НАЈНОВО
Автор: Press Online
„Жално е што сѐ уште треба студенти Албанци, кои се државјани на оваа држава да протестираат за нешто толку базично, како што е правото на јазик. Јас знам дека оваа тема е секогаш контенциозна во Македонија, но секогаш сум се надевала дека доаѓаме до еден степен каде што сме ги преминувале овие теми и дека сме прифатиле дека сите сме дел од истото општество. Но доаѓаат вакви моменти каде ти е јасно, дека сѐ уште можеби немаме такво разбирање едни за други“, изјави за „Трилинг“ Лура Положани, истражувач на Универзитетот во Грац, говорејќи околу протестите на студентите за правосудниот испит…
Министерството за финансии и Владата си ја префрлаат одговорноста за тоа кој треба да каже дали вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, кој повеќе од два месеци не се појавил на владина седница, и натаму ја прима државната плата за функцијата, пишува „СДК.мк“. Фетаи и покрај непојавувањето на работното место, и натаму не е разрешен и формално ја врши вицепремиерската функција. Тој со неодењето на работа ги повредува сите закони (Закон за работни односи, Закон за плата и другите надоместоци на избрани и именувани лица). Премиерот Христијан Мицкоски деновиве повеќепати одби да одговори колку точно време Фетаи не доаѓа на работа…
Тулси Габард сподели изјава на Икс, потврдувајќи дека поднесува оставка од функцијата директор на Националното разузнавање, наведувајќи ја болеста на нејзиниот сопруг. Во писмото за оставка, кое првично го објави Фокс њуз, Габард му кажува на претседателот дека е „длабоко благодарна за довербата што ми ја дадовте и за можноста да ја водам Канцеларијата на директорот на Националното разузнавање во последните година и пол“. „За жал, морам да поднесам оставка, која стапува на сила на 30 јуни 2026 година. На мојот сопруг, Абрахам, неодамна му беше дијагностицирана исклучително ретка форма на рак на коските“. Нејзиниот сопруг „се соочува со…
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во став за иницијативата на германскиот канцелар Мерц за забрзување на пристапниот процес на Украина и за земјите од Западен Балкан, истакна дека преферира полноправно членство, но, како што изјави, ако се рече дека нема веќе полноправно членство, а треба некако да бидеме во контакт, или во кондиција, или во соработка, може да се разговара и да се види што значи тоа“. Сиљановска Давкова вечерва во гостување на ТВ Сител посочи дека „предлозите, креативни, различни, не доаѓаат само заради профилот на земјите кандидатки од Западен Балкан или Молдавија и Украина, туку доаѓаат и од внатрешни потреби“.…
Апелациониот суд во Ниш ги отфрли жалбите на одбраната на Дејан Драгиевиќ и Срѓан Јанковиќ и го потврди обвинението против нив под сомнение за убиство на двегодишната Данка Илиќ. Телото на девојчето сè уште не е пронајдено повеќе од две години по нејзиното исчезнување. Драгиевиќ и Јанковиќ се обвинети за тешко убиство во соизвршителство. Судот ги оцени нивните жалби како неосновани, пишува Данас. Дел од постапката вратен на повторно судењеВо исто време, делот од обвинението што се однесува на Радослав Драгиевиќ, таткото на еден од осомничените, беше отфрлен. Предметот беше вратен на првостепениот суд за нова одлука во врска со…
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, пред почетокот на одбележувањето 77 години од постоењето на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје појасни дека крајниот збор за распределбата на средствата од ЕУ ќе го има друг ресор. „Средствата што ќе ги додели Европската Унија за исполнување на чекорите од европската агенда во најголем дел ќе одат во буџетот на државата, а за тоа колку од тие средства ќе бидат наменети за Министерството за образование и наука ќе одлучи министерката за финансии. Длабоко верувам дека ќе има разбирање бидејќи имаме дополнителни чекори што треба да ги исполниме, а за кои…
Мале – Тимот фински експерти за нуркање веруваат дека ја решиле мистеријата околу смртта на петте италијански нуркачи кои загинаа додека истражуваа длабокоморски пештери на Малдивите. Трагедијата, која се случи минатата недела на атолот Ваву и се смета за најлошата несреќа при нуркање во историјата на островската нација, ги одзеде животите на искусна група италијански истражувачи и нивниот водич. Финскиот тим кој ги пронашол телата сугерира дека причината за трагедијата можеби била фатална грешка при излегување од пештерскиот комплекс. Моника Монтефалконе Групата италијански нуркачи, составена од професорката по морска биологија Моника Монтефалконе, нејзината ќерка Џорџа Сомакал, младите истражувачи Федерико Гуалтиери…
Рубин Земон си даде оставка од функцијата член на Извршниот комитет на СДСМ. Ова следува откако Земон прво изјави дека Гоце Делчев не бил до тој степен заслужна историска фигура и откако се сретна со лидерот на Фондација Македонија Виктор Стојанов, кој застапува пробугарски ставови. ,,Сакајќи да го заштитам угледот на СДCM од непринципиелните напади кон мене, а со тоа не бирајќи средства да го инволвираат и моето семејство, а со цел да не бидам терет на борбата на партијата кон уривањето на оваа власт, поднесувам оставка од местото член ИО на СДCM”, објави Земон на фејсбук.
Словенечкиот парламент денеска го избра Јанез Јанша за нов премиер на земјата, доделувајќи му го четвртиот мандат на функцијата, откако неговата партија загуби на националните избори во март. Агенцијата СТА јави дека 51 пратеник гласале „за“ Јанша, а 36 биле „против“, пренесе ДПА. Јанша планира да формира малцинска влада со својата Словенечка демократска партија (СДС) и други десничарски партии, поддржана од надвор од ултрадесничарската, проруска група „Ресница“ (Вистина). Јанша го наследува лево-либералниот Роберт Голоб, кој беше на власт во изминатите четири години. Движењето „Слобода“ (ГС) на Голоб тесно победи на парламентарните избори оваа година пред СДС на Јанша, но веќе…
Извршниот директор на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), Фатих Бирол денеска предупреди дека берзите за нафта до јули и август ќе влезат во „црвена зона“ бидејќи резервите на нафта се намалуваат пред летната сезона на патувања, а нема нов извоз на нафта од Блиски Исток. Тој како решение за енергетскиот шок, предизвикан од војната против Иран, предлага целосно и безусловно повторно отворање на Ормуска Теснина. Бирол, во говорот во лондонскиот институт Чатам Хаус, истакна дека земјите-членки на ИЕА размислуваат за ослободување на дополнителни стратешки резерви на нафта, како што направија во март. Тој додаде дека ИЕА е подготвена да го…
На 21.05.2026 во 10:00 часот во СВР Скопје, 52-годишна жена од Скопје пријавила дека на 20.05.2026 околу 14:55 часот на подрачјето на Центар во Скопје, едно машко лице се самозадоволувало пред неа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, порача дека ќе се реши проблемот со дивиот пешачки премин кај Бит-пазар, нагласувајќи дека безбедноста на граѓаните е врвен приоритет и дека „тука нема компромис“. Според него, постојат две можни решенија – преминот да се легализира согласно законските прописи и да се отстрани натпатникот за да се добие соодветно сообраќајно решение, или натпатникот да стане функционален, а нелегалниот премин да биде затворен. Ѓорѓиевски најави средби со министерот за внатрешни работи и со градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, со цел да се најде решение за ситуацијата, откако вчера градските власти не успеаја да го затворат преминот…
