Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Филипче: Какво лицемерие, може цела Влада со бугарски државјани, ама не може малцинства во Уставот

20 мај 2026

Критики за Трамп поради одлуката за основање фонд за обештетување на „жртвите“ на администрацијата на Бајден

20 мај 2026

Средба Пешевска – Али: Здравствениот систем клучен во препознавањето на насилството врз жените

20 мај 2026

(ВИДЕО) Филипче: Повиците на Мицкоски за наводно единство се лажни и лицемерни, не го интересира државата

20 мај 2026

Никогаш не влегов во комората каде што загинаа Италијанците. Тоа е стапица

20 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
среда, мај 20
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

(ВИДЕО) Филипче: Повиците на Мицкоски за наводно единство се лажни и лицемерни, не го интересира државата

Press OnlineBy Press Online20 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Повиците на Христијан Мицкоски за наводно единство се лажни, лицемерни и целосно неискрени затоа што нема желба да се обедини за ништо и не го инересира државата, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на новинарски прашања.

„Повиците се лажни и лицемерни. ВМРО нема желба да се обедини околу ништо. Прашањето логично следно коешто се поставува е зошто упатуваат такви повици на единство кога само неколку дена претходно го усвоија Законот за Влада сами, без наша согласност? Тие луѓе не сакаат единство, не сакаат реформи.“, рече Филипче.

Тој порача дека СДСМ нема да седне на маса со луѓе кои немаат чесни намери и кои не сакаат државата да оди напред.

„Не седнуваме на маса со луѓе коишто немаат чесни намери и не сакаат ништо да направат за земјава да мрдне напред. Еве креираат поделби, лажни вести само за дефокус. Зошто не ги става малцинствата во Уставот и нека објасни што е ризикот? Реформите се викаат уставни измени и да ги почнеме преговорите. Отиде напред и Црна Гора, останавме ние последни и тоа не е случајно. “, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ потсети дека по трагедијата во Кочани лично понудил заедничка работа на реформската агенда, но дека власта не прифатила.

„Јас кај Христијан Мицкоски бев после пожарот во Кочани и понудив заедничка работа на реформската агенда. Ниту едно наше мислење не прифатија ниту одговорија. Ете толку за нивниот интерес за остварувањето на реформската агенда“, нагласи Филипче.

Тој предупреди дека суштината на владеењето на ВМРО-ОКГ е контрола врз институциите, медиумите и судството, наместо вистински реформи.

„Тоа е целата суштина на владеењето на Христијан и на неговата банда во последниве две години: контролирај го судството, контролирај ги медиумите, контролирај го буџетот, целосна партизација на полицијата, никаква реформа во здравството и образованието. Тоа е суштината. Само нивен личен интерес“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Поврзани содржини

Филипче: Какво лицемерие, може цела Влада со бугарски државјани, ама не може малцинства во Уставот

20 мај 2026

Средба Пешевска – Али: Здравствениот систем клучен во препознавањето на насилството врз жените

20 мај 2026

Филков за протестите за правосудниот испит: Познавањето на македонскиот јазик е законска обврска, а не дискриминација

20 мај 2026
НАЈНОВО

Филипче: Какво лицемерие, може цела Влада со бугарски државјани, ама не може малцинства во Уставот

20 мај 2026

Критики за Трамп поради одлуката за основање фонд за обештетување на „жртвите“ на администрацијата на Бајден

20 мај 2026

Средба Пешевска – Али: Здравствениот систем клучен во препознавањето на насилството врз жените

20 мај 2026

(ВИДЕО) Филипче: Повиците на Мицкоски за наводно единство се лажни и лицемерни, не го интересира државата

20 мај 2026

Никогаш не влегов во комората каде што загинаа Италијанците. Тоа е стапица

20 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.