НАЈНОВО
Автор: Press Online
Додека недовербата кон политиката „Америка на прво место“ се шири низ Европа, Србија се движи во спротивна насока и станува едно од ретките места на континентот каде што расте симпатијата кон САД и Доналд Трамп, пишува српскиот претседател Александар Вучиќ во колумна за Фокс њуз. Вучиќ тврди дека за време на првиот мандат на Трамп, тој имал сосема поинакво искуство од она што, според него, го имале многу европски лидери. Тој наведува дека Трамп и неговите соработници ги слушале ставовите на Србија „сериозно и без предрасуди“ и дека за прв пат Србија се чувствувала третирана со почит, а не со…
„Законот за правосуден испит не вели дека испитот треба да се одржи на македонски јазик. Законот за јазици има одредба која вели дека ако не се хармонизирани другите закони во рок од една година, ќе се применуваат одредбите од Законот за употреба на јазиците“, изјави пратеникот од едното од неколкуте крила на Алијанса за Албанците, Халил Снопче по протестите на студентите Албанци за полагање правосуден испит на албански јазик. По ова прашање, смета дека има кругови кои не сакаат развој и кои се заинтересирани за статус-квото и за продолжувањето на блокадите. -Тие не сакаат да одиме напред со реформите и…
Наставник по ликовно во Битола цела година одел на работа без да му кажат дека дека добил отказ. Одел на настава до некни кога му ја затвориле вратата. Претходно цела 2025 година досега држел часови, имал пристап до е-дневникот, пишувал оценки, одел на Наставнички совет, се потпишувал за присуство, водел евиденција. Сѐ како што прават и редовно вработените наставници. Наставникот по ликовно образование Стефан Поповски од Битола цела учебна година одел на работа во подрачно основно училиште во Битолско и без да му се каже дека добил отказ уште лани во јануари, без да знае дека не е на платен…
Како што се наведува на веб-страницата на компанијата „Србија Воз“, од 4:15 часот наутро „Инфраструктура железнице Србија“ го прекина целиот железнички сообраќај на железничката мрежа на Република Србија до понатамошно известување. „Србија Воз а.д. ги информира корисниците на услугите дека на 23 мај 2026 година во 4:15 часот наутро „Инфраструктура железнице Србија“ а.д. го прекина целиот железнички сообраќај на железничката мрежа на Република Србија до понатамошно известување. Им благодариме на патниците за нивното разбирање“, се вели во соопштението, пренесе Индекс.хр. Не е дадено објаснување за прекинот на железничкиот сообраќај. Имено, студентите кои ги блокираат факултетите на Универзитетот во Белград денес…
Претседателот на САД Доналд Трамп соопшти дека нема да присуствува на претстојната свадба на својот најстар син Доналд Трамп Помладиот со Бетина Андерсон, истакната претставничка на високото општество од Палм Бијч, поради итни државни обврски во Вашингтон. „Иако многу сакав да бидам покрај мојот син Дон Помладиот и најновиот член на семејството Трамп, неговата идна сопруга Бетина, околностите поврзани со управувањето на земјата и мојата љубов кон САД не ми дозволуваат да присуствувам. Сметам дека е од клучна важност да останам во Белата куќа во овој толку важен момент“, напиша американскиот претседател на својата социјална мрежа „Трут сошл“. Свадбената церемонија…
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер (над 50 километри на час). На повеќе места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 60 километри на час) и услови за појава на град, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени, Во Скопје, променливо облачно и нестабилно, во делови од котлината со пороен дожд, грмежи и засилен ветер од северен правец.Минималната температура ќе…
Студентите во блокада во Србија ги повикаа граѓаните на Србија на денешниот голем протестен митинг во Белград под мотото – „Ти и јас, Славија“, како дел од кампањата „Студентите победуваат“, од каде ќе побараат одржување вонредни парламентарни избори и демократизација на земјата. Студентите најавија дека собирањето ќе започне во 13:00 часот на четири локации во Белград, а протестот на Славија е планиран од 18:00 до 20:00 часот.По кампањата на студентското движење „Студентите победуваат“ веќе неколку недели следува контракампања на поддржувачите на владејачката Српска напредна странка под слоганот „Србија победува“, што често предизвикува тензии и повремени инциденти на улиците. Студентското движење…
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 76-годишен државјанин на Косово, осомничен за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, по стравичната несреќа на скопската обиколница кај клучката Мирковци, во која загинаа четири лица. Според обвинителството, осомничениот управувал товарно возило „МАН“ со полуприколка со косовски регистарски таблички по северната обиколница на Скопје, движејќи се од запад кон исток. „Не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето“, соопшти Обвинителството. Како што наведуваат, кога пристигнал во близина на клучката Мирковци, тој не ја…
Најмалку 90 лица загинаа во експлозија во рудник за јаглен во северна Кина, објавија кинеските државни медиуми. Државната новинска агенција Синхуа соопшти дека несреќата се случила во рудникот Лиушенју во покраината Шанкси, во сопственост на групацијата Тонгџоу. „Новинарите на местото на експлозијата на гас во рудникот за јаглен Лиушенју дознаа дека 82 лица загинале во несреќата“, објави Синхуа. Експлозијата се случила во петок во 19:29 часот по локално време, или 11:29 часот по средноевропско време. Во времето на несреќата во рудникот работеле 247 рудари. Спасувачките операции се уште се во тек, а кинеските власти сè уште не објавиле што ја…
Премиерот Румен Радев вчера го бранеше правото на Бугарија да не го поддржува предложениот Специјален суд за руските злосторства против Украина, велејќи дека неговата земја има право на свој став за ова прашање. Таквиот „воен трибунал“ е ефективен само кога државата е поразена, капитулирана и нејзиниот водач заробен, рече Радев. „Не верувам дека такви услови моментално постојат, ниту пак е веројатно дека ќе се појават“, додаде тој. Триесет и четири земји-членки на Советот на Европа, Европската Унија, Австралија и Костарика минатата недела изразија желба да се приклучат на идниот Специјален суд за злосторство агресија против Украина, дизајниран да ја суди…
Будимпешта – Новиот унгарски премиер Петер Маѓар одби да ги потпише документите за исплата на законски задолжителната отпремнина на министрите во поранешната влада на Виктор Орбан, предизвикувајќи политичка расправија што кулминираше со неочекувани хуманитарни гестови од двете страни. Маѓар објави дека вкупниот фонд за отпремнина, кој изнесува речиси милијарда форинти (околу 2,6 милиони евра), ќе биде пренасочен во добротворни цели, наместо да им се исплатува на поранешни функционери. „Орбан би зел отпремнина за ограбување на нашата земја“ Во објава на Фејсбук, Маѓар конкретно се осврна на Орбан: „Според неговата имотна карта, Виктор Орбан, кој речиси ништо не поседува на хартија,…
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска изјави дека ја поздравува најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за испраќање 5.000 војници во Полска, но додаде дека стратешкиот тренд и понатаму е насочен кон посилна Европа која помалку ќе зависи од САД за својата одбрана. Пред почетокот на состанокот на НАТО во шведскиот град Хелсингборг, Руте нагласи дека сегашната траекторија води кон зајакнување на Европа и на Алијансата со цел со текот на времето, чекор по чекор, да се намали потпирањето само на еден сојузник. Според него, овој зацртан процес на постепено осамостојување на европските одбранбени капацитети во рамките на НАТО…
