НАЈНОВО
Автор: Press Online
Невреме со јак пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град има во регионите на Штип и Гевгелија, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Невремето, како што посочуваат од УХМР, полека се движи кон југоисток.
Градоначалникот на Општина Брвеница, Јовица Илиевски, почина, пренесуваат локалните медиуми. Неофицијално, причина за смртта е срцев удар. Илиевски беше позната политичка фигура во оваа општина, каде што ја водеше локалната институција во последните години. Тој беше оженет и татко на две полнолетни деца. Неговата кариера беше поделена меѓу здравството, локалната политика и спортскиот менаџмент. Од 1999 година до ноември 2021 година беше вработен во ЈЗУ Клиничка болница Тетово. Од 11 ноември 2021 година беше избран за градоначалник на Општина Брвеница за периодот 2021–2025 година. Претходно, во периодот 2013–2017 година беше член на Советот на Општина Брвеница. Како голем вљубеник, беше…
Осум години по стапувањето во сила на стандардите за контрола на загадувањето на воздухот согласно Договорот за основање на Енергетската заедница во 2018 година, емисиите што предизвикуваат загадување во Косово, Босна и Херцеговина, Србија и Северна Македонија се 6,6 пати над дозволените граници, објави албанската редакција на Радио Слободна Европа (РСЕ), повикувајќи се на извештај на мрежата „Бенквоч нетворк“ (Bankwatch Network). „Бенквоч“ е најголемата мрежа на еколошки организации и здруженија за човекови права во Централна и Источна Европа, наведува РСЕ. Извештајот на мрежата еколошки организации е објавен денеска и се осврнува на неспроведувањето на прописите за емисиите на сулфур диоксид…
Четириесет лица се удавија во Франција во последните денови обидувајќи се да се разладат и да избегаат од рекордната топлина, рече премиерот, додека топлотен бран го зафаќа поголемиот дел од Европа. Велика Британија, Италија и Шпанија исто така страдаат од екстремна топлина, а рекордните температури во некои региони ги нарушуваат училиштата и транспортните мрежи. Европа се затоплува повеќе од двојно повеќе од глобалниот просек, според Светската метеоролошка организација, што ги прави ваквите продолжени топлотни бранови сè поверојатни. Предупредување за екстремна топлина низ цела Франција Голем дел од Франција е под предупредување за екстремна топлина и се очекува температурите денес да…
Во Светниколоско опожарени се околу 30 хектари житни култури. Секторот за внатрешни работи (СВР)-Штип денеска информираше дека вчера околу 16:00 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека помеѓу селото Немањици и село Ерџелија, Свтиниколско, настанал пожар во кој била зафатена површина од околу 25 до 30 хектари житни култури, сопственост на повеќе физички лица. Во соопштението се наведува дека од Територијалната противпожарна едница (ТППЕ)- Свети Николе и екипа од ЈП Национални шуми пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Свети Николе.
Владата на денешната седница беше информирана за конечната пресуда на Вишиот управен суд, со која се поништува одлуката за престанок на важењето на одлуката за спојување на концесиите за експлоатација на минерални суровини на локалитетот Иловица, во општините Босилово и Ново Село. Од Владата соопштија дека станува збор за конечна судска одлука, која институциите се должни да ја почитуваат во согласност со принципите на владеење на правото. Воедно, од Владата посочуваат дека актуелната состојба не е резултат на одлуки донесени од сегашниот владин состав, туку произлегува од одлуките за спојување на концесиите, донесени во јуни 2023 година, како и од…
Франција ја доживеа својата најжешка ноќ од понеделникот до вторникот откако започнаа мерењата во 1947 година, соопшти националната метеоролошка агенција. Националниот индикатор за температура – просек од мерењата од 30 станици низ цела Франција – достигна 21,6 Целзиусови степени, според прелиминарните бројки направени во вторник наутро. Претходниот рекорд беше 21,4 Целзиусови степени, поставен на 25 јули 2019 година.
Камион излетал од патот пред Стража кон Охрид поради што сообраќајот се одвиваше по една лента, пренесе Експрес. Пред Стража, во правец кон Охрид, денеска околу пладне излетал товарен камион од патот. Според фотографијата од инцидентот возилото завршило вон коловозот. За среќа, во инцидентот нема повредени ниту загинати лица. На местото на настанот присуствува полиција која го регулира сообраќајот. Поради излетаниот камион, патот е блокиран на една лента, што предизвикува застој и отежнато одвивање на сообраќајот во насока кон Охрид. Надлежните служби работат на отстранување на возилото и нормализација на состојбата на патот. (Фото: expres.mk)
Нуклеарна централа во Франција го прекина работењето поради „еколошки ограничувања“ поврзани со топлотниот бран, изјави нејзиниот портпарол. Нуклеарната централа Голфеш, која се наоѓа на југозападот од земјата, има два реактори со вода под притисок од 1,3 гигавати и ги користи водите на реката Гарон за ладење на своите реактори. Еден реактор е исклучен после полноќ како превентивна мерка поради очекуваното зголемување на температурата на водата во Гарон до 28 степени Целзиусови. Со оглед на тоа што првиот реактор е надвор од употреба поради закажано одржување уште од мај, работењето на централата е целосно прекинато. Според декрет од 2006 година, температурата…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска посхумно со Орден „8 Септември“ ја одликува Наде Проева, историчарка, професорка и авторка за нејзиниот особен придонес во афирмирањето на македонската историографија. Орденот „8 Септември“ го прими нејзината сестра Павлина Проевска. - Античкиот свет е далечно минато. Неговите градови се урнати, неговите владетели преминаа во историските книги, а до него допираме само преку фрагменти: натписи врежани во камен, монети, археолошки ископувања и остатоци, ретки сведоштва што времето не успеало целосно да ги избрише. Но, токму од тие фрагменти, од тие навидум неми траги на минатото, професорката Наде Проева создаде и создаваше знаење, концепти, теории, одгатнуваше…
Три лица се уапсени, а уште 105 се осомничени дека се дел од криминална организација, која со специјализирани манипулации на електрични броила крадела струја во повеќе делови на Грција, при што нанела штета што надминува девет милиони евра, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција информираа дека од рано утрово во тек е акција во Солун во соработка со Операторот на дистрибутивната мрежа за електрична енергија (ДЕДДИЕ) за разбивање на криминалната организација „чии членови вршеле специјализирани манипулации на електрични броила на ДЕДДИЕ (во деловни објекти и домови) во регионите Атика, Македонија, Тракија, Тесалија и Пелопонез, со цел кражба…
Партијата ги повика надлежните институции да отворат предмет за случајот, додавајќи дека за давање лажни податоци за имотната состојба на функционерите им се заканува затворска казна од шест месеци до пет години. Оттаму прашуваат и дали Јанушев ќе поднесе оставка додека трае истрагата за неговата компанија во Бугарија Опозицискиот СДСМ денеска обвини дека генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, е поврзан со компанијата „Флугбан транс“ со седиште Ќустендил, Бугарија. Дејноста на фирмата, како што велат од СДСМ, е патен линиски превоз на стока, управител е Кире Гешоски, а третиот партнер е Сашо Апостоловски. Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ…
