НАЈНОВО
Автор: Press Online
Во Европа се очекува ненадеен пораст на температурите по мразовите, при што температурите во многу земји, вклучувајќи ги Франција и Англија, ќе се зголемат за дури 15 степени Целзиусови во наредните денови, додека топлото време би можело да отстапи место на снежни врнежи во делови од Соединетите Американски Држави. По подолг период на студено време низ поголемиот дел од континентот, во наредните денови се очекува пресврт во Европа, со потоплиот воздух што се движи кон западните и централните делови. Фронт со висок притисок над Северниот Атлантик и бавно движечка ниска температура над јужна Скандинавија го повлекоа арктичкиот воздух на југ…
Собранието на Република Македонија ја изгласа потребата за ново државно задолжување во износ од 260 милиони евра. Одлуката беше донесена да се спроведе по скратена постапка, на предлог на Министерството за финансии. Од страна на власта беше наведено дека станува збор за дел од веќе планирани финансиски активности и дека целта на задолжувањето е да се обезбеди стабилност и ликвидност на државниот Буџет. Заменик-министерот за финансии Николче Јанкулоски во обраќањето пред пратениците истакна дека постапката е целосно транспарентна и дека не се работи за неочекуван потег, туку за однапред предвидена финансиска мерка. Од опозицијата, пак, конкретно од редовите на СДСМ,…
Загреб – Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ одби да даде согласност за предложениот израелски амбасадор Нисан Амдур поради „актуелната политика на израелските власти“, соопшти денеска неговиот кабинет. Милановиќ е остар критичар на израелската воена кампања во Појасот Газа, која ја нарече геноцид, како и на американско-израелските напади врз Иран, потсетува Хина. „Со оглед на постапувањето на израелската страна, Кабинетот на претседателот на Републиката потврдува дека предложениот амбасадор на Државата Израел не доби, ниту ќе добие согласност од претседателот Зоран Милановиќ, и тоа поради политиката на актуелните израелски власти“, се наведува во соопштението, при што се додава дека давањето согласност е суверено…
22-годишен возач од Охрид се здобил со тешки телесни повреди откако со автомобил излетал од патот на улицата „7 Ноември“ во Охрид. Од МВР информираат дека несреќата била пријавена рано утрово. „На 18.05.2026 во 05:25 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„7 Ноември“ во Охрид, патничко возило „цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од И.Р.(22) од Охрид, изгубило контрола и излетало од патот“, велат од полицијата. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид. При извршените проверки, полицијата утврдила дека возачот бил под дејство на алкохол. „Било констатирано дека…
Во Женева денеска почна 79-то Светско здравствено собрание, на кое шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, ги истакна предизвиците со кои се соочува ова тело на ОН. – Живееме во тешки, опасни и поделени времиња – рече Тедрос на отворањето на собирот, кој доаѓа само еден ден откако СЗО прогласи меѓународна вонредна состојба за јавното здравје во Конго и Уганда, по избувнувањето на смртоносниот вирус Ебола. Како што пренесе ДПА, главната цел на собранието, кое е највисокото тело за носење одлуки на СЗО, а која се однесува на усвојувањето на анексот за Пристап до патогени и споделување…
Поранешната министерка и актуелна пратеничка Славјанка Петровска излезе со јавна реакција по денешните гласања во Собранието, обвинувајќи го владејачкото мнозинство за двојни аршини и лицемерие. Преку својот официјален профил, Петровска таксативно ги наведе предлозите кои, според неа, не ја добиле поддршката од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница. „Денес ВМРО-ДПМНЕ гласаше против: членовите на Владата да имаат само македонско, а не и бугарско државјанство поддршка за ученици што се натпреваруваат меѓународно подобра здравствена и медицинска поддршка за деца со попреченост и лица со ретки болести помош за најранливите граѓани во време на скапотија олеснувања за паркирање за лица со попреченост,…
