Автор: Press Online

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска изјави дека на Детската клиника во Скопје биле ангажирани лица без претходно обезбедена законска согласност за нивно работно ангажирање. Одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција во Владата, таа посочи дека барањето од Детската клиника било доставено на 22 јануари, по што праша како вработените биле повикувани на работа во првите 22 дена од годината во јавната здравствена установа во Скопје. – Требало да има обезбедено согласност пред Нова година за да може да ги задржи вработените. Што значи дека повторно се враќаме на она прашање – како директорот ги ангажирал и ги повикувал да дојдат…

Read More

Граничниот премин „Евзони“ на македонско-грчката граница се соочува со сериозни технички проблеми по удар од гром, кој предизвика прекин на електричната енергија и го наруши работењето на клучните системи. Според последните информации објавени на српските медиуми, агрегатите во моментов не успеваат да обезбедат доволно енергија за непречено функционирање на сите уреди и услуги на преминот Дополнителни тешкотии се појавија поради проблеми со интернет-врската, па дури и во областите каде што снабдувањето со електрична енергија е стабилизирано, системите не работат со полн капацитет. Поради комбинација од прекини на електричната енергија и прекини во комуникациските мрежи, имаше сериозни застои и отежнато функционирање…

Read More

  Германија постепено ќе ја зголемува возраста за пензионирање на околу 70 години до почетокот на 2090-те, според препораките поддржани од канцеларот Фридрих Мерц, како средство за обезбедување на иднината на пензискиот систем за стареечкото население. Презентирајќи ги своите наоди во вторникот, експертска комисија формирана за истражување на реформите во пензискиот систем изјави дека возраста за пензионирање треба да биде поврзана со зголемувањето на животниот век и дека раното пензионирање треба да се укине. „Ниеден граѓанин не треба да се грижи“, рече Мерц, бидејќи рече дека мерките ќе го спречат колапсот на крцкавиот пензиски систем и ќе го зајакнат социјалниот…

Read More

Професорот Владо Бучковски од Правниот факултет „Јустинијан Први“ е избран за претседател на Универзитетскиот сенат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Изборот, како што се вели во објава на УКИМ на Инстаграм, бил направен на денешната конститутивната седница на новиот состав на Универзитетскиот сенат. Новиот состав на Сенатот е избран за мандатниот период од 1 јули 2026 година до 1 јули 2029 година, додека мандатот на Бучковски како претседател ќе трае една година. Со конституирањето на новиот состав и донесените одлуки официјално започнува функционирањето на Универзитетскиот сенат, кој во следните три години ќе ги извршува своите надлежности во…

Read More

Пуктоници го растурија попладневниот мир во Ченто, јавуваат исплашени граѓани. На видеото кое се шири на социјалните мрежи се слушаат истрели од пиштол, а според очевидците, претходела тепачка. Додека едниот човек снима, другиот му вели: „Бегај, бегај“, а во позадина се слушаат извици и истрели од огнено оружје. Од МВР нема потврда за настанот. „До моментов нема пријава за пукање во Ченто“, рекоа од МВР за Инфомакс. Видеото погледнете го тука.

Read More

Пуктоници го растурија попладневниот мир во Ченто, јавуваат исплашени граѓани. На видеото кое се шири на социјалните мрежи се слушаат истрели од пиштол, а според очевидците, претходела тепачка. Додека едниот човек снима, другиот му вели: „Бегај, бегај“, а во позадина се слушаат извици и истрели од огнено оружје. Од МВР нема потврда за настанот. „До моментов нема пријава за пукање во Ченто“, рекоа од МВР за Инфомакс. Видеото погледнете го тука.

Read More

Унгарскиот парламент усвои пакет закони чија цел е да овозможат ослободување на европски средства во вредност од милијарди евра за Будимпешта, кои беа замрзнати поради сомневања за корупција за време на претходната влада, пренесува ДПА. За предлогот на владата на Петер Маѓар денеска гласаа 142 пратеници, 39 беа против, а тројца воздржани. Во моментов Европската Унија задржува речиси 20 милијарди евра наменети за Унгарија поради наводни злоупотреби на европски средства за време на владата на Виктор Орбан. Според обвинувањата, дел од европските средства преку различни шеми завршувале кај роднини на Орбан или кај нему блиски олигарси. Се тврди и дека…

Read More

Од скопската цементарница „Титан-Усје“ велат дека се компанија која строго ги почитува сите обврски што произлегуваат од важечката регулатива и остануваат целосно посветени на усогласување со сите идни законски решенија што ќе стапат во сила. Компанијата, како што се вели во денешното соопштение, со големо внимание ги следи сите законски промени и во меѓународното и домашното законодавство и континуирано инвестира во нова технологија за да може да се приспособи на регулаторните барања. Оттаму додаваат дека во изминатите 15 години компанијата инвестирала 29 милиони евра во модернизација и заштита на животната средина. Од компанијата велат дека се одговорен член на заедницата…

Read More

ЕУ треба да биде отворена и искрена со земјите кандидати и да ги отвори вратите ако ги исполниле сите услови. Од Северна Македонија се бараше да го промени знамето, името и сега се бара да прифатат дека не се Македонци. Тоа е нечуено и спротивно на основните вредности на ЕУ, порача шефот на турската делегација во Парламентарното собрание на НАТО и поранешен министер за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, на меѓународната конференција „Дијалог за единство и мир 2026“ во Скопје. Чавушоглу, кој учествуваше на првиот панел „Предизвиците за меѓународниот мир, безбедноста и владеењето на правото“, изјави дека дополнителните…

Read More

Властите во источна и западна Либија во изминатиот месец ги засилија репресивните мерки против мигрантите и бегалците преку масовни апсења, притворања и протерувања, соопшти „Амнести интернешнал“, обвинувајќи ја Европската Унија за соучесништво во прекршувањата. Либија, каде што контролата е поделена меѓу ривалски политички и вооружени фракции, претставува главна транзитна рута за луѓето кои бегаат од конфликти и сиромаштија кон Европа преку опасниот медитерански морски пат, откако востанието поддржано од НАТО во 2011 година го собори режимот на Моамер Гадафи. ЕУ и нејзините земји членки со години ја поддржуваат и ја обучуваат либиската крајбрежна стража, која ги пресретнува мигрантите на море.…

Read More

Бугарскиот европратеник – Андреј Ковачев вели дека е неопходно градење искрени добрососедски односи и надминување на отворените прашања кои го попречуваат европскиот пат на Скопје. Тој на извештајот за Македонија гледа како на документ кој содржи неколку точки меѓу кои и почитување на историјата и исполнување на обврските. „Бугарија и Бугарите не се ваши непријатели. Ние сме најблиски роднини и пријатели“, вели Ковачев и потенцира дека „политичарите во Македонија имаат одговорност и обвини за застојот на европскиот пат, за кој вели дека не е резултат на бугарската политика, туку на одбивањето на дел од политичарите во Македонија да ги исполнат…

Read More

 Со помош на современи дигитални алатки, инспекторите од Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ) откриле нов случај на затајување данок, односно непријавени приходи во вредност од 3,1 милион евра кај градежна компанија и агенција за недвижности, додека официјално пријавениот бруто приход изнесувал само три евра, јави дописничката на МИА од Атина. Градежната компанија и агенцијата за недвижности се од Кикладските острови, пријавениот приход се однесувал на 2024 година, а случајот бил откриен по насочени вкрстени проверки и детална анализа, кога се утврдиле сериозни отстапувања во даночните пријави на двете компании, со очигледна намера за прикривање приходи. Поконкретно, како…

Read More