќа и широко се отвора вратата за нелегално обложување по подруми, со што државата се враќа во деведесеттите години. Со затворањето на легалните објекти ќе почне да царува криминалот и нелегалното обложување, што ќе претставува огромен ризик за граѓаните и играчите. Ова веќе се случи во Албанија, а истото ќе се случи и кај нас.…

Read More