Дурмиши: Со новите предлог-измени за игри на среќа комарот го оддалечуваме од образовните институции
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши истакна дека со новите најавени измени на Предлог-законот за игри на среќа и за забавните игри се очекува да се стесни кругот на игрите на среќа. -За првпат носиме закон за предлог измени на Законот за игри на среќа со којшто се предвидува 500 метри оддалеченост (на казината) од основните и средните училишта. За првпат ќе има ред, поголема заштита на јавниот интерес, особено кога се работи за младите – рече министерот за економија. Дурмиши потенцира дека ограничувањето од 500 метри не е политичка мерка, туку заштитна мерка. – Сме поставиле јасни правила…
Соединетите Американски Држави годинава се повлекуваат од голем број меѓународни организации и институции, што се смета за потврда на систематскиот раст на скептицизмот кон мултилатерализмот и глобалната соработка под администрацијата на претседателот Доналд Трамп. По повлекувањето на САД од Светската здравствена организација на првиот ден од неговиот втор мандат, на почетокот од годината Трамп го потпиша повлекувањето на САД од 66 меѓународни организации и тела, вклучувајќи 31 субјект поврзан со Обединетите нации и 35 тела надвор од системот на ОН. Белата куќа објави дека многу од овие институции „дејствуваат спротивно на националните интереси, безбедноста, економскиот просперитет или суверенитетот на САД“,…
„Албанскиот јазик е официјален јазик. Но без јазик ние немаме ништо. Ова е предизвик за албанскиот народ, но е предизвик и за иднината на земјата. Затоа, треба и меѓународната заедница да го одбрани албанскиот јазик, да ја одбрани и оваа држава со два главни етникума.“ – изнесе Бујар Османи, според „Тетова сот“. Денес, пак, „Лајм“ наведува: „Тие рекоа: ‘Останете мирни’. Не, не… сега сите ќе останеме мирни, бидејќи студентите, најздравиот, најчистиот и најсовесниот дел од општеството, веќе ја презедоа работата во свои раце!’ – посочи Бујар Османи преку општествената мрежа. Неговата реакција доаѓа во време кога албанските студенти најавија протест…
По блокадата на Ормускиот теснец, Иран планира да ја преземе контролата врз каблите поставени под водниот пат. Овие кабли носат голем обем на интернет сообраќај помеѓу Европа, Азија и Персискиот Залив, вклучувајќи податоци за финансиски трансакции. Извештаите за ова почнаа да се појавуваат во иранските медиуми поврзани со Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), забележа Си-Ен-Ен. Поточно, медиумите тврдат дека Техеран има намера да бара од компании како што се Гугл, Мајкрософт, Мета и Амазон да плаќаат за користење на интернет кабли. За возврат, ќе се наплаќа надомест за лиценцирање за инсталација на нови комуникациски линии, а само на…
Денес претседателот на Владата Христијан Мицкоски одржа работна средба на која присуствуваа копретседателите на ВЛЕН Билал Касами и Изет Меџити, на која се разговараше за темата со употребата на јазиците при полагање на правосудниот испит. Беше нагласено дека само преку заеднички, мудар и достоинствен пристап може да се дојде до решенија кои ќе значат напредок, меѓусебна доверба и заедничко чекорење кон иднината. Соговорниците се согласија дека образованието и знаењето претставуваат темел на секоја современа и успешна држава. Оттука, институциите активно работат на изнаоѓање на решенија кои ќе бидат целосно усогласени со Уставот и со Законот за употреба на јазиците, со…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за српскиот медиум „Нова.рс”, зборува за политичко-финансиската мрежа што ги поврзува Виктор Орбан, Александар Вучиќ и Христијан Мицкоски. „Оваа мрежа не ја откриваме од вчера. Ја разобличуваме со месеци, а секој нов ден носи нови потврди. Христијан Мицкоски во Македонија одамна го нарекуваат ‘малиот Вучиќ’. И тоа не е случајно”, вели Филипче. Тој оценува дека постои целосен „copy-paste” во политиките и реториката на ВМРО и власта на СНС во Србија, особено во однос на поделбите на „патриоти” и „предавници”, како и во однос на кампањите против ЕУ и контролата над медиумите. „Иста реторика…
